Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.676
    Допаѓања:
    6.114
    два пати се породив во Систина и имам впечаток дека форсираат доење. првиот пат нормално одма не ми дојде млеко ме испишаа со препорака да давам и ад дополнително, ама јас кога дојдов дома ми надојде млеко и никогаш не и дадов, ја доев до година, сега вториот пат одма ми надојде млеко никој не ми спомнал да давам ад. дури и таму додека бевме не и даваа, само на доење беше и ми ја носеа
     
    На dummy и Autumn Love им се допаѓа ова.
  2. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    1.277
    Пол:
    Женски
    Не викам не, затоа реков има доктори, не реков сите. Јас таков некој впечаток имам по тука што читам и луѓе што го знам:) тоа е само мој впечаток, не дека е комплетна вистина :D

    Плус спомнав за педијари и прегледи подле болница, а по пораѓај генерално сестрите се тие што форсираат :)
     
    Последна измена: 26 септември 2025 во 11:41
    На jagoda777 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kitanova77

    Kitanova77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2020
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Исто се породив во Ремедика, иста килажа, не испуштија со 2730 и препорака за ад демек бебе е мало нема сила да влече, а јас млеко имав уште во болница и таму бебе си цицаше.
    Не го послушав нивниот совет. Купив Аптамил за секој случај, сепак прво дете и ми беше страв ама не дадов. Од старт си е на доење и уште на првата контрола веќе си имаше качено килажа и ми рекоа да си продолжам… еве 3 месеци скоро на ексклузивно доење сме
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  4. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    891
    Пол:
    Женски
    Епа јас ги послушав за сѐ и се зафркнав
    И таа една скапа цуцла со шише од недела ја земав долу од аптеката и аптамил прематуре што реално немаше потреба, а и таа од медела не можеше да влече така остана
    Налет парите во нивната аптека
    Ми се направи сериозно проблем
     
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.262
    Допаѓања:
    330.478
    Пол:
    Женски
    Мојата пак 2600 беше па ад не давав.
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    17.700
    Пол:
    Женски
    Нее, не форсираат доење туку само да не се бебињата кај нив, затоа ги носат. Јас бев породена со царски, со душа чекаа само да ми го остават, а не можев од кревет да станам. Немав млеко, ќе цицнеше бебе и вриштеше, гладно. Ќе ги повикав, по 15 мин ги нема, бебе вришти, морав по минимум двапати да ги барам за да дојде некој, ги барав сестрите од гинекологија за да викнат некој да дојде. Крајно безобразни, требаше на крај кога ме отпуштаа да се пожалам, ама ај помина.
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    861
    Допаѓања:
    1.277
    Пол:
    Женски
    Ништо не си се зафрнкала, сите правиме грешки. Еве јас на пример во 3тата недела педијатарот ми спомна дека бебе требало да ја празни едната града за да го исцицало тоа мрсното млеко и јас си го врзав во крпче и само на една града ја држев а немав доволно млеко. И таа недела качи само 20 гр за една недела. И после се оправавме, и се оправивме и еве сме 8 месеци се доиме, сега и јадеме и све по ред.

    Не мисли веќе што било - поминало, гледај како понатаму :) За да се одвикне од шише кај мојата функционираше само тоа што и давав со на Филипс шишињата затоа што со тие требаше да се мачи да цица исто како од града, мислам дека поради нив успеав да ја префрлам, со тоа што јас ја префрлив на силиконски првично зошто во болница ме убедија дека сум имала повлечени и тврди брадавици и немало шанси бебе да фати, што сега кога ќе размислам немаше баш мн врска, ама добро ете и тоа помина :)
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  8. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    891
    Пол:
    Женски
    По препорака на Јасна земав такво шише, чаеви и ми покажа како со испумпува и се подобри ситуацијата
    Плус никој од докторите не ми кажа да земам еспумисан капки и сирупче едно за грчеви
    Оти бебето си плачеше и од мешето и тие многу му помогнаа
    А на педијатар веднаш имав коментари па плаче оти си го изгладнувала мораш ад
    Многу грдо се почувствував како некоја немајка
    Ама во право си било не можам назад
    Сега да почне ко што треба да цица и да имам млеко па здравје да биде се ок понатаму

    Фала за споделување на искуство
    Помага да се слушне дека некој е ок и надминал предизвици
     
    На Трагедијаупмм и MariaBouli им се допаѓа ова.
  9. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    891
    Пол:
    Женски
    Лелее како бе така
    А ќе си рече човек ете Систина
    Плаќаш приватно
     
    На Mumoftwo30 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  10. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    1.588
    Пол:
    Женски
    За тоа со чекањето потврдувам, чекав од хигиеничарки да исчистат и не дочекав се додека не дојде наредна смена, до сестри да ми донесат Кетонал, до тоа да ми донесат или земат бебе.
    Последниот ден плачев цел ден од што не можев да издржам, едвај чекав да си отидам. Имам многу да пишувам на тема Систина, ама тоа ако некогаш го напишам во соодветна тема...
     
