Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Да мојава е скроз FOMO бебе, ми спие во раце и буквално во секундата кога отвара очи она е fully alert and ready to play. Значи инстантно како што викаш крева глава и презаспивање е 90% неуспешно, а кога е успешно трае повеќе од самото заспивање. (facepalm) Пред да се роди си се надевав такво бајче ќе биде дека и јас и мм сме биле “деца по книга” и си викав сигурно ќе се погоди исто така умно спие јаде игра. :rofl: Иначе најчудното ми е што мојава не дреме на цице, она цица 6-7 минути и се трга на страна да заспие. А да обавезно сме во темно со шумови музики чуда и пак ми зјапа во чашата вода, завесите, некоја минијатурна сенка
     
  2. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.906
    Допаѓања:
    4.846
    IMG_1960.jpeg

    :lol:
     
    На Mumoftwo30, Трагедијаупмм, Noemi и 2 други им се допаѓа ова.
  3. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    На Mumoftwo30 и naturally им се допаѓа ова.
  4. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.926
    Допаѓања:
    25.562
    Пол:
    Женски
    Мојата не заспива на цицка, цица за 5-6мин и се трга, најадена е, не виси на града.
    Ја заспивам со нишкање на нозе, на голема перница. Е кога ќе пробам да ја спуштам на кревет, најчесто се буди. И тоа одма отвара очите, расонета е скроз мислиш спиела 3 саати.

    И јас сум човек што функционира со план и ред, плус големиот ми беше буквално бебе по книга, се знаеше кога јаде, кога спие, колку спие, се до минута секој ден ист му беше. Е затоа сега со бебка не можам да се помирам. И да, многу сум нервозна оти сум ненаспана, недостатокот на сон ме убива, тоа ми е најтежок дел од мајчинството додека се мали.
     
    На thinkerbell, Mumoftwo30, naturally и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Значи 50% се “по книга” а останатите 50% тотално безредие па ако се одлучам за второ ќе ми се падне “по книга” :?:

    иначе како ја преместуваш на кревет откако ќе заспие? Мене само на страна ми успева, ама поише од пола саат не тера така
     
    На Mumoftwo30, happygirl и MariaBouli им се допаѓа ова.
  6. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.926
    Допаѓања:
    25.562
    Пол:
    Женски
    Преку ден откако ќе ја спуштам на спална, ако не се разбуди веднаш на спуштањето, тогаш спие 20мин.
    А ноќе заспива околу 8ч, и ја чекам да завлече убаво, па накај 9ч ја ставам во креветчето и си спие, најчесто на грб спие, уште не се врти сама на меше. Некогаш знае во сонот ама да се сврти на страна, ама поретко.

    Инаку да, точно е тоа, дека двете нема шанси да се исто деца :) јас верував во тоа и една од причините зошто ми требаа 6год за да одам на второ беше токму таа, знаев дека второто ќе биде вака тешко за гледање :)
     
    На Mumoftwo30 и dummy им се допаѓа ова.
  7. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    1.683
    Пол:
    Женски
    Извини дури сега се вклучувам и ја гледам пораката.
    Пумпата ми ја остави другарка, ја имаше нарачано пред 8 години од Али Експрес.
    Електрична е најдобра, кој бренд не знам затоа што немам искуство со овие што се продаваат кај нас.
    Со рачна пробав ноќта во Систина и не можев ништо да извадам а и многу ме болеше.
    Се надевам дека се снајде во меѓу време.
     
    На Mila0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    1.683
    Пол:
    Женски
    Пробај да ја легнуваш на страна, потпри нешто од позади, ќебенце, перничка на грпчето.
    Второво дете пред некој ден забележав дека на грб кога ќе ја спуштам се плаши и така се расонува. Еве ја на страна спие денес втор пат веќе четвртти час. Вчера исто така се изнаспа. И на стомак спие под мој надзор. Само на грб не трае долго спиењето.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kitanova77

    Kitanova77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2020
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Како ја ставаш да спие на стомак? Кај мене многу сака да си лежи на меше ама кога е заспан незнам како да го оставам свртен на меше:D
     
  10. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.274
    Допаѓања:
    17.784
    Пол:
    Женски
    А зошто така?? Воопшто не е безбедно да спие ни на страна, а не пак на стомак.
    Јас на грб ја ставам со главчето настрана и стопати ја проверувам.
     
