Cluster feeding e. И мојата не се двоеше од града месец дена. Издржи, за кратко ке се најадува побрзо, поефективно ќе влече. Изгледа ко вечност ама мора да се помине тој период. Ако заспива скокоткај, пресоблечи, за да се дојаде. Плачењето види да не се гасови, грчеви.
Како ќе го осознава светот така ќе гледа побрзо да исцицува за да има време за истражување и игра. Негде после втор месец стануваат поефективни. И мене ми изгледаше ко вечност и пишував тука се жалев ме охрабрија многу членки и издржав не беше страшно. Серија, грицки, бебе на цице на перница за доење и поминува времето. Буди го да не се успива ако не поминале бар 10тина минути каде активно влечело и голтало. И многу битно е да е расоблечено, да не му е претопло па да се успива одма. После трет месец почнува се да им е поинтересно од цицање и вртат глава кон дешафките наместо да цицаат, па ќе се чудиш и смешно ќе ти е колку ти сменило бебчето. Биди истрајна, сите сме поминале низ слично и брзо поминува
Јас од вчера не и давам да заспие додека цица. Штом гледам дека заспива ја тргам од цицка, чекам да се освести и пак ја ставам. Денеска е подруга не ми се успива така и повеќе влече.
Леле фала ви многу на сите за споделување на искуство Многу ми значи да прочитам вака и други што прошле низ ова Навистина изгубено се осеќам со доењето Ќе пробам секако деновиве Но сепак мислам некој од подоите да дадам ад оти не сум сигурна дека има млекце па ќе видиме таман на мерење наредната недела
Od koga prestanuvaat bradavicite da bolat na sekoj podoj??? Eve zadutre 4 nedeli lugje me bolat celi mi se razraneti nema sto ne mackam a bebi ubavo fakja
Не фаќа убаво, затоа ти се такви. Мачкај ланолин на Медела, подоите не болат, боли ако нешто е неправилно.
Искрено точно не се сеќавам, околу втор месец веќе беше подобар. Моментално ти си во најтешката фаза. Ти кажав и предходно, фрлај формулата ако сакаш да доиш. Да, првите дена помага додека да надојде млеко ама ти според кажувањава имаш млеко само што си во нормален ама тежок период кој го поминавме скоро сите.
Ако полни пелени а е само на доење значи имаш млеко и те како. Ако даваш покрај доење и Ад тогаш мерењето нема да ти е релевантно, затоа што даваш комбинирано и едното и другото.Сакам да кажам нема да знаеш дали имаш доволно млеко и дали напредува од истото. Знам дека де плашиш дека немаш млеко и затоа даваш Ад, ама биди малце потрперлива барем неделава до мерење.Па ке знаеш на што си.Кај мене некогаш буквалнооо по цел ден висеше на града.После се среди, се доевме баш баш долго.
Бебенце е 9 недели и сѐ уште цица по половина час, 45 минути, на 2 часа. Не е цело време активно цицање, ќе задреми, па се бори лево,-десно. Прашање ми е, дали да ја прекратувам на 15 минути или да продолжам вака, бидејќи други бебиња на оваа возраст цицале по 5 минути ( од кажување на пријателки). Инаку си напредува одлично, неделно става 350-400грама.
Бебе ми е 4 дена, ама супер цица, нормално нема ред, некогаш на 3 саати, некогаш на 10 мин. Е сега, градиве ми се преполнети. Обично му давам од една града да цица, ама колку може да исцица толку мало бебе. Прашањето ми е што да правам на следен подој, дали пак истата града да ја понудам, бидејќи сеуште е преполна или другата да ја нудам? Не сакам да молзам, за да не предизвикам уште повеќе надоаѓање на млеко, додуша одмолзувам минимално некои си 30мл на ден, са навечер маж да му даде некогаш, ама толку. Или да почнам да одмолзувам?
Јас не би мењала ништо на твое место. Колку бара толку давај. На 15 мин мењај града пример лева па десна ако сака уште пак лева па десна.
