Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.921
    Допаѓања:
    3.850
    Пол:
    Женски
    Немој да се откажуваш скроз ;( и еден и два подои колку толку нема потреба да се форсираш ама колку млекце има толку давај и го макар и молзено. 100мл е птприлика доволно за нашиве по возраст по оброк
     
    На cocopuff му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    1.694
    Пол:
    Женски
    Исто планирам и јас. Здравје имам уште време се надевам нема да има потреба да почнам порано.
     
    На naturally и Baby warrior им се допаѓа ова.
  3. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    1.277
    Пол:
    Женски
    Иначе да добро ти одговориле другите членки. Ако планираш да оди во градинка од пример 9-10 месеци, може е добро и од полни 5 да се почне. Особено што по градинки кашите се со кравјо млеко. Мене синчето ми тргна на година ипол па кравјо млеко му дадов прв пат на година и 3-4 месеци.
    Малава здравје исто планирам после година и некој месец да почне.
    Ама ако почнуваше со завршување на породилното ќе почнев порано со вкусови.

    Инаку стварно не праи ептен разлика 2 недели пример плус минус.
     
    На LeNora му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    1.277
    Пол:
    Женски
    Не се откажувам но не можам ни да си ставам при срце ко крај на светот. Не уживам во ваквото доење. Ниту уживав со првото да бидам искрена. Го доев пошо можев, најздраво е и најефикасно некако. Еве денес снема струја 5 саати паника како ќе и направам формула.
    Како ќе биде така, go with the flow.
     
    На Aschenputtel, EnaEnA30 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  5. Bettina23

    Bettina23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2023
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    3.089
    Пол:
    Женски

    8ипол месеци е се буди по 4-5 пати во текот на ноќта.Заспива кај 21h во 07h е будна.
    Првото дете ми сврзуваше цела ноќ на 3месеци..
    Сега се навикнав без спиење,секое дете различно
     
    На Baby warrior и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  6. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да продолжиш измолзувај се тогаш кога не сака да цица па ќе и даваш измолзено. Пробај и со power pumping ке се зголеми количината макар и 80мл не е малко. Кај мене имаше ефект, само упорност
     
    На cocopuff и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  7. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    1.694
    Пол:
    Женски
    Имаме семеен бизнис, па не планирам да ја оставам рано во градинка. Не пред две години. Можам да се организирам со работата тоа не ми е проблем тоа. Ако оди како што треба ќе почнам на шест месеци ако гледам дека не ја држи доволно ќе почнам и порано. Секако се само по неколку лажички на ден дури да проба вкусови.
     
    На cocopuff и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  8. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    611
    Пол:
    Женски
    И јас сум исто ко тебе. Вчера беше супер цел ден цицаше, саботата со 3 формули ја истеравме и цицање на молење. Вчера ко ништо да не било, цицаше цел ден, сабајлево пак со молење плачки, ја вратив силиконската, цица по 10 минути и цел ден ми е на града зошто не се дојадува. Морав да излезам со него нешто да завршам и не ми беше изводливо да го дојам на 30мин, му дадов пак формула. 2 саати мир беше, па јово на ново. Искрено, доењето е супер додека мајката е супер, ако продолжи вака, мене ова нервозна ме прави, нездраво е за двајцата таа нервоза. Да, неспорно дека е најздраво и дека е супер храна ама не по секоја цена. На крајот на денот е важно да е бебето најадено, расположено и да уживаме. Ич не паѓам на тој mom shaming за жени што не дојат. Секој си знае за своето дете што е најдобро. За мене е да има здрава и среќна мајка. Ние викендов ќе шетаме, до тогаш ќе се трудам, ако не бива, формула е исто така супер опција. 2.5 месеци сме на ексклузивно доење, сакав барем 6 месеци ама како биде, така.
     
