Лактација имаш воспоставено ваљда. Со првото после 3 месеци така бев. Дај сега нека ми омекнат веќе аман
Изгледа, ама се нервирам пошто вака кога ми се многу потешко се измолзувам.. кога се потврди посилен млаз има и полесно вадам со пумпа. (Ми треба млеко замрзнато, за кога го оставам чат пат)
Го започнуваме пишувањево во темава Во првите 24ч го поставија на града 2-3 пати. Вториот ден го местеа они баш во добра положба и пак ми направи рагади. На нет се изначитав дека доењето не треба да боли, ако е добро наместено бебе… еве кај мене они местат, рекоа има млекце и пак боли ужасно Совети како за почетници?
Мачкај се ланолин. Мислам дека на почеток не може да не боли, првично сите имааг мака, после ќе се среди.
мајка кај сите боли на почеток, кај мене бебето убаво отвараше уста и цицаше ама треба време да стане онака лесно удобно да не боли пошто нели го цуца тоа место цело време и може и да се раскрвари и да боли. Најмногу ми помагаше да ги чувам голи без прслук и маица и мачкав ланолин од медела. Ќе биде подобро за недела до две. Ако осетиш многу болки и крварење стави силиконска некој ден. Нека не седи мн време на гради да заспива пример, додека цица чувај го после тргни го и тоа гледај да отвара убаво уста
Девојки што користите за нос грло кога сте болни а доите? Освен Aqua maris што можам друго да земам, ме гребе грло и се затнав скроз
Пастили само pantenol Спреј може сите на база на морска вода и слично Во мојот случај морав и оперил и калменте (кортико) ми кажаа дека било локално и дека нема удел Сепак прскам навечер кога има поголема пауза во доењето и да напоменам не сме на целосно доење пола доза ја пие ад на секој подој
На почетокот боли многу. Мачкај ланолин на медела во подебел слој после подој. Јас седев така без маица ама летно време беше август.
Мајки бебе има бели наслаги на муцето јас сега приметив и на брадавиците, по малку ме пецка кога цица. Него му ставам нистатин , јас што можам да се мачкам, ланолин не помага, дали да ставам нистатин на брадавиците ?
Боли на почеток можда првите месец дена ме болеше цело време па индо 40дена не ми текнува точно. Гледај да фаќа подлабоко од брадавицата така е понеболно, среќно мајка! Уживај во доењето
Боли првите дена, после месец дена не треба да боли ако бебето има правилен фат, ставај го убаво со муцето како рипче да го отвори инаку рагади ќе ти направи на брадавицата. Фати ја брадавицата и почекај го убаво да го отвори муцето и стави му ја тогаш градата, ќе се навикните со време само упорност, не се откажувај
Дали некоја од вас ги користи колекторите од Хаака и откако ќе соберете во што се става и чува млекото? И како го давате после. На сѕрсната не пишува баш
Јас ги користев школките. Додека доев од едната ставав колектор на другата и после подојот млекото во фрижидер (во шишенце или нешто друго стерилно стаклено/пластично). Тоа од фрижидер може да се користи 4 дена. Ако имаш ново млеко од колектор не го мешаш директно со тоа од фрижидер, бидејќи треба да се на иста температура за мешање. Или го ставаш во посебно шише во фрижидер па ги мешаш кога ќе се ладни и двете, или го вадиш тоа од фрижидер да се стопли на собна температура и мешаш така ама тоа треба да се искористи во рок од 4 часа ако е на собна. Можеш и да замрзнуваш, тоа до 4 месеци се користи. Јас замрзнав но само првите 2-3 ги искористив, после млекото имаше чуден мирис и бебе нејќеше да го пие (од дискусии на форумов сфатив дека имам high lipase milk) Да се дополнам: Најмногу ми користеше за подоите преку ноќ и рано сабајле дека тогаш ми се преполнуваа градите и додека доев од едната баш ми течеше од другата лом се правев
Честитки жив и здрав да е Нормално е да боли на почеток мачкај ланолин и види со силиконски брадавици мене тие ми помогнаа на почетокот.
Како што ти кажа и dummy исто правев и ептееееен и се најдоа. Јас уште си замрзнувам повремено за кога излегувам да имам да му оставам на маж ми да не брзам. Иначе тоа со мешањето на температурно различно млеко по најнови истражувања е неточно, сподели и Јасна пред некое време за истражувањето и читав и на странски форуми а и јас не го практикував и имам супер млеко зачувано со месеци - најмногу до 5ипол би чувала во замрзнувач. Ептен е корисна школката мене мн ми се најде. Исто и кога се одмолзував ја другата града напоредно ќе ставев школка и побрзо собирав млеко да знаеш и тоа како опција
Мене два дена веќе ми е надојдени млеко ептен, почна да си влече он ама во Ремедика немаш баш многу мижност за доење. Сега дома се надевам ќе успеам. Они ми препорачаа кога адаптирано по колку пати ама сакам да пробам само до мајчино. Од една града цица убаво, од другата некако не сака да се намести. Земавме денес и адаптирано зс секој случај и пумпа трчанката. Да видиме што ќе биде… ќе праќам апдејт. А на вас, фала ви читам се и правам стратегија
Убаво е што си спремна со пумпа и ад. Јас на пумпата душата и ја извадив. И еве ти си уште еден доказ дека при доволно млеко од Ремедика пак форсираат на ад. Значи баш пред некое време пишував дека сум приметила тие што се пораѓаат во Ремедика ги советуваат да даваат ад и така мајките го губат млекото. Имам 2 другарки таму што се породија.
докторката рече доволно е 4пати дневно адаптирано, а јас ќе пукнев со млеко во градите полнии полниии немав прилика таму доволно да ги испразнам. Рече најдобро е мајчино и ќе се бориме дс тргнеме адаптирано(но мислам треба да почнеме без тоа) а сестрите форсирсат, ти ставаат да доиш, ти покажуваат, но сепак кога не е до тебе бебе немаш увид
Многу е 4 пати на ден адаптирано. Дури и јас со царски што бев и што споро ми надоаѓаше млеко само еднаш давав во денот само навечер давав адаптирано пред спиење а преку ден само се доевме. И тоа го тргнав за неколку дена зошто се молзев преку ден и молзеното го давав пред спиење. Откако го тргнавме адаптираното ни капка се нема напиено еве сега па морам да ја одбијам а за адаптирано нејќе да чуе. Зошто не си им рекла да ти го донесат да го доиш за да не си направиш мастит со полни гради? Убаво си имаш смислено, ако си функционира се супер немаш потреба да даваш ад.