Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Женски
    Јас сум од тие што дојат без некоја потешкотија, ни со разранети брадавици ни со преголема лактација, маститис итн ама ми станува проблем доењето навечер. Затоа ме интересираат искуства на темата будење навечер кај доенчиња, дали стварно помалку ви стануваат бебињата ако не се успиваат со цицање? Некако се повеќе и повеќе станува како прогресираат скокови, регресии па верувам и со заби вадење уште повеќе. На мисла сум дали да пробувам наскоро да ја успивам поинаку дали ќе има фајде за да не сум зомби што станува на саат ипол ама многу тешко оди секој обид без цице…
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    1.277
    Пол:
    Женски
    @Yowannty се согласувам не дека не. Деф е повеќе дискомфорт од комфорт, се прашувам дали некогаш ќе се прашам јас прва што сакам пред децата. Веројатно никогаш повеќе и ок сум со тоа. Го доев првото исто со еден куп предизвоци па не напредуваше, па рефлукс имаше, па слабо ми било млекото, па не знам што. Па пак го доев. Ќе ја дојам и ќерка ми колку можам толку.
    Да, нема ништо подобро за бебето од мајчиното млеко и не само од млекото како течност туку целиот тој процес на доење и таа врска што е двонасочнс. Се согласувам дека една мајка треба да даде се од себе.
    Но не секогаш е само дискомфорт па ај ќе се откажеме. Некои работи се подлабоки и ок е ако некој едноставно не може да продолжи. Не е крај на светот.
     
    На Katie90 и Yowannty им се допаѓа ова.
  3. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    1.063
    Пол:
    Женски
    Истата мисла ја имам. Мојата и не е тешка за заспивање без цице, ама јас сум тешка да се одлучам. Некако мн ми е убаво тоа ноќното заспивање со цице, ќе си ја гушнам, ќе си цуцка и ќе заспие... Ама ако е решение за помалце да се буди, ќе морам да пробам :D

    П.С. го пишувам ова додека заспива на цице :lol:
     
    На 1RedLipss и dummy им се допаѓа ова.
  4. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Женски
    И мене ми е преубаво со цице кога ја успивам особено дека ја гледам инстантно како се смирува, очите како дрога да примила :rofl: И дење и ноќе само со цице бара да заспива. Во количка по саат време треба да ја возам инаку или во раце да ја нишкам ама цела се опира се тегне и нурка во рамото ми го бара цицето… Не знам на мисла сум дали да чекам или да пробам да и менувам за да не бара толку ноќе да цица. Се изначитав дека демек ако така заспива само така ќе сака да презаспие и нема да знае сама, ама па до трет месец едвај два пати ќе станеше ноќе некад еднаш ептен од глад а сега друга приказна ;(
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    4.495
    Пол:
    Женски
    Пробај ставај ја на креветче, да си спие да може вие двајца да се вратите во нормала да не сте оделени. Оделувај го подојот од спиењето, да не и биде заспивањето на града. Навистина се е навика. Еве ја спие од старт во креветче. Прво свиткана кога беше помала, се буди ранам заспивам, тоа било по еден сат заспивањето пишував овде ама чим заспие одма во креветче.После секоја рутина навечер и во креветче заспивање. Сега си спие цела вечер скоро месец дена. За неколку дена сме 5 месеци. И во охрид мислев нешто дане и влијае дека транспортно, ама исто све како дома рутина и спиење до сабајле. Ние надвор пред апартман пиевме вино и јадевме чипс. Некогаш и навечер ако имаш измолзено нека стане нека даде он, одмори душа одспиј. Јас сум идела во др соба да спијам зошто мн ми било стресно кога ржеше навечер или се вртеше.
     
