Што направивте? Истата ситуација е и кај мене.. преку ден не цица ич, ноќе само. А во план сме и за одбивање...
Уште не сум почнала, ај денес ај утре, ама и низ муабет со блиски гледам дека не ги користеле при одбивање… и сега на два ума сум, може без нив ќе почнам па ако осетам потреба ќе почнам да ги пијам. Не знам ни зошто продолжувам со доење кога стварно немам млеко…психа
Откако ќе пројдете една ноќ без доење ако натежнат градите преку ден со зелка и често туширање со топла вода и блага масажа да не се направат грутки. Јас околу 2-3 недели бев со зелки... После се смири. Без апчиња
Првото ми се одби само на 12м.. апчиња не пиев ама тогаш баш намалено и ми беше. Со второто слабо имав, неа до 5м ја доев. Е ова е 17м... Се надевам нема да има потреба од апчиња... и јас како тебе денес, утре.. па сили немам за думкање, клацкање.. незнам како ќе ја успивам (заспива навечер со цице) Преку ден дремката и е со баба (на раб сум), она во количка ја клацка..
Дали некоја имала искуство со плиток фат на бебето при цицање и дали и на кој начин го решила? Првиот месец цицаше супер и наеднаш почна да клика со устата при цицање и не држи вакуум како што треба. Голта воздух, со тежина е ок, ама не цица добро. Повеќето подои се со кликање, секако пробав да го наместам, не помага.
Пробај во фудбалска топка фат, нас тој ни беше најзгоден за подлабок фат. Али колку и да се мачев на крај како потпорасна така се оправи тоа
Исто, како потпорасна почна поубаво да фаќа, иначе пред тоа.. уште ми доаѓаат солзи на очи од болката. Таман тоа го средивме колку толку, почна со рачето да ја турка градата, со устата да тегне, среќа па и тоа помина хахаа
Дали смеам да направам рендген снимка дур дојам? Конкретно на ногата треба. Општата матична ми спомна дека не смеам ама по интернет читам дека е ок ама дека треба неколку саати да чекам па да дојам
Има заштитна облека со олово за доилки, се става пред снимање. Добро ајде тие повеќе си знаат, ама зошто не ехо? Неинвазивна метода е, па ехо правиме до крај на бременост и после бременост. Оди кај друг доктор.
Па ваљда ехо мислеа нема да има корист на таа повреда нема да покаже ништо не знам… Ептен ригорозни дури и серапептазе ми рекоа да не пијам за оток а матичниот ми кажа можам. Сеа шубе ми е било што
Зависи колкава е болката/отокот, дали ти се исплаќа ризикот. Јас имам пишувано дека пиев тајлол со псевдоефедрин исто со жолто ама не можев да функционирам, за да гледам дете.
Па не е голем среќа ама 2 месеци не мрда тврдо од што цело време сум на нозе затоа и реков ај демек да се снимам. Ми рекоа треба да мирувам повеќе за да се повлече ама со торнадово по дома што ровари нема мирување. Ќе пробам поактивно да се мачкам со појак гел и облози да ставам дека и за тоа забушавав па ќе видиме. Фала на совети
Дали мајки што доите по втор пат градите ви се цело време меки? Со првото ми беа доста потврди. Скоро 2 месеци сме, супер напредува и кога ќе стиснам дури и после доење прска. Само ми е чудно што ептен ми се меки. Неколку пати знаеа скроз да ми се напунат и да се трвди ама повеќе не.