Едно инфо за доилки дека haakaa организира некои бесплатни консултации за доење од Јасна и Ивана(doilka.mk) на 4ти и 5ти Октомври. Имате инфо на инстаграм профилот на haakaa (haakaa.mk)
Детево ме користи како цуцла, не можам да мрднам. Спие на цицка а го тргнам плаче се буди...1 месец е, хелп!
Можно е и во скок да сте, еве мојава на 8ми месеци сега е бо 6ти скок истото ми го прави. Ќе си спиеш со него на цицка, јас тоа се научив
Ај пак совет ако имате за замрзнатово млеко. Не е расипано ама има метален мирис и вкус. Ни големо дете, ни бебе не го сакаат. Ми е жал да го фрлам, многу мачно ги собрав тие ќесички. Многу е масно гледам, пола-пола се масти/течност во скоро сите ќесички. @mariz @Spidy ако не се лажам вие имавте некоја финта.
Финтата мислам беше само за начинот на замрзнување, сега за одмрзнување џабе чим е таков вкусот… можеш за бањање да им го искористиш
Не не, ок е тоа, се спојува, само металниов вкус е грд. Баш дека е мрсно ми е жал да го фрлам, па ако има решение за вкусов би било супер.
Пробав, не го сака, ни едно лажиче не изеде. И дадов друга ќеса на големата, она ептен го сака, само една голтка испи. Ќе оди се во канта изгледа, џабе маката со миење, стерилизации, собирање, претурање.
Се загрева минимално пред да го замрзнеш, сега финтата не пали. Ако не ти го пие немаш многу избор. Да пробаш во храна да го мешаш кога ќе почнете со цврста храна, да го смениш сега вкусот нема како. Мене среќа ми го пиеше малиот, фрлив само неколку ќеси мислејќи расипано е додека не сфатив што е работата. Американциве ги гледам ги бањаат децата во млекото, за сува кожа било добро, ама немам искуство со тоа. Или најди друго бебе да видиш дали ќе го сака па да го подариш.
Јас го бањам малиот од време на време со мое млекце, таков совет добив за дерматитот. Му ставам во водата.
За металниов вкус јас прашав прдијатар ми рече мн е нормално. Да не мириса на расипано инаку метален вкус било стандард за замрзнато ми рече. Под жежок млаз кесичката и се смлачува млекцето да пробаш така дали ќе ти прифати.
Здраво, можеби прашањето не ми е соодветно за тука но сепак ќе побарам мислење. Од понеделникот сум со мастит на едната града, се затна целата и беше изразито црвена, ми дадоа антибиотик и насоки како да масирам и ставам залка и топли облоги. Во вторникот немав подобрување, дојда патронажните сестри и ми ја измасираа градата, остана уште една грукта. Продолжив со нивните насоки, грутката кога не е молзена е потврда а кога ќе ја одмолзам помалку омекнува. Сеуште боли, црвенилото не се повлекува, ми дадоа и инекции, меѓутоа пак нема промена. Утре треба да одам во болница, да побарам спас и таму. Слушнав дека имало инекции што делувале на проширување на каналите. Дали некоја членка има искуство со овие инекции? Секој одговор е добредојден
Аум немала проблем со мастит, но ми се правеа грутки доста и мнгу ми помогна сончогледов лецитин. Поев една недела по 2 сабајле и навечер, после една недела едно сабајле две навечер, и трета недела по едно сабајле и навечер. Мислам може и пократко не мора баш вака. После а осетев некоја грутка одма пиев по 1-2 на ден неколку дена. Одвен масажи и топлење пред доење не знам што друго. Не знам дали смее да се топли града со мастит. Ама можеби можеш да ја ладиш после подој. За болка, а и за инфекција дали можда е добро да се убаци и бруфен, не сум сигурна но би прашала барем матичен.
Јас немав мастит ама имав состојба пред мастит со треска и црвена и болна града. Мене ми правеа и ехо на града за да ја проверат ситуацијата. Матичниот гинеколог ми ја препорача кремава подоле и многу ми помогна, ја мачкав после подој/измолзување. И сега превентивно ја ставам кога ќе осетам дека имам грутка.