Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    348
    Пол:
    Женски
    Лохии може ти се ..треба да те види на ехо док.
     
  2. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    720
    Допаѓања:
    895
    Пол:
    Женски

    Јас сега ги пиев тие капки а немам ништо крварење ниту се појави
    И со доење сум ама требало да не доеше првите часа од пиење на капките ама тоа е поврзано со бебето не со крварењето
    А иначе многу често се појавуваат така крварења
     
  3. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    348
    Пол:
    Женски
    Хм..
     
  4. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    1.683
    Пол:
    Женски
    Знам дека треба да отидам веќе, но чекам да запре скроз. А што се лохии нема да те прашувам, за да не си набијам некој нов страв.
    Минатиот пат (после првото породување) вака нешто беше, закажав кај докторката затоа што мислев конечно запрело, па протече токму на денот на прегледот, па докторката ми закажа повторно преглед кога скроз ќе запре. Никакви капки, лекарства не ми препиша тогаш, а бев после 6 недели сигурно.
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    3.112
    Пол:
    Женски
    Убав совети ти дала членката погоре
    Плус во однос на одмолзување ,веднаш откако ќе заврши со цицање дури и ништо да не вади пумпицата стимулирај некои 5 минути и зголемувај секој ден. Така правиш сигнал дека треба повеќе млеко да произведуваш.
    Боза ,протеини ,почесто јадење помалку оброци мнооогу течности.
     
    На Малечка Малинка му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Karanfilce14

    Karanfilce14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2022
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    549
    Околу крварењето иста сум и јас. Има нема има нема. 3 месеци како сум породена. Бев на контролен преглед матичниот вика во ред е се внатре ке добиеш кај и да е ама еве месец дена помина уште ништо. Некогаш кафеав исцедок некогаш како циклус кратко ама ништо конкретно.Вагинално не ме прегледа само со ехо.. вагинално на 6 месеци ми кажа
     
  7. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    348
    Пол:
    Женски
    Јас обилно крварам ..крш а денес пробав да се молзам млекце едно лажиче ништо ...се убив од плачење мн сум под стрес од се ..се напив таблета за лактација и чај ..а вчера рота прими бебево и многу е плачлива плус со млеково вака сега..хаос
     
  8. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    1.767
    Пол:
    Женски
    Стресот само дополнително влијае на млекото, така да, знам дека е тешко ама пробај смири се.
    И нешто што мораш да знаеш е дека молзењето не е репер колку млеко имаш. Пиј чаеви почесто колку што смее и лактил таблети исто, течности, протеини. И уживај во бебка, гушкање, ставање на града, ќе имаш млеко само смирено :)
     
    На Simon4e0507 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  9. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Здраво, имам прашање до тие што пијат Лактил капсули и чаеви за лактација. Дали ги пиете додека се воспостави лактација и после ги прекинувате/намалувате или си продолжувате целиот период на доење?
     
  10. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    3.112
    Пол:
    Женски
    Амаа тој збунет поглед кога дреме на дојка и ќе зборнеш нешто па ќе ја рассониш... :inlove:
     
    На Autumn Love, Liza38, SimV и 3 други им се допаѓа ова.
  11. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    1.767
    Пол:
    Женски
    Додека да надојде млеко, после тоа можат само хиперлактација да направат :)
     
    На Tulip023 и naturally им се допаѓа ова.
  12. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.771
    Допаѓања:
    6.306
    јас да пишам пак, пишував пред една недела дека малото само 600 грама имаше качено вториот месец и ни рекоа за една недела пак на мерење, сега качила 130 грама за една недела што пак вика педијатаров дека е малце.... јас вака млеко имам, вчера баш бев излезена маж и давал замзнато, кога дојдов дома за 4 саати преполни ми беа градите, она цицаше од едната од другата измолзев 120 мл и замзнав, не знам не верувам да е до млекото, цело време заспива на цицка... шо да и правам
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    1.767
    Пол:
    Женски
    Мене единствен совет што ми го дадоа во оваа ситуација беше да давам 1-2 шишиња измолзено и тоа тие за преку навечер кога се буди, ем да не се мачи она, ем да сум сигурна дека одредени количини сигурно ги пие. Со тоа што јас ова го правев само во периодот кога се уште бевме со силиконска и нит можевме убаво да се наместиме, навечер заспиваше што викаш наместо да цица, и сл.

    Така што ако ти е на мисла заради качувањето можеби таа варијанта да ја пробаш, ама како што ти спомнавме тука, од АД немаш потреба штом имаш млеко :)
     
    На Anaroz1 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  14. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.771
    Допаѓања:
    6.306
    мене ми рече да и направам тест со чај, да и дадам да цица и после откако ќе се нацица да и дадам чај, ми вика ако е гладна ќе го испие одма, еве сега и направив не сака ни да го проба, го трга шишето од уста ...
     
  15. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    1.767
    Пол:
    Женски
    Мене овој совет ми го дадоа за да качува повеќе килажа бар на почеток, а чај никогаш не сум понудила. Ама ги пишав, и после тоа продолжи да не качува многу, ама еве нема гајле. После 3 месец матичната ми рече штом е активна, весела, си цица, си спие едноставно бебето качува помалку и тоа е тоа :)
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.771
    Допаѓања:
    6.306
    овие две ќе си бидат манекенки изгледа :D
     
  17. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    1.767
    Пол:
    Женски
    да ти кажам ни јас ни мм не сме биле манекени и не ми е јасно од каде ова ама што да и правам :D ама троши бе, по 3-5 пати на ден кака, така да што ќе изеде одма излегува, брз метаболизам :D
     
    На Трагедијаупмм и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  18. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.771
    Допаѓања:
    6.306
    ни мене не ми е јасно зашто првото ми качуваше по кило ипол месечно, баш беше дебело бебе, а еве ова скроз друго, денес три пати какаше и она :drunk:
     
  19. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    3.112
    Пол:
    Женски
    Епа ете какањето има влијание.
    Мене првата ми е така значи негде 8-9 м имаше кога почна со стагнирање и еве ден денес е на долна граница со килажа и уште се случува 2-3 пати во ден да кака :D.
    Пробај да ја нудиш почесто чисто за проба.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.928
    Допаѓања:
    7.892
    Пол:
    Женски
    Јас со второво дете видов многу мака со доењето. Секакви перипетии доживеав, од камен гради и затнати канали на почеток, нефаќање па факање града, па заборавање како се цица, мастит минатата недела итн. Е сега нешто 2 дена знае да цица, за чудо! 3 ипол недели е. Поради сите перипетии со доењево уште пие ад, само јас не знам дали и колку му треба. После цицање денес 2 пати му давам по 60мл, ги пие како да не видел, после повраќа скоро се што испил. Гладен е или само лаком? Јас имам млеко, цица цело време тече ама ред никако да фатиме со ништо. Уште пак да заборави да цица и веќе да се пратам во лудница.