Маж ми ми вика еј сега на одмор безвезе на спална тројцата … никој од нас нема да е наспиен викам дечко добредојде во мојот свет ја 2ипол месеци не сум наспана асално (дека он си спие во дневна) вика сј може сеа на море ќе спие повеќе ќе сврзува ај викам може
И ние одиме на море за една недела и истата надеж ја имам како маж ти Ние сите заедно на спална спиеме и дома ама мм не ја слуша воопшто.. додуша она ретко кога заплакува, јас се будам уште пред да дојде до тоа.
Исто и кај мене мм не ја ни осеќа, ретко знае само во полу сон да ми каже “Мислам дека сака да цица” а јас веќе сум и дала али место да спие и текнало да си гуга
Мојата никогаш не плаче навечер кога беше ептен мала првите недели можда. Сега само се размрдува цела и со устичката прави звук нежно како за цицање маче паметно на мама Ама маж ми спие ептен кревко и одма се буди на било кој покрет затоа се пресели во дневна и ме остави сама во спална со бебка. Сега на одмор порачав и baby cot во хотелов па да водиме дали ќе сака да си спие сама или ќе мора со нас . Ќе дадам апдејт за две недели кога ќе отидеме
14 месеци е и уште се буди за млеко. Нема сврзано повеќе од 5 саати никогаш, за цела ноќ ич да не зборам. Се откажав јас од спиење. Тоа е, такво е детето.
И мојава не плаче ептен ако отидам да мочам пред да ја дојам и ме осети. Иначе грофта како прасе и со рачето во празно фаќа а со главата нурка надоле бара кај и е цицето
Кај мене тој периодот 2-3 месеци мегу втор и трет скок беше супер, некогаш само еднаш стануваше, максимум два а неколку дена врза и цела ноќ без да стане. После дојде трет скок па регресија и четврти и почна да станува повеќе
Во последно кога заспива кон 7 и пол 8 навечер, врзува до 5 часа максимум, па потоа пак на 3 часа се буди. Прво мислев да не го оставам да спие 5 часа без да е јаден, ама си викам ќе се разбуди ако е гладен. Денес некако не е во форма, плачи цел ден и спие како на игли, со едно око отворено, ми е страв да проверам да не е некој скок во најава
И мојава се будеше 1 само ноќе, и тоа многу рано почна да врзува по повеќе саати. Ама затоа сега во 4 скок се буди бетер од новороденче, на 3 саати. И не е секогаш за цицање, некогаш и така свежа ќе стане во сред ноќ па ќе гуга. А јас се надевав дека со овој скок ќе и се среди спиењето преку ден, дека ќе врзува циклуси веќе и ќе спие повеќе од 15мин. Всушност таа си го расипа и ноќното спиење. Преморена сум ептен, барем ноќе спиев и одмарав за да имам сила за нишкање преку ден.
Какви три саати, на саат ипол максимум ми станува после првото станување среќа па до првото станување врзува по 5-6 саати. И кај нас има станувања онака да си гуга, пред некој ден дури и запна мм дс го разбуди да му гуга и да му се смее, па си заспа после. Ако ти е за утеха денските дремки почнаа да се средуваат кај нас деновиве (за неколку дена полни 5 месеци) па се надевам ќе се стабилизира и ноќното спиење
Па дали е 5ипол или 6 не прави некоја огромна разлика. Јас првото така почнав накај 5ипол. Секако на почеток се само пробувања вкусови тоа нема да е цел оброк. Се дава по неколку лажички за да се навикнува и желудникот. Ако ти е мерак можеш ете од 5ипол. Некои почнуваат порано ама тоа само со педијатар.
Моево дали 3, 4 пати има врзано 5-6 саати а сега 5 месеци направи. Еве вечерва од 3:30 се разбуди и не му се спие више, во 8 ди легна. Како вампири сме, не знам како функционирам.
Па не е за мерак туку стварно не знам кога е правилно дали со влегување во шести месец или од како ќе заврши шести. Немаме проблем со цицањето нормално си крева килажа. Кај еден педијатар ми рекоа можеш од четири ипол да даваш може полесно ќе кака оти имаме проблем, а на друг ми рекоа може да си цица до шест, а може ако сакаш да почнеш од пет - пет ипол да даваш вкусови. Ќе ја дојам до влегување во шести месец па ќе почнам со вкусови.
Нема правило, едино дека после 6 месеци не им е доволно да се на ексклузивно доење, па по некоја логика тоа време веќе треба да има бар еден немлечен оброк. Јас бев на истата мисла и сепак се одлучив да почнам на влез на 5ти (по добиени препораки и од матичен педијатар и од Систина). Мојата одлука беше бидејќи ќе морам рано да ја пуштам во градинка па на време да и бидат воведени сите намирници. Дополнително приметувам дека не ја држи млекото од што е преактивна и нагло расте а јадам ептен обилно апетитов ми е на максимум. Се уште немам ни циклус добиено.
Мојата е во четврт скок па навечер и по четири -пет пати се буди за цице ама мислам дека во скоков тоа е нормално. Ќе видам како ќе биде ама на влез во шести сигурно ќе почнеме. За апетит не кажувај нон стоп сум гладна, а одвај чекам да ослабам малку ама џабе нон стоп ми се јаде нешто Циклус добив на 46 ден од пораѓај кај мене брзо дојде
Јас сум среќна што не се дебелеам на тоа гнетење, за слабеење ќе почекам малце хах стварно исцрпува доењево и троши енергија очигледно
Од кога ќе влезе во шести, ако чекаш да помине 6ти ќе стигните во 7ми. Јас планирам на денот кога ќе полни 6 да почниме со пробување.
Денес истово и го кажував на мајка ми … си јадам се дури и повеќе од било кога а не се дебелеам … посреќна не сум била во однос на форма и килажа а породенс пред 2ипол месеци. Бебка цица се и си расте супер … нека потрае. Иначе за воведувањево намирници … јас почнав да гледам столчиња за хранење да сум спремна не вњрувам дека ќе издржиме повеќе од 5ипол месеци само на млеко многу е жива и мрда триста на саат цица на 2 /2ипол саати како да не видела
На мојата доенечка приказна изгледа ќе и дојде брзо крајот. Никако да поминеме цел ден само со цицање. Нема шанси под две формули плус да сме а некогаш и повеќе. Денес ноќеска што ја доев и сабајле и после тоа нејќеше ништо живо. Се трга небаре кисела краставичка и давам. Се измолзев едвај 80мл извадив. Не ми се ни полнат ко порано. Овој месец ми се погоди со многу стресови дома к изгледа тоа имаше најдолем удел на намалувањево. Ем ме болат јајници ко овулација значи веројатно ќе добијам. Пд една страна криво ми е од друга олеснување зашо овие последни недела дена ептен ептен маки со тоа цицањето, вриштење пиштење нервози. Ова не е здраво ни за мене ни за бебе. Јас ќе нудам ако ништо друго барем 2-3 подои да има, ако не да сме ѓиви и здрави. Бебе е уште малку 3 месеци.