    На GirldD123, cocopuff, dummy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.921
    Допаѓања:
    3.850
    Пол:
    Женски
    Исто истооо… еве ја сега се изнаплака и заспа гладна … ја па немам ни формула упорна дојам пошто вакви глупости ми прави еднаш на неколку дена :~: ама вриштење филм
     
  10. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    611
    Пол:
    Женски
    Баш зборев со мајка ми и се жалам што се случува и ми вика ако продолжи нервоза да ти прави да го прекинеш доењето. Најнепреболено нешто неа и е што не ме префрлила на адаптирано. Вика подлегнав во тоа време да “не те трујам со прашоци” и ќе те ставам на града ти плачеш, јас плачам. Цела прва година твоја ми е останата во сеќавање колку ми беше трауматично доењето. Наместо да уживам со тебе, јас се измачував за да си доено бебе. И на крај пак секое одење во градинка, болна беше. Барем фајда да имаше.

    Не сакам со ова да обескуражам ама баш дури и тешко ми падна што не успеала да ужива во сите убавини што се случувало заради притисокот што си го наметнала. Такашто не сакам и јас да се сеќавам на овие моменти, кога има мал милион други преубави. Иако ќе дадам шанса да видиме дали ќе биде подобро.
     
    На Baby warrior и dummy им се допаѓа ова.
  11. Hippie

    Hippie Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    И јас да се надоврзам на муабетот. И мене ми е многу стресно доењето, плаче нс града не сака да цица, па ке поцица малку и ќе ги поврати млекото и се така во круг. И се си велам готово ќе се префрлеме на АД не можам веќе и уште терам со цицање ама јас си знам како ми е… плачам јас и бебе. Со првото се измолзував и така и давав, но сега пробав ама многу ми сега наппрно. Многу ми е крво што не уживам во доењето… плачам секој ден… ни бебе погодено ни јас… некој кога ќе рече уживам во доењето се изнервирам, зошто јас не можам да уживам…
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.593
    Допаѓања:
    184.966
    Пол:
    Женски
    Кога имаш позахтевно бебе, недостаток на сон, трпиш за мочање, гладна си, бебе плаче, нормално дека се ќе те фрустрира, па и доењето. И не си ставај таков притисок дека мора/треба да уживаш во него. Јас сум хард кор поддржувач на доење, ама не уживам нешто посебно во чинот. Знам дека е најдобрата храна за бебето и дека доењето е начин моето бебе да го добие најдоброто. Толку.

    Бебињата плачат. За се и сешто. За нив се е многу страшно и несигурно. На некои бебиња им треба поголем комфорт да се опуштат. Си го галиш ли бебето? Си го гушкаш? Си го доиш? Си го сакаш? Веќе го правиш најдоброто и си супер мајка. Плачеш оти е тешко? Фрустрирана си? Супер. Човек си. Сите чувства се нормални и валидни. Растење и грижа за деца е тешко и напорно. И преубав благослов исто така. И можеш да си среќна што го имаш и фрустрирана и уморна во исто време. Едното не го исклучува другото. Не секогаш ќе уживаш во се. Не секогаш ќе бидеш расположена и да си играш со нив и да им пееш или читаш приказна. Ама пак ќе го правиш тоа. Оти си мајка. Тогаш зошто би се откажала од нешто толку битно како доењето?

    Растењето деца е тешко и фрустрира. Кошта многу дискомфорт. Мора да наоѓаме копинг механизам за тешките периоди. Не е доењето криво за нашите фрустрации, туку како ние се носиме со ситуција во која можеби не се снаоѓаме најдобро. И не важи тоа само за доењето. Во животот честопати знае да е тешко затоа тешките ситуации не се заметуваат под тепих, туку учиме како да поминеме низ нив. Растењето здрави деца е стресно и некомфортно. Многу станувања ноќе, некогаш мачно доење, скратено време на себе, кафе од на нога и откако ќе излади, стрес, фрустрации.. додај по желба.. Ама тоа е и сосем нормален тек.

    Не си ставај на душа што не уживаш во доењето. Не мора да уживаш. Доењето сфати го како процес на исхрана. Се трудиш толку многу да му ја овозможиш најдобрата храна на твоето бебе, се грижиш дали е најадено. Веќе правиш доволно.
     
