Баш, дете важно да не е гладно и нервозно и мајка да е добро. Ние што немаме млеко и растеме деца на Ад ништо не им фали. Фала му на бога и Тоа што го има. Исто се измолзував дете мало нема сила, со забрана ме пуштија на града да не ја ставам да не падне во килажа, па пумпај пумпај 10 мл 20 мл од двете гради. На неонатологија мислам ми го фрлаа последно, млекото во пост интензивна, една сестра ми рече што се мачиш ова не вреди да и давам да мешам пола ад и 10мл твое. И така се осетив лошо јас масирај се масирај за капка да падне во пумпата. Имам огромни длабоки стрии од пумпите и стискањето. И толку кренав раце, бебе зголеми апетит. Бебе ми е среќно најадено, јас уште посреќна.
Нормално дека ништо не им фали. Еве го 14 ипол месеци, до некна беше на Бебелан 3. Почнав сега со алпско, разредено давам, ноќе пие од навика 1 или 2 пати да презаспие. Си јаде 3 оброци и 2 ужинки. Ти си немала млеко, морало ад. Јас имав млеко, пак мораше ад. Кога не бива, тоа е. А да пумпам 1 саат за 50мл или цел ден на града да го држам, ама ич немав намера. Моја одлука и нема да се објаснувам на секој. Секоја нова мајка си знае како минувала на почетокот.
Абе доењето е најубаво и нема ништо приближно добро кога имаш млеко и доволно за повеќе од едно дете. Како да кажам, толку многу сакав да дојам и уште многу долго ќе тагувам зошто ете на некоја игра на природата моите гради толкав капацитет имаат и толку. Се трудев 11 недели, купив 3 различни скапи пумпи, изрентав јака болничка пумпа, бев на приватни консултации со лактациски консултанти, ставав на града, пумпав на секои 3 часа, давав дохрана, миев, стерилизирав. Проблеми со грутки, направив рани, порачав 4 различни големини на flanges, пиев чаеви, безалкохолно пиво, секој tips and tricks што го прочитав го пробав. А таа сака да цица, а јас немам. Ја мереа пред и после цицање кога 15мл, макс 30 мл исцицала. Без разлика дали пумпав на секој 1 час, на 3 или на 12 часа јас вадев макс 30мл. Ајде пумпата не е репер ама толку и таа цицаше. Околу мене ми велеа да се откажам а јас не можев да го прифатам фактот дека моето тело прво не можеше да ја роди (итен царски, лежење на интензивна) а сега не може да ја нахрани. Таа сака да цица, кога ја земам во раце да и дадам шише таа отвара уста и ме јаде за рака, бара, skin to to skin не можевме да имаме затоа што не лежи мирно на мене, рефлекс си е, си бара града. Во раце не можам да ја успијам затоа што плаче, бара, ја тргам и и давам цуцла или ја давам на татко и. Сега сама си заспива, во креветче си зјапа во thin air, си мижи и си заспива а мене срце ми се кине што не можам да ја земам во раце, да ја смирам (ретко плаче) и да ја успијам. Кога тие 30мл и беа доволни да се засити кога беше премногу мала и кога ќе заспиеше на цице со тоа устето со млекце што и тече ми беше најслаткото нешто на целиот свет. Си викав, ако, нека се и 30, само за да може да ги оддржам и тие 30 колку за комфорт, за утеха. Ама стана пренапорно. Буквално не се сеќавам ништо од тој период. Тоа е најтешкото нешто што сум го поминала во животот, дури и траумата што животите ни висеа на конец (низа компликации кај двете) ми се чини ја пребродев полесно. Кога почнав да се занесувам од преумореност сфатив дека мора да се откажам и премногу труд за ништо. Таа кутрата се мачи толку труд вложува затоа што имав краток let down и на крај сфатив дека сум себична и ова повеќе го правам за себе отколку за неа. Кога добив, знаев дека е крај, си ја ставив на града, си ја галев, си ја гледав, уживав и плачев. Хормоните се страшна работа. Сигурно уште многу долго ќе ми биде тригер кога ќе видам мајки во чекална, скрстени нозе, си дојат без проблем, или вакви постови а и не знам всушност која ми е поентата со постот ама еве си ја отворив душата да си олеснам и ако има некоја мајка што поминува низ истото може ќе види дека не е сама. Многу ми е тешко и чуствувам дека толку многу ни е одземено а пред да ја имам бев убедена дека не сакам и нема да дојам. Може не е паметно да влегувам во темава ама еве нека стои за некогаш во иднина да си прочитам.
