Сега почна и мене, до сега по некоја капка ако дојам на една па од другата ќе протечеше ама дека дојам често на саат ипол/два не знам дали да ставам прслук веќе … додека бев бремена купив два за доење сма тесни ми се ме нервираат кога ги пробав мислам неделава да нарачам на хака бубамариве / школкиве
Купи си нови прслучиња, јас не користев бубамари, ама се одвишок молзев и првиот месец 40 кеси собрав залиха.
Какви прслучиња зимате? Читав и дека од прслуче со жица знае да се запушуваат гради и грутки да се прават
Ако поминале грчевите, пиј си. После грчевите почнав се да си јадам и пијам. Ептен ако забележиш од нешто да има мака храна или пијалок, паузирај со тоа.
Девојки го пијам чајот на хип за доилки но приметувам дека наутро имам повеќе млеко, но на попладне како млекото да ми се намалува а бебе бара почесто да цица и станува нервозно. Сакам да го пробам и лактамикс. Дали е овој или има и некој друг?
Ова е се нормално на почетокот, да имаш повеќе млеко од сабајле а понатаму низ денот помалку, а бебе бара почесто да цица поради cluster feeding. Инаку не ги отвара сликите, ама имаш лактамикс во кесички, или за во чајник, на Good Nature, тој е еве тука ја даде сликата, тој е
Јас имам ко бебидолчиња од ХМ. Инаку пробај со продолжеточе ако ти е добра корпата. Во однос жица јас оддамна не носам такви но имам мали гради.
И јас земав два од Сара Фешн, ама тој модел со подебел ластик под градите ми е топ. Околу 700 денари беше, ако добро се сеќавам.