Значи не е само кај нас проблемов. Ама мојава плус и некако помалку мочка и тоа ми е исто на мисла а нудам града често некад и на саат ипол ама госпогицава сака да ми се кикоти место да цица, пробав и со шише молзено иста песна.
Со првото и јас мислев дека е крај на свет ако не направам залиха на млеко. Немав многу, макс 20 кесички, а и тие не ги искористив. Ставав нешто во јадење, многу фрлив. Сега собрав неколку ќеси со тие бубамарите на почетокот кога многу течеше и со маститиве кога морав да молзам повеќе. Ако сум била излезена и скокнала подој тогаш молзам, ама не вадам нешто многу со пумпава (никогаш не сум ни вадела). Немам пребројано, ама повеќе од 10 ќеси нема. Еве 5 месеци има, веќе и рок ќе им помине. Јас па ич не сум фан на тоа молзење за мрзнење, се прави хиперстимулација и после проблем.
Јас од крај на 4 скок па дури и на почеток во 5ти, од 5 сабајле до 8 бев буквална цуцла. Немаше никакви шанси да ја тргнам. И се помирив со тоа, па си спиев додека она си цуцаше сама престана , ама да не ве излажам доста траеше тој период, спремна бев за тренинзи и секакви чуда. исто тој период никако не сакаше да цуца легнати (обично заспивавме така), па стрикно на перница се доевме
Само се молам да не почне да се глупира да бара на перница место легнати, така во втор скок ми правеше
@dummy Обавезно, среќа не сум царски породена баш тука ме мава. @MariaBouli Јас вчера полудев, го оставив буден едно време. Мислам дека сме на крај од 4ти скок, 20та недела по термин е.
Јас кризи со млеко сум немала, а и ќеркава исто, секогаш бараше да цица. Со единствена разлика што во скоковите јас и бев цуцлата, само бараше близина па цело време беше на града. Во тој 4ти скок(не знам бебето во кој скок ти е) коса ми обеле од тоа висење на града требало не требало, така да мислам и кај вас е истиот случај, до скокот е, а не дека немаш млеко. Од течности пиј сок од јаболко, боза, чај. Немаш потреба да и даваш ад. Ако не напредува, во тој случај разговарај со педијатар. И клише советот, издржи. Јас повеќе бев будна тој период отколку што спиев. Од денешна перспектива ми е "смешно" ама тогаш мислев не се издржува, ептен беше тешко посебно тоа со доењето. Мојата па и кенкаше плачеше и да немаше причина. Ноќе беше лудница со тоа стани надој ја па заспивај ја.
се си бива Имам неколку пати така направено, ако ептен ја осетам дека е расонета ја оставам. Еднаш толку ми се спиеше што ја легнав до мене, гукаше, гукаше, и сама заспа кога виде дека не ја фермам инаку нас некако ни се споија 4 и 5, не осетив некој посебно мирен период меѓу двата искрено...
Здраво мајки, ме интересира искуство тие што имате по 2 дечиња. Првото го доев од ден 1 до 2 години. На почеток нормално имав многу предизвици. Градите камен, мастит за малку ќе фатев.Температура цела недела од надоаѓање на млеко. Па дури да ми се отпишат каналите, стискање, молзење, со пумпа под туш, облоги топли... Брадавиците лом разранети... Ама бев упорна после уживавме и двете како што кажав доев до 2 години. Само што ја одбив ќерка ми дознав дека сум трудна. Еве сега кај и да е треба да се породам па ме интересира искуство дали целиот овој хаос на почетокот што го имав со првото ќе биде малку полесен со второ. Као каналите би требало да се отпушени?. Млеко мислам не ни секнало скрос пред некое време стиснав ко да излезе некоја капка. Дали пак да очекувам температури, трески ? Како поминавте вие ?
На муабетот за неискористени замрзнати млека ископав најпозади во замрзнувач две ќеси од пред 3 год И јас не сум фан на мрзнење. Молзам ептен ретко ако има потреба и чувам макс 2 дена во фрижидер