    На Erika.greeneyes, thinkerbell, Cherry333 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Hippie

    Hippie Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Многу убаво кажано. Во право си. Вака ми треба некогаш да ми каже некој за да продолжам да не се откажувам…
     
    На Viktorijaaa5, Трагедијаупмм и Yowannty им се допаѓа ова.
  14. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    611
    Пол:
    Женски
    Agree to disagree.

    Се сложувам за многу поенти, но, има моменти и за коишто не се сложувам.

    Апсолутно е точно дека многу од работите се тешки, дека има моменти во кои очајно ти треба време од 5 минути да здивнеш, дека многу често они плачат, ти уморен, нервозен ќе се изнервираш уште толку па после се нервираш што си нервозен зошто му треба само комфорт а ти не секогаш си спремен да го пружиш. Човек си. Никој од нас не е совршен родител. Секој ќе згреши, честопати и од желба да направиш сѐ како што треба.

    Меѓутоа, доењето не е толку едноставно како што го претставуваш. Кај некои жени е тоа многу природен момент, кај мене на почетокот така бидна, самиот во болница ко глувче фати града и немавме некои особени проблеми. Но, како психички делува е и научно поткрепено кај голем процент жени. Патем, пролактинот кој се излачува во одредени организми го “блокира” допаминот и кај голем дел од жени со пост-породилна депресија се воочило дека зголемениот пролактин е на некој начин тригер за истата. Не мислам дека во ситуации кога станува веќе збор за психолошки пад кај мајката е “супер храна”. Да не заборавиме дека при доењето сите емоции коишто ги чувствуваме ги пренесуваме и на бебето. И сепак е 2025та година, самите формули се навистина многу подобрени од пред 30 години и се достојна замена ако доењето е нешто што е тегоба за мајката.

    И да, многу од работите што секојдневно ги правиме од што “мораме” иако не уживаме не ни го пореметуваат хормоналниот баланс во телото.
     
    На Aschenputtel и cocopuff им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.593
    Допаѓања:
    184.966
    Пол:
    Женски
    @EnaEnA30 доењето почесто е многу повеќе комплицирано отколку едноставно. Доаѓа со раскрвавени брадавици, рагади, болка, маститиси, со контактно спиење, со пумпање на час. Не е ниту ефтино. Прслуци за доење, марами, соодветна облека за доење, тон креми за брадавици, разни чаеви/таблети за лактација, консултации, рецепти базирани на овес.. полноќни грицки и благца што те одржуваат во живот. :)

    Си читала не си разбрала. Пролактинот не го блокира допаминот. Пролактинот игра круцијална улога во стимулирање млеко. Тој останува висок цело време додека се дои, затоа што го одржува телото во „режим на производство на млеко“ и буквално го менува начинот на кој работи нашиот мозок.

    Го пренасочува нашиот мозок за да ја зголеми мајчината чувствителност и реакција на нашето бебе. Додека пак, естрогенот и прогестеронот остануваат ниски, што влијае на нашето расположение, емоции, па дури и на навиките на спиење.
    Така што природно стануваме по емотивни и почувствителни на бебето.
    Тоа не е во нашата глава, тоа не се дешава “кај некои организми” туку тоа е биологија и поради таа биологија човечкиот род опстанал. :) Жените го менаџирале доењето милиони години пред нас, малце е смешно покрај сите ресурси што ги имаме денеска ние да не можеме.
    Доењето ја менува хемијата на нашиот мозок. Ги преобликува нервните патишта. Не држи во постпартален режим сè додека доиме и ги интензивира сите доживувања околу бебето.


    Искрено не ме интересира каква е формулата денеска. Ниедна лабараторија не може да направи ни приближна реплика на мајчиното млеко. Додека збориме за некој адаптиран прашак за кој постои огромен маркетинг и со совети за чија употреба буквално те испуштаат уште од родилиште иако во повеќето случаи не постои ни најмала потреба од истото ама ќе ти го “пуштат црвот” што би рекол нашиот народ, она што не се гледа во научни лабаратории е дека мајчино млеко успешно превенира бактерија да продолжи да расте, а научници денеска работат и на тоа како мајчиното млеко да се искористи во борбата против ракот. Затоа што е жива материја. Секоја капка мајчино млеко содржи живи клетки, матични клетки, минијатурни егзозоми кои играат исклучително важна улога во зреењето на имуниот систем, дигестивниот систем, кои носат “упатства за лекување” низ телото. Мајчиното млеко е толку моќно што ниедна лабараторија не може да го реплицира. Никогаш.

