Кластер период, споен со грчеви и некој скок. За жал ќе почекаш да помине, нема друго решение. Со лесно мајка.
Истиот проблем накачува килажа, супер напредува,само на мајчино млеко е ама мн мрда навечер дури спие.3 месеци полни има оди накај 4. Пробувам со цуцла лажливка да му ставам зошто измачувачко е.
Истооо, периодов во хаос сме со спиење навечер. Промена на средина можеби ама пак денски е премиерен и спие повеќе, нема кој да го гњави, сами сме по цел ден, ќе дојде мм ќе го подржи и пак ме бара за цице. Денски ми спие во количка два три сати и тукс мислам дека лежи проблемот, башка си дремнува кратки дремки преку ден и во 19:30/ 20:00 сме заспани, спие два три часа врзани и после тоа будење на секој час час и пол макс, во 5 ококорен весел за игра, некогаш кемка, неколку дена се помислив за формула ене ја седи водата зовриена на низок старт ама си велам ќе спие вечерва и така си се лажиме секоја вечер. Овој месец да напоменам дека не стави на килажа како претходно, само 400/500 грама за 25 дена. А весел си е само се смее, бевме на педијатар тука во Германија и докторот рече дека е презадоволен од неговиот развој, да продолжам со доење, дека напредува супер, 6 кг е три месеци на 4 Ноември направивме. Ми даде две пакувања формула и ми рече да пробам да дам навечер за да видиме дали е глад во прашање, ама пакувањата се хидролизирани формули, ( алтера и тос инфламино како и да се вика) ми рече можам без проблем да давам ама шо знам некако шубе ми е, да не направам поголема беља
Изгледа од навика се будат, твоето барем врзува и преку ден, ова ич и многу истоштува.. пробај со формулата ништо не губиш.. Грчеви има?
Има гасови многу, еве го баш сега ми е на града и му кркорат цревцата и си пртка, тоа го буди цело време. Му го прекинав сирупот биотрина исто по препорака на лекар и изгледа ќе му ги сменам и капките, му давам бејбитол ама ќе смениме на вигантол.
Јас waya сменив и супер е. Да исто, го земав до мене џабе и му се спие и не продолжижува да спие дури не цицне
Може 2-3 пати да е глад, другото е навика и неможност сам да презаспие. Мојот е 8 месеци па уште се буди, сите деца се различни. Пробај со формулата ако толку ти е на мисла, јас пробав еднаш така и цела ноќ не спиевме од грчеви плачеше и уште еднаш не ми текна.
За доење неможам да ти кажам дека доев многу малку, не ни вреди да се спомни. На формула сме новороденче. Еве го 9 ипол месеци е веќе уште станува за млеко 2 пати. А кога беше помал, многу почесто. Сакав само да ти кажам да не очекуваш нешто магично дека на формула нема да ти станува мајче. Повеќе стануваат од навика. Ама сепак вие уште сте малецки и уште му е потребно навечер цицање. Пробај со формула ако сакаш па види, секако не губиш ништо.
Ние сме на доење ама прифаќа и формула малава. Пробував и јас такс пред спиење да и дадам мислејќи нема да станува и ништо не смени. Еве 7ипол месеци е па уште станува по 3 пати, во скокови или дур вадеше заби и почесто. Навика им е млекцето и го бараат како најлесен начин да презаспијат. Твоето плус е малецко уште, до 6 месеци е сосема нормално и од глад да станува, така да можда ќе ти врзе некој саат плус со формула ама цела ноќ тешко, ретко кое бебче преспива
Девојки дали некоја од вас пие Моринга капсули, како сте задоволни и од каде ги купивте? Прочитав дека органски треба да бидат.
Изгледа јас се приклучувам на група мајки што ги цицаат децата Синоќа бев кај другарка, свекрва и патронажна. И зборам каков проблем имам( ако некој ме читал знае дека се измолзувам и и давам) ми вика тргај прслукот зимај детето. Луѓе одма фати, малце со кенкање дека непознато ама преубаво чувство. Сега ја сфаќам @Baby warrior кога пишуваше дека ужива да ја гледа додека цица. Ќе цицне, па ми гуга, ми се смешка. Навечер планирам да и давам од шише зашто уште не фаќа добро кенка се нервира ама овој пат ќе бидам многу упорна. Мислам дека значи и што сега е поголема има повеќе сила да влече. Ми вика патронажнава , да видам некој да се труди три месеци да зачува млеко браво, затоа викам или ќе процица детево или нема друго нема шанси.. Сфатив што ми е грешката, ќе пробувам. Не се доцицува зашто се нервира и не знам колку често да и давам да цица. Од шише ми пиеше на 2 ипол три саати. Треба почесто од тоа да ја ставам или?? Мнмн сум среќна ептен ќе ми е мило ако цица детево.
Баш ми е мило, да си имате успешна доенечка приказна . За саат никогаш не гледам, давам секогаш кога ќе побара, тоа е некогаш и после саат.
Кога беше помала околу 2 саати издржуваше без проблем, ама града сум давала и за смирување и за заспивање. Сега(9+) со храната поретко цица може и на 3-4 саати. Секоја чест за измолзувањето ужасно е тешко да се молзиш и да оджиш лактација така. Го минав многу кратко тој пат. Сега ќе ти е многу полесно верувај.
Ствај ја секогаш кога ке ти побара или почесто а ке се навикне. Ако е уште гладна пак можеш од шише да ја дохраниш додека се навикне ном стоп од града. Тоа што се нервира може д е од што треба повеќе да влече од града а може и да и е галама додека цица или да сака да ждригне. Обично моево сака на раат да си цица без дистракции и ако се нервира змам дека треба да го кренам да ждригне па да продолжи. Дека со влечење немаме проблем. Инаку не мери време за подој кога од града ке му даваш туку кога ке посака тогаш дури и на пола саат да е. Моево ном стоп бараше и јас исто се консултирав со птронажна и милион луѓе да не нешто не е во ред. Ми кажаа така треба со доење. Ако е на АД тогаш се гледа саат
Многу ми е страв да не почне да ссе нервира и да ме фати жал и да и давам од шише. Ама реков овој пат упорна ќе бидам. Преку ден цицка ако треба цело време. Многу ми е мачно измолзувањето. Кај и да мрднам со неа се враќаме дома за 2 ипол саати зашто иначе градиве камен и топчиња. А јас и измолзувам мн млеко, до 200мл од сесија.. Жал ми е зашто знам дека пумпа не стимулира како бебе. Ама и она интересна ме гледа со очињата па ме фаќа со рацете ама некако бара. Се враќа цело време по цицката знае дека и е убаво. Фала богу многу би сакала да ја дојам, ептен ми беше мака што не можев. Навечер оваа недела ќе и давам шише додека фати шема со цицањево. Ако ја приметам дека не и смета веќе ќе тргнам и навечер шише. Се е подобро од измолзување.. Предосадно нешто ама што да правам..
Епа у глобала до сега имаше , кај моите сум братчево помало само кружи она се деконцентрира и гледа околу се ја интересира. Ќе и давам цело време кога ќе осетам дека бара. Се надевам ќе успеам овој пат.. Да почне да цица на 3 месеци било возможно..
Си пробала ли со силиконски брадавици? Не знам точно како функционира тоа ама сум слушнала дека помагаат за дете подовро и побрзо да почне да фаќа.
Да.. И на чико и на мадела. Не сакаше ич. Сега и без тоа си голташе убаво. Мислам дека е поголема и посилна. На почеток имаше и жолтица и ужасен фат. Не знаев како.