Форумџика на годината

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    18.275
    Пол:
    Женски
    го барав и навечер до кај 12ч во соба си ги чувавме со цимерката… ама пак они таму им даваа во собата…
     
  2. Kitanova77

    Kitanova77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2020
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Да, ова е точно. Се породив таму и од сестрите сум презадоволна. Уште вториот ден ми покажаа како да го наместам бебуш за доење и цело време ми го носеа. Но на крај советот од педијатар беше да давам АД и плус измеѓу бебе да цица. Цела среќа па не послушав бев упорна и веќе на првата контрола бебуш одлично напредуваше и ми рекоа да си продолжам со доење.
     
    На Anie93, fragaria и arwen93 им се допаѓа ова.
  3. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    934
    Допаѓања:
    1.375
    Пол:
    Женски
    Не знам што им е фората. На другарка и советуваа после доење да додава и ад и го пропушти делот со cluster feeding и снема млеко не и се воспостави лактација.
     
    На naturally, Noemi, Anie93 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    952
    Пол:
    Женски
    Мене ми е нај криво што не знаев за Јасна пред да се породам и да појдев спремна до негде.
    И многу ми е криво што ги послушав и следев кога дојдов дома насоките од Ремедика за бебето и буквално се покажа сѐ дека е погрешно барем за моето бебе, сите тие капки и витамини му правеа грчеви а да не зборуваме за тоа со протокот на медела шишето и погрешно ад што за малку целосно ќе го изгубев млекото т.с. јас немав на некој начин се изгуби но со помош на Јасна се воспостави повторно
    Навистина многу тешка мојата доенечка приказна а непотребно
    Можат да ангажираат некој како Јасна и да помага првите денови таму а не онака
    Испаѓа како да се платени да те направат зависни од ад и ако е така не е фер воопшто особено дека таму приватно си плаќаме пораѓај и слично
     
    На ludamaja10, LadyInPainting, Liza38 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.867
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Женски
    И јас не разбирам што е со препораките за додаток со ад скоро на секоја мајка и мене од систина ме испуштија така … немав надојдено млеко многу малку беше ама бебето сакаше да си седи на града и да си шмука по малку а тоа е всушност начинот за провокација и надоаѓање на млекото. Среќа одев на часовите кај Јасна и знаев се и бев упатена дека мора да сум упорна па успеав да дојам и мн сум горда на себе за упорноста и за истрајноста … поминав сто доенечки штрајкови… плачки, запушен канал, молзење, замрзнување млеко и што уште не ама еве 6ипол месеци дојам и бебка е супер здраво бумбарче :inlove:
     
    На fragaria, Anie93 и MariaBouli им се допаѓа ова.
  6. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    18.275
    Пол:
    Женски
    Мајки, јас 3дена дојам како бебе сакс но имам многу млеко па планирам да почнам дс замрзнувам…. Овие3денс во хаос се што измилзев(молзев само да не ме боли) фрлив и многу ми падна жал…. Ама додека се стабилизирам. Кажете ми, земав пумпа и сега од пумпата како милзам во шишенце само префрлам во ќеса за замрзнување или? И дали тоа иди директ во замрзнувач или прво во обичен па горе(така вика chatgpt):?:
     
  7. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    18.275
    Пол:
    Женски
    искрено мислам парите…. Ете јас од пусти страв и шубе земав адаптирано и колиеф доле одма 1700денари…. И после со мм си размислуваме дали ставрно треба. Ете нека го има за секој случајј неотворено до прва/втора контрола стварно мислам нема потреба… плус капките колеф зашто однапред да се даваат(јас решив и тоа засега да не давам).
    Само за пробиотик ќе ги послушам најверојатно.
    :)
     
  8. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    934
    Допаѓања:
    1.375
    Пол:
    Женски
    Јас би го ставила директ во замрзнувач или ако сакаш стави го ептен кратко во обичен зошто после еден саат фаќа кајмак горе мрсното се крева доле останува водестото.
     
    На Anie93 и pravnicka_2604 им се допаѓа ова.
  9. pravnicka_2604

    pravnicka_2604 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    571
    Допаѓања:
    1.397
    Пол:
    Женски
    Префрлаш одма во ќеса за замрзнување и ставаш во замрзнувач.
     
