Да и Јасна има зборено и истражувања имам читано. Јас понекогаш знам да се напијам со маж ми 1 чаша вино, џин тоник со 30мл џин, 1 пиво, кога ќе ја успијам вечер дека следно цицање и е барем 2 часа. Едни од овие не сите 3 Ич не се сметам за немајка информирано сум си ја донела одлуката, друг ако мисли така да си прочита литература. Јас немав млеко кога се породив дека итен царски, дури дома воспоставивме ексклузивно доење после може 2 недели и више, ама педијатарот многу ме туркаше кон тоа да не давам формула кога ми беше страв дека ќе е гладна и вечно ќе сум му благодарна. Исто и на Јасна, курсот пред породување многу ми влијаеше на самодовербата за доење, па и за општата грижа за бебе.
Инаку, да не ве цитирам сите погоре фала ви! Исто така за Јасна и јас имам само пофални зборови и можам да кажам дека жената е прекрасна и многу работи ми се најдоа од курсот
Јас сум пре благодарна за помошта тука од многу членки на фемина многу ми помогнаа со совети тогаш за доењето И од тука од форумот дознав за Јасна и навистина жената алал да и е Само што малку покасно се научив на многу работи за доењето и непотребно се измачивме и ја и бебето ама бидна
Јас многу често знам да си отворам лименка радлер дури се осеќав малце крива за тоа ама 2% алк. има плус бебе цица многу поретко од порано. И сега и вие што споделивте како правите ми олесна малце. Не сум правела никогаш pump and dump се имам и една чаша вино напиено. Не сум се осеќала немајка за тоа само некако зачестив последен период еднаш неделно си отварам пиво така некое мало задоволство ми е. И баш сум приметила ми се полнат градите на интернет вика мит е тоа дека од пиво надоаѓа млеко, ама дали е од јачменот или од што е не знам ама градиве камен ми се после едно пиво.
и јас пијам пиво, исто, а се напијам ми надоаѓа млеко, не знам дали е мит или не ама дефинитивно има нешто
Јас еднаш во месецот ќе си ставам една чаша убаво вино кога ќе ја успијам… секако сега цица на 3-4часа така да не сме немајки кога излегувам иставам измолзено додека се вратам се враќа во нормала за некој час ама пак не пијам повеќе од две чаши вино во секој случај еве за вечер маж ми има купено убаво вино да си вечераме на раат кога ќе ја легнеме ќе си извадам замрзнато млеко да и дадам околу 22:00
Истово сакав да го напишам , во Систина пробуваат со сите сили да биде бебето на цицање , а скоро исѕ случај сме
Вчера пак имавме епизода на заборавање да цица. Не сака да повлече, само вришти на града. Ноќта слично тераше. Среќа денес е ок, ама кој знае до кога. Со ова бебе секое доење е стрес , што ќе биде кога ќе почнат јаките скокови
Јас има тотално негативно искуство од Систина, сестрите беа комплетно незаинтересирани за мене и за моето доење, а докторката ме убедуваше да давам 60 мл дохрана. Не ги послушав и више не се вратив таму на прегледи. Успешно доев 15 месеци.
Јас до 4ипол месеци вака терав … страшни штрајкови правеше мојата … еве ја сњга 6ипол месеци девојчица цица ли цица не можеш да и го земеш цицето додека она не реши дека е готово
Здраво мајки. Јас имам едно прашање во однос на доењето. Имам бебче 12 дена старо, и досега се супер одеше со доењето, детенцето си нашредуваше и немаше никаков проблем (за една недела дома качи 350 грама). Е сега последниве денови некако е гладен и после доење морав формула да му додавам на неколку пати и почнав да измолзувам мое млеко, за да видам колку имам и колку му треба. И така приметив дека едната града значително многу повеќе млеко ми вади. На пример, од левата ќе извадам 80, 90 мл а од десната 20, 30. Дури и визуелно делува намалена како да е празна цело време и некако воопшто не натежнува како другата. А не беше така. Имал некој друг вакво искуство? Се мислам и со доктор да се консултирам.
Да, јас. Второ бебе дојам, првото цицаше до две години само од една, другата со помалку млеко ја одби на 5-6 месеци, не памтам веќе. Второво цицнува од другата навечер само. Ад не сум давала. Зошто да се консултираш со доктор, едини “проблем” е естетски ако доиш од една, ама по прекин на доење се враќаат у нормала.
Ние на контрола имавме качено само 90гр (4дена по испис) или 7 дена од раѓање. ни рече затоа што е само на доење да дадеме простор. Јас сум правела утки во доењето и со совети очекува да се смени. с само ме интересира транзиторната болка онаа што д на почетокот, дали завршува после некое време?
Фала за споделување на искуството. Не бев сигурна дали една града може се да постигне. Не ми е важна естетика, за совет од доктор беше чисто за дали има начин да се разработи и таа града некако бидејќи на почетокот како добро да тераше.
Што можам да пијам за главоболка освен парацетамол? Жива ненаспана сум и настината едвај функционирам, парацетамолов не помага ич
Јас ја викнав Јасна утре ама овие 2-3дена преживување. Од лева си цица убаво се полни се празни. Од деснавс имам топки и тврдо, многу боли кога цица од таму неиздрживо е некогаш речиси. Кога ќе ја исцица со триста болки и макинја празни скроз ама од болка страв ми е фа ставам….Што да правам до утре? Имам и црвенило два три дена мало се смирува се зголемува…