Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    17.700
    Пол:
    Женски
    Еве кај мене вчера супер си цицаше, самата бара на два часа, како програмирана е, а навечер на 2-3 часа и одма се кутка пак да спие. Максимум цицањето е половина часа, кога е гладна брзо цица, влече и сама си прекратува, а некогаш се бори, се тегне(се поретко го прави тоа), ама мислам дека со мешето има мака кога го прави тоа, тоа јас си претпоставувам.
    Мене педијатарот ме советуваше, максимум пола часа да ја дојам, да не си седи така на града оти се залажува дека цица, а нема цицано, малку ќе цицне и си одмара(кај мене на почеток така правеше), плус да се измолзувам 30мл и да и го давам или ад(вака супер напредуваше). После доење не се измолзуваше млеко, а и немав кој да ми ја причува за да измолзував секој пат, така што давав ад. Плус и тебе ти треба одмор, а и градите треба да се наполнат со млеко.
     
    На jagoda777 и fragaria им се допаѓа ова.
  2. macufce

    macufce Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2016
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Изгледа настинувам, цело тело ме боли. Што можам да пијам, а го дојам малото, медец дена има...
     
  3. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.606
    Допаѓања:
    2.880
    Пол:
    Женски
    Да си ги смениш докторите. Со кој памет бе го велат тоа? Градиве ми се меки премеки од 2 месеци кога беше бебе, па еве го 9 месеци. На 6 почнавме со вкусови, до тогаш беше само на цицање. Наместо да помогнат, они вака само ти одмагаат.
    Ставај го често на града за да стимулира млеко. И кога ќе прочитам дека советуваат да цица, па да се измолзе мајката и да му го даде во шише. Зошто побогу, која е логиката овде? Подобро нека биде уште некое време на града, ќе си исцица тоа што треба. Колкаво е бебето? Да не се грчеви?
     
    На Noemi, dummy, fragaria и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Во врска со меки гради, мене млеко ми надојде уште вториот ден, веќе третиот ден во болница морав да се одмолзувам зашто многу ми течеше млеко. Еве веќе месец ипол, на ексклузивно доење е, супер си напредува, а мене постојано ми се меки градите, ниту еднаш не ми биле тврди. Сега откако почна ноќе да врзува 4-5 часа сон знаат малку да ми натежнат ама пак не ми се нешто тврди. Така што мислам дека тоа дали се меки градите не е баш релевантен показател за колку млеко имаш, нека не те обесхрабрува тоа.
     
    На dummy, naturally, Puffy2019 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.068
    Допаѓања:
    4.084
    Пол:
    Женски
    Потврдувам за градите, на ексклузивно доење 3ипол месеци меки ми се цело време си цица на 2ипол саати стандард
     
    На fragaria, Puffy2019, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.762
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Парацетамол или бруфен, витамин Ц1000, прополис, електролити, пробиотик...
     
    На macufce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.068
    Допаѓања:
    4.084
    Пол:
    Женски
    Бло
    блокмакс форте + цвит + двит + витамините што си ги пиеш постнатално и многу течности
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  8. angelce23

    angelce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    107
    Епа мајкички јас денес ја однедов мојата на педијатар (месец и една недела е) и ми кажа да отфрлам скроз ад пошо имам млеко и да ја дојам само... она плаче вришти кога ке и помине тој првиот најјак млаз млеко на почетокот пошо треба да се помачи да влече а од шише полесно и одеше.. докторката вика ќе се одвикне само мора да го издржите периодот кај што ке плаче пошо ќе очекува шише...
    Луѓе не знаете кое плачење е тоа зајдува премногу ми е жал
     
    На jagoda777 и dummy им се допаѓа ова.
  9. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    891
    Пол:
    Женски
    Истото
    Страшно плачење :(:worried:
    Особено ако го оставам да си спие а да не го разбудам на Макс два саата нема шанси цице да фати тоа е вриштење ужасно и морам давам 30 мл со 1 лажичка и после на цице

    Многу тешко оди одвикнување од шише
    Оти очекува да му тече изгледа
    Намалив јас на неколку пати само по малку така ама сакам целосно да биде на цицање
    Упорна сум еве деновиве ама многу е стресно
     
  10. angelce23

    angelce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    107
    многу е тажно како плаче мислиш не и даваме ништо да јаде... не знам што ке правиме многу е стресно дефинитвно не знам колку време ке трае процедов
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    10.733
    Колку повеќе продолжувате да давате АД толку потешко ќе преминете на ексклузивно доење тоа е факт. После недела две од раѓање ако не го откажете шишето(кога веќе имате надојдено млеко) ќе го влечете и ќе се нервирате само.

    На бебе не му се мери време на цицање, сте виделе некој друг цицач да си го тргне бебето од града пошо поминале 30мин? Сите минат низ кластер фидинг периодот тука или продужуваш или се откажуваш.

    Стопати е пишано цицањето е комфор не е храна само особено на толку мало бебе. Стрпете се, ќе направи 4-5 месеци нема да цица повише од 5мин.
    Педијатрите единствено што може да направат е да ви ја намалат снабдувачката на млеко.
     
    На joy1, Viktorijaaa5, Anaroz1 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.503
    Допаѓања:
    6.300
    Најголема грешка е што правите паралела на доење и хранење со ад.
    Ритам се воспоставува со адаптирано бидејќи тоа е оброк со измерена калориска вредност и под претпоставка дека бебе од дадени месеци ќе испие толку и толку, следен оброк треба да му биде во толку и толку од толку и толку милилитри.
    Тоа е само оброк и тука завршува приказната.