    Исто како и самата бременост и раѓање, така? Епа тоа некако е package deal. Каде доел или не, хормоните ќе ти бидат во дисбаланс следните година-две секако.
    Доењето е биологија, прашаците не постојат толку долго колку човечкиот род. Ако ти е тегоба, најди го и решавај го коренот, не го заметкувај симптомот. Таман работа ако правиме така при секој настанат проблем во животот. :) Право на секое бебе што доаѓа на овој свет, е да го добие најдоброто од најдоброто.

    И да, секако дека не мислам дека оние што не дојат се лоши мајки. Особено ми е криво за оние што се обидувале и не успеале. Поддршка недостасува како дома, а за жал нема доволно ниту лактациски експерти па жените често се оставени сами на себе. Ама и информираност фали. И секако, постојат и здравствени моменти каде мајката е оневозможена од Х причини да дои, апсолутно постојат ситуации каде не е изводливо некогаш и поради самото бебе и за тоа постои формулата.
    И да, доењето евентуално станува многу едноставно. :)
     
    На Erika.greeneyes, Noemi, thinkerbell и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.474
    Допаѓања:
    6.228
    Амин :l:.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    1.277
    Пол:
    Женски
    Сосема се согласувам и многу ми се допаѓа како размислуваш општо не за доењето само, за се што те имам прочитано.
    Но ја разбирам и Ена што сака да каже.
    Еве јас деновиве битка водам повеќе сама со себе отколку со бебе за доењето. Имам млеко ама некако не може да се наместиме не знам што е маката. Се беше ок до пред 10тина дена. Сега толку многу нервоза ми прави што попрво ќе се откажам него да продолжам зошто мислам ќе се полудам.
    Вистина е дека мајчиното млеко е најдобро и ниедна формула не може да го замени, тоа не е ни тема на муабет. И навистина е жално да имаш млеко, а да не можеш да доиш. Ама е жално и мајката да се осеќа ко лајно да ми простите пошо не може да ја оствари таа врска.
    Да, доењето постои милиони години, но не постоеле форуми и социјални мрежи што мозокот ти го пијат и ако нешто не ти е како што таму се претставува да се осеќаш дека нешто не си во ред, нешто правиш погрешно и сл. Најсериозно мислам сите проблеми во денешно време од ваков тип ете доење, раѓање, изглед, хепи фемили итн се доаѓа од таму.

    Јас не уживам во доењето како другарка ми што ми викаше дека било магично. Ич не ми е магично ама го правам пошо знам дека е најдобро. Не е мафично но ме фасцинира момемтот дека моето тело создава храна за роа мало бебуле. Дека цели 2 кила порасна само од тоа. Ок и малку формула.
    Пишав и пред некој ден дека сум на раб да се откажам ама ете не можам да пресечам и пак пробувам. Малку малку подобро од ич. Ете комбинирано нека е ако не бива поинаку. Детево ми фати сипаници, а малава не само ради доењето.

    На крај сакам да кажам дека е многу помачно доењето од што сум замислувала, вреди и е неспоредливо, но ок е и ако не се дои па макар и затоа што и влијае некако лошо на мајката. Се е ок, правете како што мислите дека е најдобро за вас.
    Не мора на никој да му се правдате за ништо ако вие сте си чисти пред себе. На крајот од денот важно е бебето да е најадено, а на Славица и е гајле како е тоа бебе најадено.
    Мајки закон сте сите :hug:
     
    На thinkerbell, Aschenputtel, LaTama и 6 други им се допаѓа ова.
  18. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    4.333
    Настинките во градинка се скроз нормални и “здрави” пошто така се гради имунитет. Не значи дека доените бебиња нема да се разболат никогаш, едноставно мајчиното млеко го намалува ризикот од многу болести , алергии и тн.
     