Мајки ако може една консултација,совет од некоја што имала слично или исто искуство..Имам бебе 5+ месеци,цица и дури сега почнавме со вкусови..Ме интересира бидејќи го дојам дали смее да одам од утре на горење со течен азот..на дланката на раката имам нешто излезено како флека ми е.. Кога бев на дерматолог напоменав дека дојам и прашав дали ќе смеам ми рече д-р дека смее дека нема да мачкаме ништо..не ми е јасно што валда на креми и масти после тоа..Но сепак ме интересира дали некоја правела таква терапија горење со течен азот а да го дои бебето..од утре треба да почнам.. Извинете не знаев дали е соодветна оваа тема тука ама не знаев каде да пишам.. Убав ден на сите
Јас ја оставав. Мајка ми баш ми се чудеше како не цицала по 5 минути. Негде накај трет месец дојдовме до тоа брзо цицање, ама ако е нешто престимулирана и сака да се смири и успие пак знае да затера по 20 минути и за мене тоа е нормално. Си бараат утеха
Пријателките да не ги слушаш. На 2 месеци бебе не може да се нацица за 5 минути. И тој совет да менуваш града на 15 минути да не го применуваш. Јас го добив од бабица, ама не ја послушав. Еден подој една града. Наредниот подој другата града. Затоа што мрсното млеко, она што го држи бебето сито, е на крајот. Вака ако на секој подој даваш од двете гради можеш да си направиш проблем. Моето на почеток цицаше и по еден час, потоа почна сам да си скратува. Еве го сега на 9 месеци цица по 5-10 минути. На 9 недели нема толку сила.
Педијатарот наш инсистира да се дои максимим 30 минути, 15 мин од една, 15 мин од друга града не повеќе, а потоа да се молзам 30мл и да и додавам или ако немам мое млеко да и давам дохрана половина доза.
Вака советуваат и во Германија во болницата кај што се породив. Освен делот со дохрана за тоа не поддржуваат (и ги разбирам зошто) иако давав малце околу 2 недели на почетокот додека ми надојде повеќе млеко.
И мене патронажната вака ме советуваше, ми објасни дека тоа е за да одморам и јас, демек ако ја оставам на града она ќе си седи цел ден така, ќе си заспива, ќе се буди, пак ќе цица, а јас нема да бидам одморена ако виси цел ден. Јас искрено не ја послушав и ја оставав колку сака да цица, на почетокот знаеше и по саат два да виси де на една де на друга града,па кога порасна и ојача си цицаше по 2-3-5 минути и сама се тргаше.
Многу ми се контрадикторни со ставовите за доење, по приватниве болници во породилиштата советуваат по 15 минути една града, потоа другата, додека на клиника за педијатрија професорите велат една града - едно доење, истото го кажуваат и на предавањата за доење на Матрона. Јас давам една града, ептен ако видам дека ми е испразнета едната, по 40 минути цицање, а бебе уште сака, тогаш ка нудам другата.
Затоа и јас прашав неколку педијатри и сите рекоа - еден подој една града. Зошто да се измолзуваш потоа? Зар не е подобро бебе да го исцица тоа млеко? Полесно е бебе да си цица, отколку да измолзуваш, да миеш пумпа, да стерилизираш шишиња. Мене и во приватна ме советуваа вака како што пишав, еден подој една града, кога сака и колку сака. Ми рекоа и ако сакам да пробам ноќе да му давам ад, за да спиеме повеќе бидејќи на 3 часа се дава, ама јас воопшто не дадов. Туку, да прашам, бебе извади запче, и горните се веќе отечени, и брадавиците почнаа да ме болат освен ланолин што друго може да користам? Некако ова ланолинот не ми помага баш.
Само да не бидете како мене и да си го врзете тој совет во крпче и да си го изгладнувате бебето затоа што уствари не сте имале доволно млеко во една града така што можеби на почетокот според мене е подобро и двете гради