@Nevermore од се што прочитав само бебе на града нема. А тоа е најбитното. Секој експерт ќе ти го каже тоа. Бебе цело време на града стимулира млеко. Мајки што не родиле, а посвоиле стимулирале млеко. Толку. Не е едноставно воопшто, ама е единственото успешно решение. Бебе сака да цица, стои на града и стимулира млеко. Никогаш ништо не пиев дополнително. Бебето ми беше на нео 8 дена цело време на шише, кога и да отидев да го видам само што јадело, не сакаше цицка. Ама знаев дека ќе дојам. Дојдовме дома и почнав. 12 недели борба. Секое доење беше тешко. Многу тешко фаќаше, цело време пушташе па пак одново. Се нервираше тој, се нервирав јас. Ама немав кој да ми рече да се откажам. Дохрана 0, иако на клиника беше на формула и шише. Жал ми е што си поминала низ тоа. Доењето е најбитниот процес после пораѓајот, некогаш и потешкиот од самиот пораѓај, за некои мајки и најубавиот. Жал ми е што никој не те седнал да ти каже колку си храбра што си родила царски. Животот на мене и моето второ бебе, а потоа и моето трето бебе висеше на конец исто така. Еве јас ти кажувам. Многу си храбра и имаш на што да си горда. И јас раѓав царски 3 пати. Иако многу сакав природно едноставно моето тело не соработуваше воопшто. Сами сме во странство и маж ми, тој ми е најголемата ѕвезда и поддршка. Тој сеуште ги користи моите царски да ме мотивира и секогаш кога паѓам психички ќе ми рече еј па ти 3 царски помина, 3 пати стомак ти отвараа за да ги родиш нашите деца и по 6 саати беше на нога, ова сега ли не можеш? Ти можеш се. Така и ти мотивирај се. Имаш целосно право. И ние што доиме не ги памтиме првите денови и се ни е блур. И ние имаме фрустрации. На пример сега бебе спие на цицка и јас не можам да станам да направам ништо, не можам да мочам, машината е завршена, не можам ниту да се исправам и истегнам ниту да си пијам кафе. Цел ден го подаваме со маж ми, да намириме деца, да намириме дом, да средиме се, на крај само што ќе седнам ќе врисне. Не стигам ни да го мириснам кафето некогаш и тешко ми паѓа на психа. Ама знаеш што? Кафето не ми е криво што не успевам да го испијам. Така ни доењето. И не треба повеќе да се нервираш. Било што било. Многу жени поминуваат и многу полошо. Раѓањето си доаѓа некогаш и со последици и не можеме да очекуваме секогаш се да оди мазно. За следниот пат, ќе знаеш подобро, ќе можеш подобро, ќе бидеш посмирена, подобро ќе ги контролираш хормоните. Разбирам дека доењето и ќе фрустрира, особено без поголема поддршка, особено без доволна информираност, особено леунки кои не се сигурни што прават и дали е доволно, ама доењето како доење не е криво за тоа. Да, за по некој маститис и рагади, ама не и за нашето неснаоѓање.
Како бебе на града нема? Не читаш дека сум пишала - ставав на града. Па спиеше на цицка буквално дури ми велеа да кратам по 15 мин а јас ја оставав колку сака. Знаеш што е tripple feeding? Секој експерт ќе ми ги кажел тоа - па бев кај експерти, во странство сум, една сесија ченеше 200 евра. Извини ама сега ме изиритира. Низ твоите постови во темата се осеќа тон како да ги обвинуваш мајките што не успеале како тие да не направиле доволно. Зошто инаку би ми објаснувала како се стимулира млеко, јас не знам ? Спомнуваш неинформираност. Велиш единственото успешно решение. Еве кај мене беше неуспешно. Што уште јас според тебе требаше да направам што не сум направила? Си слушнала за млечни/не млечни дојки? За IGT? Мајка што има доволно млеко да храни три деца не може мене да ме разбере, само тие што поминале низ ова. И веќе нема да ти одговарам затоа што тонот со кој што се обраќаш ме повредува за нешто толку болно. Си имала среќа (не го инвалидирам твоето искуство и тоа што си имала тешкотии и не ти било лесно) ама пак ќе кажам, си имала среќа, да не треба да пиеш нешто и од едно пиво да правиш oversupply. Да немаше млеко па ако сакаш стој на раце направи а тоа не капнува за жива глава ќе видиме дали ќе се расфрлаше со студии и ќе збореше за "прашкови". Еве ако толку сакаме да се расфрламе со студии прочитајте ја Cribsheet, ни една студија не е доволно добро направена и не докажува ама баш ништо. Само кај прематурчиња има бенефити во почетокот и заштитува можеби од една две ушни инфекции помалку годишно. Е само докажани се бенефитите кај мајката против канцер. Од мене толку.
@Nevermore ох боже. Има цела листа на потврдени бенефити, има веќе позитивни реакции кај неколку тумори, ама ај, читај што те прави посреќна во моментов. Гледам хормоните очигледно си го прават своето. Ќе праиме муабет друг пат, можда. Убав ден.
