Здраво мајки Бебето е 3.5 месеци, откако наполни 3 м почна многу да ја врти главата и да ги гризе брадавиците при доење, за 3 недели качи 400 гр, тешко заспива навечер,а денски скоро и да не спие. Педијатар предложи да воведам дохрана, бидејќи не напредува доволно( досега немавме претходно проблем до килажа и доење). Бебето подобро спие со дохрана, најверојатно сум немала доволно млеко, пробав да се одмолзувам и сега се помалку млеко имам. Како да ја зголемам количината ?
Пред да се скокне на дохрана се мери прво трансфер на млеко т.е. се мери бебето пред хранење и после подој, се следи 24часа па се носи заклучок дали да се додаде дохрана. Спие навечер затоа што дохраната е покалорична. Лек за доење е стимулација нон-стоп бебе ан града, чај за лактација, Лактил таблети. Молзењето не е репер за количината на млеко што ја има мајката. Некои мајки не може да извадат повеќе од 30мл, а дојат години. Вие сте во пикот на регресија и шансите дека не спие од тоа се големи.
Погоре прочитав дека ако се дсва комбинирано предизвикува грчеви, од кај ви е тоа инфо ? Единствено ако се прејади бебето па тоа да му направи проблем на меше, да му дојди многу и цице и ад. Јас два пати дадов оваа недела ад, еднаш ја претерав сп дозата и бебе се осети одма дека му е тешко, сабајле ја наполна така пелената како никогаш досега. Јас почнав да давам оти сметам дека не се најадва од моето млеко, два пати дадов два пати сон врза по три часа. Морав да поспијам, здрава мајка здраво бебе, тоа многу педијатри ми го кажуваат често. Ништо нема да му биде од едно шише 100 мл навечер, претходно пет мин на цице го држам.
Повеќе зависи и од кое млеко, ние откако го сменивме Хипот со Бебелан нема грчеви. Кај мене не се најадува од моето млеко, вчера цицаше па измолзив плус 30 мл и го дадов и толку, кога си ја писна да плаче, врти ја низ соба, играчки, песнички, накарај направив млекце ад си испи и се смири, лакома е многу и се јаде, кога е будна цело време е во акција, не мирува ни 5 минути, тоа трошење на енергија си бара и јадење.
Мене педијатар ми има кажано ама и пред да ми каже гледав што му се случува . Моето немаше ни месец кога дадов навечер за да поспиеме и ете не спиевме од грчеви цела ноќ. Твоето е веќе големко, прилично е созреан дигестивниот систем. Давај си ако ти е полесно, јас си имав зацртано во глава дека секое давање на формула е намалување на производство на мое млеко и искрено имав аверзија. Сега ми е ок да дадам, ама не прифаќа.
И мојата на почеток од болница не пиштија со препорака за комбинација мајчино плус аптамил … тие првите 3недели за цел живот ќе ги памтам многу плачеше со маж ми низ цел стан ја нишкавме ја вртевме сами двајцата прв пат со бебе без никој помош и јас бев сигурна дека од ад и беше некоја тегоба. Така цврсто застанав со став дека кора да успеам да бидеме само на цице и молзев и ја ставав на града за да продуцирам млеко повеќе и издржав се префрливме по 3недели само на мајчино. Еве 6месеци цица од мене… има испади често да плаче на града ама упорна сум и сега со кашичките се надевам ќе успееме и тоа да го пребродиме и да преминеме здравје после една година само на храна. Тежок беше мојот пат на доење ама мн сум горда и на мене и на ќерка ми. Како расте секој ден е полесно така да и јас имам чувство дека комбинацијата на некои бебиња им е тешка.
Кажано ми е една недела 3х2 ама што читав не е баш така, и како што викаш полека треба да се откажуваат. Колку време ги пиеше ти, имаше ли нус појави, и најбитно имаше ли ефект?
Јаа го забележав истото првиот месец кога бевме на комбинирано, прво бевме само на комбинирано, кога почна да цица и ад плачење, вриштење, грчеви, кога преминавме само на доење се намири. Сега кога почнавме пак со ад истото, грчеви, плачки, многу подобро е да е само на доење, јас еве се форсирам ама толку е млеко, ја ставам на града, а и она сака, измолзувам, пијам течности, јадам, ама толку е. Се надевам барем до 6-7 месеци да имам млеко да ја дојам.
Исто и јас, а најчудно од се ми е што првата недела не давав ад никако, дете вриштеше и пак напредна во килажа. Давам две до три дохрани дневно по 90мл, треба да пие 120 инаку, и ок напредува. Измерив подој, имам вага, само 60мл од двете гради и тоа кога мислев дека ми се полни. Педијатрите ме терат да избацам дохрана а не знам како да им објаснам дека јас млеко за асален подој немам.
Ако сметаш дека треба да имаш повеќе млеко тогаш мора да се молзеш на секои 3 саати 15 мин една 15 мин друга града. Тоа што ќе измолзеш дај му го на бебето место дохрана и така полека ќе се префрлите од комбинирано на ексклузивно доење. Фала Богу едни асални педијатри да советуваат доење а не сите ад па ад. Сум приметила сите што се породени во Ремедика ги советуваат после секој подој да даваат ад и така мајките го губат млекото баш тогаш кога треба да се воспостави лактација. Градите не се резервоар туку од жлездите се лачи млекото колку повеќе се стимулирани толку повеќе се лачи.
Проблемот е што јас после подој молзам 5мл, а кога молзам у замена за подој 30-60, ама практикувам како и да е, три месеци веќе дете ми спиеше на цицка, пијам све на пазарот што се нуди и тоа е тоа
Не можеш да очекуваш веднаш по подој да има мн млеко, препораката е барем 30мин откако ќе цица бебето
Дали е можно млекото да ми секне од еднаш? Од вчера сум со стресови, ниту јадев ниту пиев. Синоќа цицаше се беше океј. Денес се докрајчив многу се изнервирав до крајни мерки и ја ставам бебка вришти плаче. Се молзам после тоа нема ни 20мл. Не сакам да поверувам дека така брзо ми секна млекото. Се убив од пиење од тој чајот ама многу ми е страв стварно да не се изгубило.
Не ти е секнато. Од стресот може нема млаз. Опушти се истуширај се со топла вода или направи си топла купка.
И мене ми се случува кога ќе се изнервирам наредниот ден да има послабо млеко, пиј вода, овесно млеко и овесна каша, пробај да се опуштиш и гушни си го детето голо на голо, не се секирај и јас така си плачев дека сум го избгубила млекото неколку пати ама Јасна ми објасни дека млеко не се губи за една ноќ со години стои инпосле прекин на доење кај некои жени