    При доење никад не знаете колку мл бебе исцицало, при секоја доенечка сесија може да има различен трансфер на млеко, дури и самото млеко се менува согласно потребите на бебето.
    Бебињата не гледаат на доењето и вас само како шише оброк, туку место на припаѓање, тоа не знае за живот одвоен од вас. Како што растат, така почнуваат да се интересираат за околина, така ќе се тргаат од вас и тоа е природен тек на настаните.

    Големиот висеше на цицка од раѓање дур не го одбив, плачеше по цели денови за се и сешто и ден денес плаче секој ден за се и сешто.
    Тогаш бараше да цица, сега бара да се гушка.
    Ако терав ја по неговото плаче и виси по цел ден на цицка, аха гладен е, дај шишето, никад немаше да го дојам.

    :bow::bow::bow:
     
    На joy1, Viktorijaaa5, Puffy2019 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    891
    Пол:
    Женски
    Сѐ што пишувате е така

    Мене ме буни ставот на педијатрите
    Ремедика ме испратија со препорака 45 мл на секој 3 саати аптамил прематуре затоа што се родило 2850
    Плус да пробувам доењето по 15 мин пред ад
    Плус рекол 5 капки и колиеф 8х3
    И јас ја следев нивната препорака мислејќи дека се во право ете мало е бебето да качи на тежина
    Ама на секое шишенце вриштење си велам нешто не е ок ..па се расчитав на нет
    И сфатив дека тотално ме зафркнале од сам старт
    Буквално рецепт како да си го изгубиш млекото
    И после почнав да ги кратам ад оброците
    И матичен педијатар исто ко појдовме
    Ќе даваш на три саата 60 може вели не качил на тежина
    А бебето стигна 3500
    Лудило

    И тука нормално си велиш
    Колкав процент земаат овие?;за вакви работи
     
    На Kitanova77 и dummy им се допаѓа ова.
  14. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    1.277
    Пол:
    Женски
    Не зимаат процент, туку едноставно нашите педијатри не знаат да ги гледаат бебињата секој како посебен случај туку за нив сите се иста марка и одат по книга Аха бебето треба да качува 30 гр. на ден, твоето качува 27 гр. ништо мора да додадеш АД не е најадено. За жал така е, многу се ретки оние што не го прават тоа. Затоа ќе правиш и малку по твое, затоа што како и секоја мајка и ти не сакаш да си го изгладниш детето нормално (што јбг и тоа се случува како мене што ми се случи, ама еве ја 8 месеци здрава, права, на доење), ама штом сакаш да доиш сама ќе си приметиш дали бебето е најадено, колку пелени полни и сл. И знам дека е тешко кога плачат, ама бебињата не плачат само од глад. Еве ја на 8 месеци плаче кога ќе ја тргнам од цицка зошто сака да си дреме, не пак кога се по 1 месец :)

    Доење по 15 мин на новороденче. Ха, смешки... Страшни се значи :)
     
    На fragaria, dummy, naturally и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    4.582
    Моето се роди 2900, не испуштија со 2700 па добив совет да гледам да НЕ давам ни 30мл дохрана. За еден месец накачи 1500. И што дека е “мало” родено? Многу брзо напредуваат во килажа помалечките.
    Многу е битно да не паѓа во килажа, се додека напредува редовно е супер.
     
    На joy1, Autumn Love, Mammamia16 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    769
    Пол:
    Женски
    Среќа не сите педијатри препорачуваат АД. Јас сум преблагодарна на педијатарот што ми се погоди во систина дека на првите контроли кога се жалев дека со саати цица во ни еден момент не ми спомна АД. Ми рече ако ти е мачно дај цуцла пробај минимално водичка чајче ама бебето не е гладно. И скроз ме охрабри дека ќе е жално кога имам млеко а бебе фаќа цицка да се откажам и да не дојам ексклузивно. Цуцла нејќеше, вода чај не сакав да давам па јас бев цуцла и уште сум ама драстично помалку. Сега по 6-7 минути цица и се си мислам недојадена е од што толку брзо
     
    На Noemi, Autumn Love, MariaBouli и 3 други им се допаѓа ова.
  17. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    891
    Пол:
    Женски
    Епа си имала баш среќа
    Браво за тој што те советувал правилно

    Јас тука налетав на инфо за Јасна и неа си ја побарав за советите оти со педијатарот веќе ми се зафркна работата со доењето
    Ама еве има надеж само многу е тешко и стресно оти многу се нервира кога е гладно а треба цице да фати

    Ќе бидат сега тоа е тоа

    Како порано не сум знаела за Јасна да одев пред пораѓањето
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    1.277
    Пол:
    Женски
    Ако некој во Карпош 2/3 сака Лактамикс да му го дадам (скоро цел е) нека ми пише :)
     

    Прикачени фајлови:

  19. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    1.277
    Пол:
    Женски
    Мојата накачуваше мимимално, една недела де деси и 20 грама да накачи заради моја грешка, и тогаш добив само препорака да дадам молзено. Ама сите 3 педијатри кај што ја носев сите да речам форсираа доење:)

    Јас искрено по искуства што читам тука мислам дека во Систина има доктори што не делат баш добри совети. Давање АД на дете што цица, давање вода на 2 месеца... Не знам...
     
  20. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    769
    Пол:
    Женски
    за водата мене ми рече, дај колку да шмата нешто дека не прифаќаше цуцла и рече она сигурно ни 10 мл нема да испие а тоа е незначително. Не дека ми рече да давам по цело шише така да не беше лош совет али јас не го применив сепак се помирив со дремењето на цице