Извини ама навистина со твоите коментари правиш mom shaming спакуван во украсна хартија и машна на него. Изразен god complex. За голем дел од работите си во право, неспорно е дека е најздравата храна што едно бебе може да ја добие, лесно сварлива за нивните дигестивни системи итн.; меѓутоа, не сите исто функционираат, доаѓаат од иста позадина и слично. Верувам дека секоја жена што имала мака со доењето се едуцирала на ваков или таков начин. Гледала видеа, платила лактациски консултант итн. и во некои случаеви едноставно не бива. Зборуваш дека доењето постоело милиони години, но, не зборуваш за природна селекција, дека дел од тие бебиња што сега се хранат со формула од што имале лош фат, орални рестрикции во минатото умирале зошто не можеле да воспостават лактација. Тогаш верувам не би ги кудела “прашоците” што денес постојат. И не биле сите доени бебиња, разговарај со бабите твои ќе чуеш дека многу од тие генерации биле израснати на кравјо млеко разредено со вода. Освен “нетрпението” на мајките да воспостават лактација, има мал милион работи и кај самите бебиња, почнувајќи од орални рестрикции, одредени проблеми со дишење, недоразвиен мускулен тонус итн, што ги оневозможува да цицаат, а верувам дека поголемо право на детето е да е најадено, а не нужно само доено. Мене голем дел од овие муабети ми звучат повеќе на себичност од страна на вакви најмајки, зошто си претставувам дека тоа дете 12 недели се мачело на града, веројатно дел од денот гладно, зошто на почеток слаба мускулатура, брзо се уморуваат и престануваат да даваат напор, иако гладни за мајките само да дојат. И покрај тоа што јас лично веќе 2.5 месеци дојам, никогаш не сум осудила жена чие дете е на АД затоа што самата решила така, ниту пак мислам дека фактот што дојам мене ме прави поголема мајка. Никој не ни дал за право да си ги даваме тие комплименти. Настрана, фактот што си “форумски идол” ми укажува дека имаш доста слободно време, што е супер за тебе и твоите деца, бидејќи можеш да им се посветиш многу повеќе од други жени и со тоа да исфорсираш и доење и ред други работи, меѓутоа многу жени го немаат тој луксуз, такашто во ред е да не судиме.
Еднаш и јас вака имав прво бебе и секој што ќе ми ја пишеше својата приказна за било што, што прават успешно го доживував страшно и како личен напад. Како сите да ми се докажуваат и сите се подобри, а не за всушност што и беа коментарите, дека се само совети и споделување лична реалност. Ви ги разбирам фрустрациите како и личната перцепција. Се расправав и јас. Ќе ви легне по година/две. Милион пати сум повторила дека немам против формула во случаи кога е неопходна ама тоа не го читате. Осудуваш или не осудуваш? Одлучи се. Или бираш што да осудиш и која членка да осудиш? Пошто голем дел од овој муабет така звучи. И јас исто. Не сум отишла во темата за адаптирано да им солам памет што да прават. Седам во тема каде се бараат совети, трикови, искуство како да се одржи и мотивира доењето. И вас, пак ви сметам. Ама ад хоминен е најдобрата одбрана? Јас не сум крива за ничии други фрустрации, секој треба да си ги менаџира своите. На јавна платформа, реалноста е дека многу работи нема да ни се допаднат.
Не можев да едитирам погоре. Искрено се надевам дека ова направи да се почувствуваш малку подобро во врска со себе.
Ама зошто со истите коментари? Нашите фрустрации, нашето незадоволство. Немам апсолутно никакви фрустрации на темата. Ти пишав неколку пати дека јас самата дојам и немав некоја претешка доенечка приказна. Имав доенечки штрајк за кој се пожалив, кадешто и не добив никаков совет и трик од твоја страна ако си за тоа на темава како што и самата тврдиш. Нема што да ме направи тоа мене подобро да се чувствувам. Се надевам дека можеби ќе се запрашаш како дел од твоите коментари влијаат врз одредени жени. И да, god complex е дека ти константно повторуваш дека можеш да се избориш над секоја ситуација што ќе ти ја приреди животот. Најчесто луѓето не можат. Затоа и голем дел од жените не дојат, од стрес, од недоволно млеко, од сите хормони кои ги дрмале постпартум и одлучиле фак ит, нема да дојам. Сосем легитимно.
Енооооо олади. Во тема за доење не постои политичка коректност во секое време. На некои мајки им треба да се фатат за сламче за да продолжат да дојат и да, ќе се каже и по нешто лошо за формулата за да се мотивира доење. Не знам сериозно како очекувате поинаку. Вие што сакате да играте на повеќе столчиња пошто сте другарки, како да ви кажам, не е убаво. Couldn’t care less оти некоја не дои, а ако си сакала совет од мене си можела и да ме тагнеш. И престани човече да ме правиш тема на муабет. Знам дека сум инспиративна, ама не мора до толку чест.