    На Mumoftwo30, Anaroz1 и fragaria им се допаѓа ова.
  11. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    2.918
    Пол:
    Женски
    Да напишете сите ,зошто дерат со пари баш за да имаме подобар третман а не еднаков со државно... срамота !
     
    На Mumoftwo30, naturally, fragaria и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.676
    Допаѓања:
    6.114
    не е систина тоа што беше
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    1.964
    Пол:
    Женски
    Мајки дали сте имале болка на брадавиците кога сте почнале со доење? Пред 2 недели сум породена и уште во болницата брадавиците ме болеа. Мачкам ланолин, ставам компресии односно ладен гел што е наменет за тоа по препорака на бабицата ама нема подобрување. Не сакам да прекинам со доење но кога го ставам на десната града првите 10 20 секунди ми се смрт од болки. Левата не толку, но десната да. Кажете ми доколку сте имале сличен проблем како сте го решиле?
     
  14. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.166
    Допаѓања:
    12.360
    Пол:
    Женски
    Најважно е бебето да го ставаш во правилна позиција за доење, ако е неправилно ставено доаѓа до болка, продолжи со ланолин и ладни облоги, гледај да не носиш градници, ако не поминува посети доктор.
     
    На Tinkerbell11 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.543
    Допаѓања:
    13.874
    Пол:
    Женски
    Не знам што им се случило во Систина. Во февруари се породив и баш спротивно беше. Ептен брзински доаѓаа, јас дури и ги напињав повеќе да ми ја оставаат. Кога ја сончаа им звонев побрзо да ми ја донесат, затоа што течеше млекп од градиве.
    Навечер ми ја носеа за цицање и ја земаа. Ми викаа одмори овие неколку дена, дома весело ќе ти биде. Во тој поглед сум задоволна, само една смена имаше од нив што беа намќори.

    Туку тука додека сум да прашам, сум заборавила скроз како правев.
    Тазе одмрзнато млеко може ли да се затоплува? Значи зборам сега го одмрзнувам и одма го топлам. Ептен се поделени мастиве и грдо е.
     
  16. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.968
    Допаѓања:
    13.048
    Пол:
    Женски
    Не фаќа убаво, затоа те боли. Пробај да го наместиш убаво.
     
  17. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    1.964
    Пол:
    Женски
    Правилно е поставено, и правилно ја фаќа градата. Имам болка само додека да почни убаво да влече после тоа јаката болка поминува, и осеќам слаба болка што се вика. Да, ќе видам како ќе биде и најверојатно ќе треба да посетам доктор.
    Кога мачкам ланолин исто осеќам болка на брадавицата, кога се бањам што се движи водата низ телото исто осеќам болка.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    4.166
    Допаѓања:
    12.360
    Пол:
    Женски
    Сигурна си за тоа дека правилно фаќа града? Нека види некој што добро знае, или да ја викнеш Јасна, искрено знам дека е проблем и мн. боли, ама не треба ни премн. отворени рани да имаш, ни тоа не е ок, сепак консултирај доктор, а до тогаш ланолин и ладни облоги.
     
  19. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.122
    Допаѓања:
    4.372
    Ако сега има добар фат, најверојатно имало лош, па ги разранило и сега треба да поминат. Силиконски брадавици можат да ти помогнат, ако сака бебе да фати од нив, убаво сушење на брадавиците, никако да се покриеш, а да се сеуште влажни и мачкање ланолин. Мислам ти дека беше во Германија, знам дека сите бабици ги препорачуваат компрессен, ама мене компрессен ама ич не ми помагаа, само Пурелан на Медела и сега најдов едно од ДМ, нивно производство и тоа ми се покажа океј. Исто така види на брадавиците, се гледа како потемни флеки ако ти се повредени и мачкај таму повеќе. И менувај положби на доење и тоа помага.
     
    На Tinkerbell11 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    1.964
    Пол:
    Женски
    Мојата бабица доаѓа на 3 дена и таа секогаш проверува. Самата ја фаќа устата на бебето и проверува каде и како фаќа и цица. Малку е црвена, но според моето гледање мислам дека немам како отворени рани. Не знам како да опишам, а и не знам дали може слика да објавам.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.