  6. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    329
    Пол:
    Женски
    Ние преку ден и навечер во 10% од случаите само со цице заспива значи ретко и пак станува ноќе често и презаспива само со цице… А многу ми се спие ноќе за да пробам да нишкам упорно а она да плаче
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    1.063
    Пол:
    Женски
    Е денски не ми заспива со цице, се случува некогаш ептен ако и се поклопат термините за јадење и спиење, ама генерално не, амааа мора со гушкање и пеење, успеав да ја одучам да не морам да стојам и да нишкам, сега сме во фаза каде седам на клацкалка, пејам и ја тапкам по газ па така заспива :D Ама за вечерното спиење се канам мн време да правам нешто ама не можам. Додуша од синоќа се решив да и давам на секое будење цице, туку само на тоа во 5, па така вчера кога стана во 2 ја нишкав, не сакаше да завлече и ја гушнав си легнав демек со намера да заспие и да ја вратам, па се разбудив за саат време уште гушнати :D Е сега дали е тоа подобро од тоа да и дадев цице не знам хахаха ама baby steps :D
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    4.333
    Лејди, многу е тешко да го одделиш доењето со спиењето. Ете моето цица ќе се тргне заспан или нема да се тргне ама осеќам дека е заспан па ќе му ја извадам градата од уста. Има денови кога не заспива со цицање па тогаш мора да е нишкање, нема шанси да го ставам во креветче и да го тапкам по газето пошто ќе плаче буден. Со формула е подруго пошто ќе ја нараниш така легната, е со доењево мора да ја кренеш и пак успешно да ја вратиш:D.
    Се надевам кога ќе почне со цврста храна ќе заспива и без доење па ќе ми одморат градиве:D.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    4.495
    Пол:
    Женски
    Не и јас ја земав од кревет дури ја пресоблекував (знаеше и да ми се искака (facepalm)) , додека ја хранев се засркнуваше па ќе правиме паузи. Па да ждригне, па ја држев исправено дека ми повраќаше и ќе задреме додека ја држам сиротата некогаш дека уморна, и кога ќе ја ставам во креветче ќе отвори очи пак одново земи ја тоа било може сат ипол до следно спиење еден прозор на будност буквално. Све ми е јасно и ве разбирам мене со шушкање и во рака исто како за доење свртена со цуцлето и ќе ја нишкам па ќе се зашемети па полу заспана во креветче па пак нишкај креветчето. Шшкај.Така ми заспива, не е лесно ама упорност. Преку ден додека врзуваше добро, после се будеше на 35-45-50 зависи и пак ја презаспивав имаше по 6 дремки кратки ама ваажно не беше уморна сега сме на 3-4 зависи од ден. Ама навечер спие, сега и да се разбуди више не нудам млеко, одма пробувам да се презаспие. До сега еве месец дена се нема разбудено ниеднаш навечер.
    Заспивањето така ти е може полесно те разбирам ама па проблем прави понатака. Мислам дека ги буди. Сум ја слушала и др гуднајт. Тоа и е прв совет за добар сон навечер да се одели хранење и заспивање колку порано толку подобро. Пробај кога ќе заврши со цицањето, сокри града додека е зашеметено од јадење и нуди цуцле. Макар и да се помачиш да ја заспиеш, неколку дена по ред и ќе научи. Јас еден период дека ми заспиваше во храење, сменив прво хранење па бањање па масажа па заспивање. Иначе прво бањав, па после све др. Комбинации хаха :lol:
     
  10. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    4.333
    Кај мене е проблем што не сака цуцла, па често цуцлата сум јас. Инаку, навечер не секогаш презаспива со цицање некогаш е доволно само да го свртам на страна и ќе си продолжи. Имаше период пред 2-3 недели од неколку дена, спиеше по цела ноќ без ниту едно будење8-|. Сега мислам 5ти скок го фати и толку од таа ужаванција:D.
    Па и реално, до кога ќе цицаат? Ајде ќе издржиме, јас стално си се надевам и тешам нешто:D.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.596
    Допаѓања:
    184.998
    Пол:
    Женски
    Апсолутно нема ништо подобро, а ни приближно добро. Се разбираме, јас само се надоврзав на твоето мислење. :)

    Иначе да. Апсолутно ќе дојде време да си ставаш одвреме навреме и твоја потреба пред нивните. Знам дека сега ти изгледа невозможно, ама тие само сега се толку мали и толку зависни од тебе. Никогаш пак нема да се толку мали. Никогаш пак нема да имаат потреба од твоето присуство, од цицката, од гушките, ден и ноќ, толку многу како сега. Иначе сите пукаме по шавови и не знаеме кај тераме некогаш. Можеш да ги сакаш твоите деца бесконечно многу и пак да ти е тешко и напорно секојдневието, едното не го исклучува другото.

    Мене во суштина ме нервира кога ќе речат дека се без идентитет. Не сте. Имате нов идентитет. Се пронаоѓате во новиот идентитет. Кога прв пат бев трудна една феминка ми пиша порака да ми честита и ми рече сега повеќе никогаш нема да си безгрижна. Колку само беше во право. Тоа е новиот идентитет и делува можеби страшно на почеток, ама сега си Мајка пред било што останато, било каде, пред било кого.
    И супер правите и тогаш и кога се сомневате, а особено тогаш. Можеби не доаѓа се заедно и одма, ама се си доаѓа во своето совршено време. Па така и сортирањето приоритети се менува. Ќе дојдат и твоите на ред. Сега е време за оние на бебето. :)
     
    На cocopuff, dummy и MariaBouli им се допаѓа ова.
  12. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Женски
    Исто и кај мене со цуцлата. Реков ај ќе пробувам пак со цуцла дека почна ептен непријатно да ги осеќам брадавициве по цела ноќ што ми ги шмата и завчера некако 2 пати презаспа со цуцла ама еве ноќеска неуспешно сите пати кога пробав
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    1.063
    Пол:
    Женски
    пробувај и преку ден, тогаш треба да е полесно, за да научи да заспива и со цуцла :)
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Женски
    Ах ова за безгрижноста стварно ми е најтешкиот дел од мајчинството, и неспиење и нишкање и доење се гола вода во споредба со тоа што веќе нема шанси да имам безгрижен момент. Самото тоа дека ова мало човече буквално зависи од мене ме прави да сум на постојан штрек дење ноќе (што верувам е исто кај сите). Викендов за прв пат ја оставивме двајцата со мм заспана и мајка ми да ја чува а ние на свадба, абе каква свадба мислите не ги тргнав од неа никако не можев да се опуштам едвај 2ипол саати поседовме. Ќе станува ваљда полесно како ќе расте и нема да и се сите потреби зависни од нас родителите…
     
