Здраво мајки што може да се напијам, имам стомачен вирус а дојам. Од линекс само не ми поминува, дсли може фурал да се пие?
Девојки до кога болат брадавиците? Бебе е еден месец и денес на едната града ме боли УЖАСНО брадавицата додека фати но и после тоа само помалку. Болката се шири на целата града и грбот.. не е тврда, само баш како на почеток на доење боли, дури и поинтензивно. Пишете ако има некоја слично искуство
Вчера и денес и јас забележав дека ми се поосетливи брадавиците, но кај мене се уште се трпи. Исто и кај мене само што направи еден месец. Исто забележав дека почнаа доста да ме стегаат кога надоаѓа млеко, сигурно е некоја фаза што ќе помине. Да мачкаш ланолин после подој?
Баш така исто и кај мене. Кога надоаѓа млеко ме боли и брадавицата. Од старт мачкав на физидерм кремата за брадавици и некако многу лесно поминав ко за почеток. Сега веќе поретко ама изгледа ќе почнам пак. со првото дете не се сеќавам дека вакви болки имав освен на почетокот. Денес буквално цел ден си плачам.. А дали те боли само додека фати или цело време? Мене еве сега спие бебе, лежам и ужасно ме боли, дури и грбот позади
Брадавиците ги осеќам цело време почуствителни додека цица, но после тоа не ми пречи. Исто така и со стегањето додека надоаѓа млеко, и кога почнува да влече на почеток. Тебе те боли цело време, и кога не доиш?
Денес да! Цел ден ме боли. Незнам од што може да е, се истуширав со топла вода и намачкав од физидермот па ќе видам како ќе биде..си мислам може да е и од ноќеска и денес, малиов е некако раскенка, веројатно е првиот скок и обесен е на цице повеќе време.. може да е и тоа! Осети промена со скокот?
Брадавици болат најчесто од неправилен фат на бебето. Јас приметувам деновиве кога цица ако му се измести брадавицата и да ј анема убаво цела ареола фатено тогаш боли.
Да, ако повлече без да ја фати убаво, боли. Мене ме чуди што после болната фаза се смири и сега како на почеток да сме.. а и ме загрижува што боли цела града и кога не цица..
Можно да е до тоа ако почесто ти е на цице. Да имаш некоја грутка или запушен канал не ми се верува дека толку би те болело, а и сигурно би забележала... Се надевам дека ќе ти помогне ланолинот. За второво дете решив да не следам скокови, за да не се оптеретувам како минатиот пат. Од завчера забележав дека шара со очињата, доста се интересира за тоа околу неа, и почна да се смее
Нема грутки, баш вчера се масирав под туш. Во секој случај денес "лакше се дише" а за скоковите, јас па обратно. Со првото се си терав според бебе, ама ни на крај памет не ставав да пратам шо е како е по учебник. Сега со малово читам, пратам ама не се оптеретувам, пошо си ја знам главата, ќе барам "вошки" кај што нема
Бебе 3ипол месеци, уште од почеток сме на доење но последниве недела дена како да снемувам млеко. Бебе е нервозно додека цица, се врти на другата страна па пак се враќа. Пробав да се измолзам, собрав само 30мл. Предходно собирав по 80-100мл. Пијам лактамикс чај два пати во денот. Ве молам давајте совети како да си го зголемам количеството на млеко
1. Молзењето не е репер за тоа која количина на млеко ја имате во градите. 2. Веќе се воспоставува лактација и затоа не молзите исто. 3. Околу 12 недела постои криза во доењето што може да резултира со намалено млеко (имаме пишувано низ форумов за тоа, не знам дали ќе успеете да ги најдете муабетите). Се што може да направите во овој период доколку сакате да продолжите да доите е да не посегнете по АД, да доите на двете гради секој подој за бебе да се најадува, да доите почесто доколку бебе бара, лактамикс и лактил (јас повеќе лактил пиев од лактамикс). Кај нас траеше 10тина дена
Супер, мило ми е што ти е подобро, те очекував да пишеш како е ситуација денес. Сите со вторите го правиме изгледа она што не сме го правеле со првото. Јас знам дека многу се оптеретував, леле ете иде громчето, сега ова да очекувам, тоа, и цело време бев под притисок а вака ми е полабаво.
Кога ги видов громчињата, толку беше знам дека ке ме бодат и само си зборам да не забегам. Уште е мало, не сум ни свесна дека допрва доаѓа "журката", така да сепак мислам дека нема да им се дадам на апликацииве. Абе шубаво со првото и кога имаше скокови (не ни помислував на нив) си го пратиш и толку, ова сега се нешо барам бубачки.. блиску сме со бебиња, ќе ти досаѓам почесто