Ќе помине многу е тешко на почеток, ниту ти знаеш како да ја наместиш ниту она знае да фате правилно. Јас на почеток давав со силиконски ама и ги вадев и на сред цицање лесно се одвикна, е сега овде кај некои тешко се одвикнувале од силиконска зависи. Биди упорна боли многу знам како е, кај нас после вториот месец веќе беше многу полесно. Чај пијам лакта микс можеш до литро на ден, јас пијам една две чаши на ден. Пјам и таблети лактил.
Мамички, уште еднаш благодарам за советите, за малку ќе се залетав ќе купував силиконски брадавици, среќа што го има форумов. Ставав подебел слој ланолин после доење и седев така колку можам, за неколку дена зараснаа рагадите, уште многу малку целосно да заздрават, но не е како што беше. Имам сега и млеко, преминавме на доење, не давам ад, малата супер напредува, денеска бевме на прв преглед. Дали е нормално кога ќе ја фати брадавицата да боли, дури во глава ме мава болката моментална, кога ќе ја фати брадавицата. Дали не сум поставена убаво при доење, па затоа боли.
Мене ме болеше некој период на почетокот, сега веќе воопшто (4 месеци сме). Не знам кога точно престана ама нешто пред два месеци да направиме беше мислам.
Жени, ја дојам малата, често бара да цица. На саат ипол бара да цица, немаме проблем со тоа. Имам електрична пумпа на авент, дали може да се измолзувам еднаш во денот или по потреба кога одиме некаде, кога треба да ја оставам на чување да има млеко за во шише. Да не си направам некаков проблем.
Здраво, ве молам за совет за откажување од силиконски. Бебето се роди со мала родилна тежина и некако ич не можеше да фати града, а млеко почна да ми надоаѓа уште од втор ден и уште во болница ми дадоа да пробам со силиконска и со силиконска одма си фати. Заради тежината првите денови не ми се ризикуваше и одма почнав исклучиво со силиконска да го дојам. Сега почнав да пробувам да ја тргам, ама многу тешко ми оди, еднаш само ќе повлече и одма се трга и почнува да плаче. Пробав на сред подој да ја тргам или ноќе кога е попоспан ама безуспешно.
Еднаш дневно нема да направи проблем немај гајле. Неколку пати спомнав на форумов мене ептен ми се наоѓа школата од хака, додека дојам си ја ставам на другата града и си собирам млекце пто тече плус со вакум од утринските подои од секој собирам 30-40мл и дневно си замрзнувам залихи за кога излагам да имам да не мора тогаш да трчам да молзам
Ја порачав сега, мислам дека ќе ми врши работа и школката. Кога дојам ми истекува млеко од другата дојка, барем да се собира.
Laktamiks caj pij po 2-4 solji na den zavisi kolku mozes, jas pijam 2 solji laktamiks i laktil pijam kapsuli sabajle i vecer po 1 bradavicite ke im treba vreme da zazdravat i ke te boli sigurno use 2 nedeli... mackaj lanolin i rilastil eap gel kupi si Ja pijam i serapeptaze poso mi se oteceni gradite i lecitin
Мнооогу ми се наоѓа. Пумпањето ми зима време па стерилизирај па чисти па претурај. Ова е истовремено со доењето ќе видиш колку ќе ти врши работа
Жени дајте ум. Малово ми е година дена. Цица сеуште сабајле по будењето и навечер за заспивање и во тек на ноќта. Последниве неколку дена одбива да цица пред спиење и ако се разбуди во тек на ноќта знае да одбие. Еве сношти пример за спиење кога пробав да го наместам почна да плаче, заспа со цуцлата. Во тек на ноќта два пати одби два пати цицаше. Некако не ми е план да го одбивам допрва треба градинка да оди мислев зимава да се доиме уште, ама вака ако продолжи не знам со млеко како ќе бидам. Чаре?
Какво искуство имате со враќање на работа? 8 саати ако не се измолзувам има шанси само да престане млекото ?
Ако продолжи да цица после работа нема да престане млекото, градите само ќе се навикнат на новата ситуација. На почетокот ќе ти биде потешко дури се навикнат градите првите неколку дена, може ќе треба да измолзиш колку да ти олесни. Мојата е година и пет месеци и веќе четири месеци цица само навечер за пред спиење и се е ок.
Веќе не, на почетокот само за да ми олесни се одмолзував по малку првите неколку дена. Ако не планираш да цица преку ден паметно е да не се одмолзуваш скроз за да не ги збуниш градите, освен ако не планираш да правиш залихи.
Може ли да пратиш слика, линк било што да видам за каква школка станува збор. И мене доста ми тече другата града за време на доење, јас го оставам така да си тече, не го измолзувам
Девојки втор месец исклучиво го дојам малиот и до сега немав проблем со градите. Но од вчера едната ме боли скроз долниот дел, не е од запуштен канал, нема грутки, нема отоци, ја измолзав, измасирав, но сеуште боли. Не знам како да ја карактеризирам болката. Како на пример кога би спиеле лошо на дојка, или да е падната на стрна па така боли на допир и стискање. Баш се загрижив да не е нешто сериозно или тоа маститис (незнам како изгледа). Молам за совет што да правам А може ли да е од спиење, сум заспала на грб и дојките де лево де десно фатиле кривина па се разбудив со така болни гради но тоа помина мислам незнам
Еве линкче https://haakaa.mk/product/silikonska-skolka/ провери на брадавицата да не имаш бело топче? И мене ми се случи исто околу 40дена немав грутки ама болна ми беше градата и топла на допир со бело топче на брадавицата мало / запушено каналче
Здраво мајки, Ве молам за искуство. Бебето за една недела ќе прави 2 месеци. Ме интересира вашите бебиња на таа возраст колку пати во денот цицаат и колку дого ( минути)? Дали е во ред да цица на саат, саат ипол ама да цица по 1-2 минути, максимум 3 минути