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.593
    Допаѓања:
    184.966
    Пол:
    Женски
    @cocopuff а со што не водиш битка со мало бебе? Кога имаш бебе, целото секојдневие се сведува на водење битки. Тогаш зошто толкава поддршка даваме на мајките да се откажат од најбитната битка - доењето? А толку малку има поддршка да се избори токму со истото?

    Знам дека мреживе, инфлуенсериве, компаниите за формула, преставуваат искривена реалност. И непопуларно мислење е, го пишав и погоре, растењето деца е многу дискомфорт. Многу вложување време и многу посветеност која не секогаш доаѓа од место на комфорт. Не е воопшто лесно. Станувањето ноќе по 100 пати не е лесно исто така. Плачењето и кенкањето на бебето автоматски ни качува кортизол. Ама ако ние така си се откажуваме од се кога бебето плаче кај ќе ни биде крајот. Утре кога ќе акне глава детето од некој ќош, не го фрлаш мебелот. Туку го заштитуваш. Така и со доењето. Особено ако ги знаеш бенефитите од истото. Пробуваш да најдеш што е проблемот и работиш на него за да го решиш, а не го решаваш бебето од бенефитите на мајчиното млеко.

    Денеска при толку информации живееме во свет кој само не турка назад. Прво оние што ти се најблиски и не успеале, те убедуваат да дадеш шише. Не ни знаат ништо околу бенефити и такви работи, не се снашле ни самите, па не мораш ни ти. Потоа бомбардирањето со маркетинг за формула. Уште во родилиште непотребни совети за дохрана. Системот во кој живееме не се грижи за нашето бебе. Шише може било кој да му даде. Па секоја мајка може да се врати и порано на работа. Се прекинува конекцијата. Не е научна фантастика. Реалност е. Ја живееме.

    Студии се правени во племиња во Африка, кај што жените се живи неухранети, а млекото сепак содржи се потребно за правилен раст и развој на доенчето. Во светов постојат лактациски клиники, каде мајки што посвојуваат одат и со нивна помош стимулираат млеко за да си го дојат своето посвоено бебе, ние гушкаме и тапшаме по рамо оти е сосем ок да не се дои оти ти преставува некаков дискомфорт. Њус флеш, одгледувањето деца не е воопшто комфортно. Мора да се помине одреден некомфорт, за да се стаса до комфортот. Евентуално целото вложување во децата се исплати подоцна.

    Во тема за доење сме. И секогаш кога ќе можам ќе поддржам мајка што сака да дои. Особено со второто бев на раб на откажување милион пати, знам дека може да е мачно, непријатно и болно, па така знам дека и таа фаза поминува. Знам дека многу не се сложуваат со моите ставови, ама couldn’t care less. Секој со своите одлуки. Јас сум тука да ги поддржам сите што имаат тежок почеток. Ако успеат да најдат поддршка за да го истуркаат периодот супер. Ако не успеат, пак супер. Сте пробале, сте биле упорни, сте дале се од себе тоа е најбитно. Не одело, нема што да се обвинувате. Живот иде даље. :)
     
    На thinkerbell, Liza38, happygirl и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    9.012
    Каков дискомфорт, тортура е бе ова.:D
    Не смееш да легнеш, ако легнеш имаш будење на саат, некад и помалку. Не можеш да се избањаш, да се измочаш, ти сакаш да го најадеш тоа фрла, сакаш спреј да му ставиш те клоца, не можеш да јадеш - или брзаш или јадеш остатоци, кафето ти е вечно истурено или оладено, а кога си со две тортурава е х2. Стресот за болести и настинки е некст левел, повреди и остали дешавки исто, ко со струја да те дрмаат ама забодена во бут.:D

    Еден другар без деца не тераше да сме иделе за Малдиви со двеве деца, патем се 3 години и 7 месеци бебе, многу ми беше смешно и трагично, дента не можев до вц да идам од нив.(facepalm)
    ПС Моментално пробувам да го успијам со цицање, он додека цица пробува да лази. Комфорт.^_^
     
    На Yowannty, Noemi, Трагедијаупмм и 4 други им се допаѓа ова.