Бебе е старо 5 месеци и недела дена. Знам поради скок, заби, дохрана и слични промени да бара почесто да цица, ама јас се осеќам дека млеко како да немам многу. Дали сега би имале ефект чаеви за доилки или што друго да користам за повеќе млеко? Некако и нервоза ја фаќа кога цица, ноќе се буди често цица и се нервира страв ми е да не се одбие ако и е малку млеко.
Да би имале ефект. Дали внесуваш доволно течности ? Боза исто помага. Јас дојдов за ова да го споделам
Феминки дали некоја немала крварење после породувањето и било препишана терапија со метилергометрин при доење Таман почнав некако да дојам сега ова @Ladyme може да те замолам за совет Дали смее да се пие во доењето Оти пишува внатре дека е токсично за детето при доењето а докторите велат дека е ок
Извини, не те разбрав имаш или немаш крварење? Јас пиев втор циклус ми беше 10 дена од кои 8 беа како прв ден обилни, почнав пиев и до 10 ден прекина циклусот, ама не дојам. Е после трет циклус сличен и почнав калциум директ кесички и треаеше 7 дена циклусот. Наредниот одма почнав калциум и беше 5 дена како нормално. И решив да земам калциум до една година секој циклус затоа што несакав да земам капки секој месец. Јас да би доела не би ги пиела, би пробала со калциум прво. А ако мн крвариш ќе треба да се пие, пиј навечер и 12часа да не го даваш млекото. Се излачува во млеко а и може да го намали малку млекото дека делува на пролактинот. Или да дадеш ако имаш измолзено и замрзнато или ад да дадеш. Капките доволно е два дена да ги земаш ќе делуваат ако има мн обилно крварење. https://zegin.com.mk/mk/pharmamed-kalcium-400-direkt-20-kesichki
Немав крварење ни после пораѓај Само првата недела После розевко секој ден Препишана терапија на преглед на 6 нед сега да се исчисти матката нешто не разбирам зошто имало малку нешто на ехо Не крварам ни малку веќе Едвај постигнав доење се измачивме и јас и бебе и сеуште малку дохрана Навистина не сакам да го изгубам доењето Најмногу ми е страв дека пишува токсично за детето
Јас примив 6 инекции. 2 на ден, 3 дена ко што пишува..Бебе беше 4м, сеуште цица еве 14м, дозволени се. И во болница истото ме боцкаа ако добро памтам што збореа сестрите..за да се дочистам. А инаку на 4м добив преобилен страшен циклус и затоа ги примав, ме средија.
Благодарам за одговорот Дали ги пиеше капките или само инекции Тие исто се со капките? Мене не ми е јасно зошто ми ги даде за прочистување кога јас немам крварење а треба да се провоцира всушност крварење А најмногу ми е да не се излачува во млекото Докторката вели не а внатре пишува токсично
Не знам дали се исти, јас само инекции примив. Инаку прави контракции на матката за да испровоцира чистење, мене ваљда ми ги дадоа за побрзо да иде тој процес не знам искрено..јас не ни прашав ништо бидејќи крш бев тие неколку дена сакав само побрзо да помине
Мајки вие што сте на ексклузивно доење на колку време цица малецкото? И навечер на колку време ви станува? Моево не може да сврзе никако сон малку повеќе да поспие... како да знам дали е најадено, бидејќи цица и заспива, ќе го легнам и за 15мин се буди и плаче
1месец е, а ќе почне да цица заспива, а претх плаче мислиш не е јадено 3 дена, го скокоткам да го разбудам, како заклано е, ќе цицне малку и после како цуцла лажалка...
Да на почеток се успани на цице скроз. Мојата исто беше, мене ми палеше ако пробам да и извадам цице од уста малце да се поттегнам одма почнуваше рефлексно пак да цица. Исто пробај околу вратчето чешкај иноколу устичката. Мора да ја будиш да јаде зошто ќе ти кенка штом станува ненајадена
Да ја потегнувам градата али толку цврсто ја држи мува не го лази... а на колку време треба да цицаат? И навечер често се буди живи ненаспани сме
На почеток мојата цицаше на час ипол два … сега на четири месеци сме дојдени на 2ипол-3часа. Бебе ставај на града по потреба мн е малечко немаат нинсила да повлечат многу така да ставај го штом е кенкаво и покажува знаци на глад
Па толку отприлика само ова плаче и дека има грчеви, само нз како да се нацица убаво и го мрдам и за ноџињата го скоооткам џабе...
Така ќе го будиш и мојот заспиваше. Немој да го покриваш дури цица, од топло се успиваат. Тежок е почетокот, после е полесно кога ќе ојача и цица убаво.
Штом цица и заспива не е најадено, затоа се буди и бара пак да цица. Ние втората недела кога преминавме само на доење исто правеше, па вклучивме и дохрана. Сега сме скоро два месеца(следната недела), само на доење. Кога ми се успива при цицање, за половина час бара пак да цица, ако си цица убаво и активно на два, поретко три часа бара пак да цица.
Па еве пробувам да го будам ама мислиш успан е 2 дена ќе спие, а кога ќе цицне поише ќе земе ќе мрда или ќе плаче од грчевите, после тоа ќе се искака и пак плаче и се така во круг