  11. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    4.790
    Пол:
    Женски
    И јас го ставам така на страна, со нешто позади грпче да го држи, по препорака на ортопедот во Систина.
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mila0000

    Mila0000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Нема проблем :)
    по препорака на друга членка купив електрична Phfilis Avent, но најверојатно уште не ми е убаво надојдено млекото, бидејќи ништо не успејав да измолзам.
     
  13. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    1.683
    Пол:
    Женски
    Истуширај се со потопла вода, стави топли крпчиња/пешкирчиња на градите, и така пробај, стави града на пумпа. Тоа што не си успеала ништо да извадиш не значи дека немаш млеко, туку може да не се проодни каналите. Првата ноќ кога се вратив од болница ми беше пекол, градите тешки претешки, болат, како внатрешна температура имав, бебе не успева да повлече убаво, се преплашив. Ставам на пумпа ништо. После масирање, туширање со скоро жешка вода, и топли облоги на градите, ставив пумпа пак и прокапа млеко, утредента и протече. Но, по препорака на Јасна од Бебелогија паралелно пиев и Серапептазе и соин лецитин капсули така што и тоа ми помогна многу за да се нормализира целиот процес.
     
    На Трагедијаупмм и Mila0000 им се допаѓа ова.
  14. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    1.683
    Пол:
    Женски
    Додека бев во Систина, во главно доев лежејќи. Сестрите ми ја местеа на страна, и ја потпираа со јорганчето.
    И првото дете така успеваше да заспие поради мака со стомачето, лежејќи на стомаче. Пишав дека спие така под надзор. Ниту еден доктор/педијатар ми нема кажано дека не смеам.
     
    На Marge, Трагедијаупмм и Ladyme им се допаѓа ова.
  15. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    1.683
    Пол:
    Женски
    Како ти заспива? На грпче или во раце?
    Ставаш една рака блиску до неговото телце, да дојде под него кога полека ќе го поттурнеш со другата рака другата да биде спремна да го пречека да легне на раката. Потоа полека ја извлекуваш раката. Рачињата ќе видиш лесно ќе му ги наместиш, главчето ќе видиш дали ќе ти дозволи дали на лево дали на десно да му го завртиш. Мојава и самата си го мести главчето, глава држи исправено од старт (секако со рака позади за сигурност).
    Само нормално се внимателно, ако не ти дозволува не продолжуваш, има и бебиња што ич не сакаат на стомак. Само смирено пробај, без паника :)
    И секако под надзор да е.
     
    На Kitanova77 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mila0000

    Mila0000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2021
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Благодарам на советот :$
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.340
    Допаѓања:
    4.637
    Пол:
    Женски
    Иначе и мојата околу 40дена ми текнува дека сакаше на стомак да спие исто преку ден само и во дневна да ја гледам. Прашав педијатар во една прилика да не правам нешто лошо ама ради ептен изразен моро рефлекс само така ми заспиваше преку ден и педијатарот ми се насмеа и ми рече да не се потресувам ако сум до неа, ако се сврти со главчето а не може ќе закенка тоа е механизмот нема тивка да остане, и стварно се случи неколку пати и одма заплакуваше.
    Сега веќе нејке на стомак … |-)
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mrs.Nebittnaa

    Mrs.Nebittnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Се одбивме од доење пред околу 3 месеци ама имам сега проблем јас што брадавиците премногу ме чешаат.Не е до бањање до миење премногу ме чешаат што дури се раскрвавувам и рани сум после.Мачкам еден маст од дм за разранети брадавици раните поминуваат ама чешањето се повторува.Некој искуство ?
     
  19. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    3.112
    Пол:
    Женски
    Дали имаш бели наслаги ?
    Д3 капки капнувај и нека се сушат на воздух.
     
  20. Mrs.Nebittnaa

    Mrs.Nebittnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш на бели наслаги како 'лушпи' да имам некогаш.