Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.126
    Допаѓања:
    78.075
    Пол:
    Женски
    И антитела, ft3, ft4, tsh сите ги провери? Ако имало промени, обично оди во прилог на хашимото, тогаш антитела се покачени... Ако се испадне океј, може да се и анксиозни напади некои... И тоа сум имала, со слошување, со све...
     
    На Feniksgirl и naturally им се допаѓа ова.
  2. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.051
    Допаѓања:
    5.148
    @Feniksgirl И јас помислив на паничен напад, дали провери хеликобактер? И таа дава гадење и намален апетит.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.043
    Допаѓања:
    26.015
    Пол:
    Женски
    Бебка ја дојам 6.5м. Уште од стартот имав повеќе млеко во десната града, ама досега наизменично ја ставав и на двете гради, значи еден подој една града. Последниве неколку дена забележувам дека на левата града ми е намалено млекото. Таа града од старт попразна ми беше, ама сега ми се чини ептен празна е, и малку и е на бебка на еден подој само од таа страна да цица, па ја местам и на десната да се доцица. Млекото особено е намалено после 16ч, ама само на левата града.

    Исхраната ми е балансирана, месо, јајца, риба, зеленчук, мешункасти, овес, цедени сокови, сок од јаболко - исто се хранам од старт.

    Дали ќе ми помогне ако пијам Лактил таблети?
    Чај за доилки не пијам веќе 4м.
     
  4. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.609
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Да, одлични беа хормоните, ми рекоа ќе следиме на 6 месеци, заради промените на ехо. Па јас сум поминала низ анксиозност, не е тоа, за жал знам многу добро како изгледа паничен напад.

    Немам никакви симптоми за хелико, не сум испитала. Што треба да имаш од симптоми?
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.041
    Допаѓања:
    11.469
    @Feniksgirl +1 за Солгар пренаталните јас за месец дена осетив разлика со нив за разлика од претходно, многу повеќе енергија и живот имам, а бебето не ми спие.

    @dummy кога почна да јаде 3 оброци и 2 месеци откако добив циклус ми се намали апетитот и конечно почнав да слабеам, од 8+++. До тогаш грам немам симнато оти постојано нешто ужинкав. Сега цица по цела ноќ ама пак не сум толку гладна како претходно.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.051
    Допаѓања:
    5.148
    Болка во желудник но не е секогаш симтом, гадење, намален апетит, подуеност. Нема некој симтом карактеристичен да се издвојува.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    766
    Пол:
    Женски
    Те прочитав Феникс иста сум и јас, после 2 месеци постпартум почна да ми се слошува од памет се вадам. Наеднаш ќе ми се сврти и ќе снемам сила мислам ќе колабирам. И 0 енергија, дури и кога сум наспана. За нијанса е подобро кога сум наспана ама ова наглово слошување ептен ме бедира па дури си набив страв да не го шетам предалеку од дома за да не припаднам некаде. Крвна слика проверив се, освен тироидна. Хормони за време на доење ми рекоа не се испитувале. На ехо исто се беше добро. Јас цело време мислев од железото ми е зошто многу искрварев на пораѓај ама од суплементите за железо 160 сум го качила хемоглобинот дури, ми рече докторот одма да прекинам се. А за тироидна се испитува најубаво на ендокринологија или на патофиза во 10 сабајле. Тогаш се најрелевантни резултатите ама никако да успеам да стасам за тогаш да ги проверам. Мене ме убедуваат исто дека е анксиозност и панични напади иако мене не ми личи така ама почнав и јас да си мислам дека вистина е тоа. А дали паѓа шеќер освен апаратче да си купиме нема др начин да се провери.
    И притисокот ми е низок, пијам електролити и лимон цеден со сол и мед обично така добро ми било, сега ништо.
    Мајка ми ми кажува дека исто и било, 16 месеци ме доела и дури се има онесвестено 2-3 пати после 8-9 месеци доење. Дека ептен млитаво се чувствувала и има снимано и глава во тоа време и испитувања и ништо. И се средило откако престанала да дои па се надевам и јас дека ќе се среди тогаш, не знам.
     
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.609
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Јас сум 100% сигурна дека ми е од доењето, си го познавам телото. Цел живот низок притисок, јас со нормален не функционирам. Тироидна на државно испитав, супер се резултатите, ехо има промени ама хормоните беа пресудни ми рекоа, следење на 6 месеци. Крвна слика 155 хемоглобин… на пораѓај 175 ми беше, се ми прекинаа под итно, не пиев ништо медец дена, па контролна крвна слика правев дали се намалил, ако се немаше намалено сакаа да ме пратат на хематологија за понатамошни испитувања или да дарувам крв. Стварно се е супер од сите резултати. Ме исцрпува доењето, ама не можам да прекинам, зашто лежевме во болница и од таму не испишаа со препорака да ја поминеме зимава барем. Ако начекаш некој колабиран на улица, јас сум.:bug:
     
  9. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.577
    Допаѓања:
    5.443
    Пол:
    Женски
    Пиј вода повеќе Феникс, прави си електолити оние за бебе и пиј на работа. И види притисокот како е во тие моменти дане паѓа и е низок.
    И може работа и доење бара малку појака храна па ти паѓа шеќерот. Друго незнам ако крвна слика е добра.