    На ludamaja10 и Anie93 им се допаѓа ова.
  10. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    934
    Допаѓања:
    1.375
    Пол:
    Женски
    Имај си ги капките за секој случај, не му ги давај без потреба ама понатаму може ќе ти затребаат за грчеви ако приметиш дека има. Мада на нас повеќе ни помогнаа еспумисанот и саб симплекс.
     
    На Anie93 и fragaria им се допаѓа ова.
  11. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.105
    Допаѓања:
    11.738
    Внимавај, овој период се воспоставува лактација т.е. телото прима сигнали колку млеко да шроизведува и ако почнеш сега до молзење до крај на градите може да направиш oversupply и лесно мастит да си направиш. Ако осеќаш тежина после хранење, измолзи малце колку да ти олесни ама никако до крај. За стимулација само бебе на града и биди психички спремна за cluster feeding периодот, кај нас познат како "сигурно немам млеко":)

    За Ремедика немам познаничка што Марина не и дала препорака за АД, БиоГаја и Бебе готвач, јаки препораки од навидум многу спремен педијатар.
     
    На ludamaja10, Simon4e0507, Peperutce6 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    18.275
    Пол:
    Женски
    а во оглед на исхрана? Што се “забранија” да се јаде додека доиш….
     
  13. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    952
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам дека во Ремедика сите педијатрите советуваат така од технички аспект као бебето да качи на тежина и тие фактички си завршиле работата
    Го гледаат како напредува дали е здраво и толку
    Не се замараат да губат време да објаснат плус нешто
    Сестрите се фини помагаа ама пак никој не ми објасни за кластер фидинги пумпи и слично на пример оти брзаат да стигнат кај сите нормално
    Јас бев толку зачитана на нет за бременост и породување и сите тие состојби што ме следеа што ни на крај памет не ми текнало за доењето, оти не ни имав претстава што е што некако мислев тоа као или имаш млеко или немаш и ако имаш цица и заврши... Уствари не сум ни знаела ниту сум мислела дека треба да знам
    Ко дојдов дома почнав да читам после една недела кога веќе снемав млеко т.с. не надоаѓаше

    А долу во аптеката на Ремедика оставивме над 5000 ден за сите препораки
    И така ми го објаснаа тоа со млекото и капките дека мора така оти бебето као ти е мало со мала тежина бла бла ме уплашија некако мислев дека така мора а уствари не е лоша тежина 2850 покасно по тоа што читав
    И како дојдов дома имав
    аптамил прематуре, колиеф, рекол, д вит к1, омега и шише што не го употребив ни еднаш
    И бебето се отепа плачење ама буквално многу
    И почнав да читам

    Јасно ми е дека бебињата плачат и дека имаат грчеви ама ова беше претерано
    После секое пиење млеко вриштење
    Па почнав да ги менувам полека после некоја недела прво друго млеко па капки не давав со тек на време и подобрување имаше многу

    Јасна ми објасни дека не требало да му давам прематуре млеко оти 3 пати повеќе протеини и а плус внатре читам соја лецитин палмино масло во составот и други милиони работи што јас не ги јадам а му дадов на моето бебе од 5 ден дома а таму веќе така му даваа
    И тоа многу се изнервирав ќе го донесоа најадено и ајде пробај цицај го па не сака нормално
    Па немаш млеко ми велеа меки гради
    Хаос општ хаос
    Многу револт осеќам од после вака ама прво кон себе оти бев неинформирана
    И се воспостави повторно лактација ама не со целосно доење
    Цело време додавам 1/2 или 3/4 од дозата оти толку се продуцира оти толку си бара бебето оти се научи на шишето и толку
    И веќе не е битно
    Јас сум среќна што барем малку прима колку за имунитет ама со многу мака
    Мноооогу мака за малку мл
    Цел заеб од старт
    Оти ги послушав докторките од Ремедика мислејќи дека имам проблем

    Баш ми е мило за тебе @Baby warrior што си го фатила на време процесот
     
    На ludamaja10, Baby warrior и dummy им се допаѓа ова.
  14. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    12.037
    Пол:
    Женски
    @Anie93
    Ќе цитирам оти се согласувам.
    Јас си направив oversupply и замрзнував млеко, а реално ич немаше потреба. Детето ми е 2 години и 9 месеци, јас имам замрзнато уште млеко во замрзнувач, дури срам ми е да кажам колку.
    Јасна ме советуваше немаш потреба да се молзиш толку, само колку да си олесниш (оти беше мал, не ме празнеше на почетокот). Јас не ја послушав од пусти страв да не го изгубам млекото. Молзев до крај.
    АД и јас имав за секој случај, ама ако имаш млеко не мора да посегнуваш.