    На Yowannty и MariaBouli им се допаѓа ова.
  15. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.594
    Допаѓања:
    8.615
    Пол:
    Женски
    Ретко давам комплименти, ама морам.
    Маж ти е среќен човек, а децата ти се благословени што те имаат тебе за мајка. Секоја чест. :hug:
     
    На Yowannty, dummy и MariaBouli им се допаѓа ова.
  16. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    570
    Пол:
    Женски
    Ко за беља па дење од што е поосвестена никако не ми прифаќа одма ја плука… ептен ноќе во полу сон ако ја начекам само
     
  17. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    1.063
    Пол:
    Женски
    Е ова! ОВА баш вака! И не разбирам што е толку лошо тој да ти биде идентитетот сега?
     
    На Yowannty и dummy им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.596
    Допаѓања:
    184.998
    Пол:
    Женски
    Не е лошо, само некогаш е тешко за процесирање. Тешко се излегува од комфортот во кој си бил претходно и обично почнуваш да сфаќаш колку било комфортно пред деца, откако ќе ги добиеш.
    Затоа што имаме различна динамика на живеење пред деца. Тешко паѓа, особено на тие што се навикнати на чести излегувања и дружења. Со мало бебе си изолиран. Особено на почеток и тоа некогаш е тешко за процесирање. Ако си прв со бебе во друштво исто така, не ретко губиш пријатели. Не те разбираат. Дури и кога ќе продолжиш да излегуваш, го немаш мирот како без деца. Седиш, пиеш кафе и разговараш и иако бебе спие мирно во количка до тебе, имаш константна потреба да го погледнуваш цело време. Дал си на кафе, дал си на свадба како погоре, на концерт, го немаш тој мир што си го имал претходно. Мислите не ти се во хармонија и немаме контрола над нив. И тоа паѓа некогаш многу тешко. Затоа често велам дајте време да легне новата реалност. Не си без идентитет, туку имаш нов. И овој е за цел живот. :)

    И јас мислам дека маж ми особено треба да е благодарен што ме има мене. :makeup: Се зезам. :D Фала ти. :f:
    На сите мажите треба да бидат благодарни што не имаат. Никогаш не се сомневајте во себе. Сите сме најдобрите верзии за своите деца. Никоја не е подобра од некоја друга, сите ги правиме истите работи и истите жртви кога ќе осамне ноќ, а и кога ќе зазори одново. Можеме да дискутираме на различни теми, да се сложиме или не. На крајот, никој не ги сака нашите деца повеќе од нас и никој не се грижи за нашите деца повеќе од нас. :hug:
     
    На cocopuff, Erika.greeneyes, MariaBouli и 5 други им се допаѓа ова.
  19. macence994

    macence994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    353
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки барам совет веќе незнам што да правам
    Веќе сме месец и една недела , доењево никако да го управиме ( породена со царски и покасно добив млеко , и во болница пиеше ад ) и за дома и купив ад и комбинираме со доење и ад млеко. Навечер цица додека спие и денски додека е така задремана ама кога е будна плаче за жива глава нејќе да цица дури нервозна е плаче т.е рика колку што може и нема да се смири додека не и дадам адаптирано а имам млеко значи . Знам дека е подобро да цица (првото до 1.5 го доев) ама многу се нервирам башка и од коментарите од страна немој ад никако воа тоа , ама и неможам да се измолзувам цело време имам и 6 год дете кое сега е прваче па и него му посветувам внимание и неможам да бидам со пумпата нонстоп
    Дали некоја мајка го има истиот проблем ?
     
  20. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.227
    Допаѓања:
    9.088
    Пол:
    Женски
    Јас го имав истиот проблем. Имав млеко, иако покасно дојде оти и јас царски, ама научен на шише и ад во болница и беше мрзлив.
    Исто како твоето, додека не добиеше ад не се смируваше. Џабе на цицка по пола саат. Кога имаше грчеви, немаше шанси да цица убаво, а рано му почнаа, добив јас циклус после 40 дена и тогаш ич нејќеше ни да повлече. Имав рачна пумпа, ама вадев по 50-60мл и искрено немав желба да се молзам по саат време.
    И се откажав и не ми беше гајле за коментарите. Од никој, оти прво бебе без помош од никој, јас толку можев. Битно ми беше да е најаден и јас одморена.
    Може не ти помогнав баш, ама ти кажувам дека не си сама со ваков проблем. Исто бев.
    Да имам второ, пак така ќе постапам. Ако не можеш и не оди, не се мачи. Имаш и дете за гледање.
     
    На EnaEnA30, Ladyme и macence994 им се допаѓа ова.