    После бременост купи Ашваганда, не се зема во доење. Адаптогена билка намалува стрес и кортизол. Купив ќе почнам да пијам кога де враќам од Германија. Праев пауза за жолчкава.
     
  10. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    6.471
    да не доби циклус? мене така со првото ми беше, па добив и секој месец кога имав добиено иста песна :drunk: сепак се доевме есклузивно до година, сеа со второво каша попара сум, имав премногу млеко, па запушени канали, качи кило ипол првиот месец, па изгледа почнав да снемувам млеко, па почна малце да качува, чај уште пијам. се мислам и јас да ги земам таблетиве, не сакам да се откажам од доење, а добра ми е исхраната многу пазам шо јадам, пијам течности, не можам да сфатам од толку млеко, како може да се намали:?:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    337
    Пол:
    Женски
    Дали кога имаше добиено пиеше нешто дополнително? Јас еве два месеци веќе добивам и забележав дека додека ми трае е понервозен додека цица, бара почесто, цица подолго од вообичаено..па се мислев дали барем за време на циклус пак да вклучам чај или Лактил.
     
  12. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    6.471
    пиев и лактил и чај
     
    На Tulip023 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    337
    Пол:
    Женски
    А пиеше само за време на циклус или постојано? Извини, те нападнав со прашања
     
  14. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    6.471
    пред да ми дојде прв пат почна она да се понаша нервозно, јас цело време молзев и секогаш имав многу млеко, тогаш пробував и не можев ја извадам ни 10 мл, одма ги почнав таблетите, ги пиев месец - два и искрено не осеќав некоја разлика како шо осеќам со чајот и ги баталив, после сфатив дека секој месец кога имам добиено се намалува млекото, ама немав проблем пошо она си напредуваше супер
     
    На Tulip023 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.256
    Допаѓања:
    47.066
    Пол:
    Женски
    Од што поминуваа тие белите како пликчиња што се јавуваат од доење?
    Јас имав на почетокот ама скорз сум изумила како минаа, сега снаа ми се мачи не знам каков совет да и дадам.
    Мајки?
     
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.256
    Допаѓања:
    47.066
    Пол:
    Женски
    А анемија и шеќер имаш испитано?
     
  17. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.609
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Да, се е супер.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.009
    Допаѓања:
    1.617
    Пол:
    Женски
    Од умор и неспиење, ако доиш претпоставувам навечер цепкано спиеш, исто ми се заврти и мене неколку пати и на ургентно завршив оа во интерно, си мислев ме швркна нешто, измерив во моментот притисок подкренат беше, после се стабилизира.
    Од време на време пак како да губам рамнотежа, како кога ќе слезиш од лифт е така се осеќам, а и како да не се осеќам во четири месеци немам врзано три часа сон.
     
  19. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    1.125
    Пол:
    Женски
    Феникс ако бива, бива ако не тоа е, мисли малку и на себе. Не си ставај товар дека мора и готово. Ете ви рекле така на доктор и знам сигурно дека го сакаш најдоброто за своето дете ама мораме малку и на себе да се посветиме, 1 година си ја доела ете големка е твојата, можеби е сега време да обрнеш на себе внимание. Ако мислиш дека ќе ти помогне ако ја одбиеш, одбиј ја. Секако одбивањето не се случува преку ноќ. Минимум две недели ќе ви требаат. Нуди ад прво ако не си за кравјо ете како поблизок вкус на мајчиното млеко и поздрава опција. Некаде прочитав дека мајката додека дои губи доста од густината на коските поради тоа што на бебето му треба повеќе калциум, а после доењето се враќа во нормала (можеби има нешто врска ова со вртоглавиците).

    Да не те обесхрабрувам, ако е за тебе опција да ја одбиеш, да ја споделам јас мојата приказна околу одбивањето. 6 месеци е мојата и не по моја воља морам да ја одбијам зошто треба да правам операција. Пробував доста време со различни ад млека не сака да чуе. Кое и да и го понудев од сите се мршти и ми ја бута раката, го бута шишето. Изгледа ќе тераме вака до кај 9,10 месеци да почнеме со ужинка па веројатно тогаш ќе дојде време за мене само се молам да не се искомплицираат работите до тогаш.
     
  20. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.609
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Не прифаќа никаква течност освен моето млеко… пробано е се уште од 6 месеци, не сака никако.. еве да те утепам и јас дека нема ни да прифати ад… ако е ко мојата.