И да не му дадам исто е, тоа веќе што е уморно и му се јаде и меше го боли ќе цицне и ќе заспие кома и потоа ќе почне да ги витка нозете да прави напори за какање и се буди плаче и пак цица малку и ем не најадено ем не спиено и треба само така цел ден што не е изводливо, ем тоа се мачи не спие ем јас веќе нервозна не се издржува нз ккао имам млеко пошо се заборавам да јадам и пијам и ми се привртува
Да да му давам сега инфаколик и чајче со нурсе харви ама мислам тоа е проб ем не најадено ем му се спие... па се во раце и толку само во соба со него и ќе се заборавам
Нема потреба да го мачиш и да се мачиш. Си пробала не бива, затоа има АД и готово. Да е најадено е најбитно. Не си помалку мајка ако не доиш.
Нека ти направи некој друг што е дома или кога ќе заспие јади. Не знам како го даваш нурсе харви ама може да прави поспаност кај бебињата. Ако ти заспива на града скокоткај го за ноџињата да се доцица па после да спие. Погоре праша не знаеш како уште имаш млеко пошто не јадеш и не пиеш и ти се врти. Телото на мајката го приоритизира здравјето на бебето уште кога е во мајката. Така телото прво произведува млеко за бебето а мајката е во втор план. Затоа имаш млеко а тебе ти се врти и ако не јадеш на себе си правиш проблем а не на бебето.
Не е убаво да запаѓаш толку во лош филм и да забораваш да јадеш. Моево бебе нема многу грчеви ама знам многу убаво како е да спие во раце цело време, двете ми се такви. За јадење ќе јадам со 1 рака некако, него како ќе одам до вц . Исто сум сама со бебето практично цел ден и те разбирам како можеш да се изгубиш, ама стај си во глава дека ова е само привремено. Е сега првото дете ми е ексклузивно доено и немав мака со него, не пиеше од шише никако ни мое ни ад чувај боже да не се одбие. Со ова едноставно не ни кликна така доењето од старт, и немам проблем да му дадам мое измолзено, ад и слично иако претежно го дојам. Ама детево друго е со мене цел викенд а бебево да ми спие само на града по цели денови, мислам дека не е фер спрема него. И да, не е крај на светот. Прави како што сметаш дека е добро за вас двајцата, мајка под стрес е полошо од едно шише ад.
Во малку чајче бекутан така прочитав негде инаку прво ми е и се вака сама што читам, качува на килажа ама проб е тој со цицањето и не спие ич тој пола час го спие и че се разбуди со плачење и напони за да прдне и пак сака да цицне и ова веќе трае... на пед викаат тоа е поосетливи му се цревата ќе помине... инаку го скокоткам за ноџетп, по увцетп, кај устата за да цица ама ќе цицне и пак престанува и си го чува млекцето во уста и ќе голтне и ккао да се дави и се трга од града и го поткренувам за здригање ќе го легнам ајде за пак да цица нее брее кома е и после 15мин ете го ќе го стрекне грч и плаче и пак се нурка да цица, во мегувреме во раце е нели за да се успие убаво
Не гледам јас тука проблем за да прејдеш на ад. Грчеви и сама викаш дека има ете и од педијатар ви е потврдено. Сака контакт дремки нејќе сам, и мојата беше таква кога имаше грчеви само врз мене сакаше да спие. Може и сте во скок. Период е ќе помине. Проблемот не ти е за да прејдеш на ад според мене, и сама кажуваш дека имаш млеко.
Да да млеко имам, а има ли некој начин да знам дали е најадено? Барем една дремка да има подолга да се касне нешто набрзинка...а нурсе харви како сте го давале?
Ама друго е ако нема млеко. Но, членката има млеко. И се намалува приквечер и затоа се потрудивме, и јас и другите членки да помогнеме, да проба да стимулира. Не мора одма ад. @Guns N` Roses пиеш чај за доилки? Лактил капсули? Можеш со и безалкохолно пиво да пробаш, се создава така млекце.
Ако гледаш дека е активно, свесно, среќно, значи е најадено. Ако е цел ден на града значи нема шанси да не е најадено. Плус рече крева на килажа, тоа ти е најдобар показател. Нурсе харви не сум давала, само саб симплекс и еспумисан, тие се исти како инфакол на база на симетикон. Знам дека помага нурс харви ама јас не би претерувала со него. Пишува во упатството како да го даваш. Не го давај пречесто ти е мој совет, само ептен, ептен кога има проблем. Можеби тоа е причината што заспива.
Не го давам често, сега деновиве по еднаш на ден, инаку заспива така цело време откако е родено... па не е баш секогаш расположрно и да дека е цело време на града качува кг ама вака ли цело време би било? Реално нипто нр може да се сработи, пример на забар не можам да појдам пошо тој не се најадува така, само си каснува хахха, со скокоткање и други будења џабе
Ќе пројде период е, дур се малечки сите се по цели денови на цице. Знам изгледа како вечност ама ќе пројде периодот верувај
Период е, нема секогаш така да биде. За месец, два ќе влече поефективно и ќе се најадува побрзо. Ако не се буди со скокоткање пресоблечи го за да се доцица. Јас на забар отидов кога имаше 5 месеци, со татко и ја оставив на 1 саат. Ако цицало до тогаш за кратко без цицање нема ништо да му биде. Или ако прифаќа шише измолзи се па некој друг нека му даде додека те нема.