    Не се обвинувај ако си фрлила млеко, се учиш и прилагодуваш. Игнорирај ги муабетите "златна течност", "секоја капка е важна" дрн дрн тој притисок не ти треба.

    Се' јадев. И Јасна така ме советуваше. И грав и зелка и леќа, по една чинија колку за ручек. Пробај да бидеш по нежна кон себе периодов оти ако тргнам од мене, доењето ми беше предизвик како што не очекував.

    Ќе си го најдете редот многу брзо.
     
    На EarthFire, Anie93, dummy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    5.338
    Мене ми е етички неисправно да се дава формула по дифолт на секоја мајка. Разбирам спонзорства, соработки и се ама барем малку да се има обзир и да се даде правилен совет.
    Мене педијатарката од Плодност ме замоли да не давам формула, нормално препораката од “нивната” формула си стоеше да имам за секој случај. Јас не послушав, слушав други и давав некое време по 30мл ама кога ќе се вратам наназад и според стекнатово искуство гледам дека јас млеко сум имала :).
     
    На Autumn Love, dummy, Baby warrior и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.105
    Допаѓања:
    11.738
    Нема забранета храна, тоа е мит што одамна е побиен. Храните што потешко се варат реално на тебе ќе ти сметаат тазе погодена не дека ќе има/нема грчеви. Дури и алкохол можеш да пиеш понатака, 1 чаша 2часа размак од доење. Мајчиното млеко се прави од крвта на мајката не од желудникот, така да состојките што одат во крвта, како лекови, алкохол итн одат во млекото.

    Фрлив 5литри млеко неделава, срце ме боли колку се намачив, ама тој пусти страв на прворотка леле нешто ќе ми се деси бебето ќе нема што да јаде.(facepalm)
     
    На Peperutce6, Anie93, Baby warrior и 2 други им се допаѓа ова.
  17. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    5.338
    Не сум некој љубител на алкохол, ама сега имам желба за 1 чаша бело вино и нереален страв дека којзнае што ќе му се случи на бебето :worried:.
    Велиш да пробам за празнициве:wasntme:.

    Јас од пола чаша :drunk::bug:
     
    На Peperutce6 и Anie93 им се допаѓа ова.
  18. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    1.554
    Пол:
    Женски
    Една чаша вино или едно пиво според мене е сосема ок и јас знам од време на време да си се почастам ама секако не над таа количина. Чекам сеа некоја реплика дека сум немајка :wasntme:
     
    На Mimmi39, Simon4e0507, Anie93 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    5.338
    Повеќе од 1 чаша ни во идеални услови не толерирам, зашеметена сум :D
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    1.554
    Пол:
    Женски
    Мене од Систина ме испуштија со препорака за ексклузивно доење дека млеко ми надојде вечерта пред испис а бев со царски породена. Бебе ми носеа цело време за доење и баш ме форсираа сестрите за доење и ми помагаа за местење што сум преблагодарна. Ради нив верувам дека успеав да го стимулирам првото млекце и да почнам да дојам. Педијатарот ме молеше да не се откажувам дури и на контролите потоа, ми објаснуваше дека е жално да имам млеко а да не дојам. Последната сестра што дојде на испис ми даде препорака да си купам формула за секој случај ако згусти и бебе е нервозно и реално и на неа сум и благодарна дека првиот ден дома не знам како ќе го поминевме без првите мл формула, бебе беше дехидрирано гладно а јас не успевав да ја наместам да цица како што ме местеа во болница. Среќа не подлегнав ма давам само формула, одмолзував, ставав на града, станував и ноќе кога ќе исцицаше една града да молзам друга и задржив лактација. Преблагодарна сум на форумов и мајкиве тука што ме подучивте за cluster feeding и го издржав тој период и еве скоро 9м дојам.
     
    На Трагедијаупмм, ludamaja10, Autumn Love и 4 други им се допаѓа ова.