Дефинитивно ми намалува млекото, денес сварив лактамикс еве ме вечерам овесна каша … долго време немаше драма со доењево таман се опуштив. Најјако беше на телефон и споделувам на мајка ми и ми вика - ајде доста беше 7месеци доеше дење ноќе сега си јаде супер ќе си биде абе ми дојде тешко, ќе дојам до јуни до годинка додека не направи па мајка јана нека е
Ние уште не научивме да цицаме. На лева по некој пат ќе фати убаво ќе наместам добро… десна уште пумпам, зошто некни прекинав и одма нови рани. Со хаака бубамара собирам, со шише од молзено давам неколку пати во ден, за психички да одморсм. Нез до кога ќе тераме вака. Три илјади видеа изгледав а јас асиметрично да ја внесам брадавицата не можам и не можам …..
Што не пробаш со силиконски? Бебево само почнува да цица, не пазиш асиметрично итн. Кога веќе се малтретираш со молзење и шише, ова е помало "зло", ем помагаат со рани, ем нема да пумпаш и переш шишиња/ делови и нема да даваш шише да не се навикнува (мада моево си пие од шише без проблеми и цица).
Колкаво е бебето? Ако е многу малечко на почетокот е нормално да не знае и тррба време.. Ако е поголемо дали проверивте да не е врзано јазичето?
Па еве како особа што доела 1 год само со нив со првото дете без ич ад да дадам, а со ова све живо направив од нервози, молзење ќе ти кажам мое мислење, односно прос и конс: Силиконски - бебето ти е на града, најважно, влече од града а не од шише. Ќе го одвикнеш со време ако се потрудиш, мн мајки почнале со силиконски. Молзење и доење без - бебето не е на града цело време што прави ризик да се одвикне од гради, кога е на нив прави рани, кај е нервозно на крај имаш миење и стерилизација. Ете од мое искуство, ти прави како сакаш. И пробај положбата од сликава, моето на десна града само така фаќаше (ако не си до сеа)
Ок, малечко е стварно, му треба време а и стварно е многу тежок процес дур се воспостави доењето.. Не знам друг совет освен да пробувате други пози и пробај да си колку може посмирена (знам дека е тешко во моментов). Ви посакувам среќа
Земи си силиконски раат да видиш, зошто се мачиш не знам. Со тек на време бебе ќе влече поефективно, паметни се не му се секирај толку. Ќе ги отфрлите понатека. Јас на 4 месеци ги ставав само колку да фати и после ги тргав и си продолжуваше без нив и за кратко после си фаќаше без нив од старт а мислев нема никогаш да се отарасиме од нив.
Јас доев со силиконски првите 2-3 недели одприлика, не памтам колку точно беа ама немав никаков проблем со одвикнување. Битно бебето стекна некој осет како поубаво да се мести и полека пробував без силиконските и лесно преминавме без
мајки да ве прашам дали смеам да се напијам јагленче во доење, вчера бев на роденден незнам дали од храната нешто ме искина дијареа дали некој има пиено? или што смеам да пијам дали знае некој?
Можеш и јаглен два-три пати во денот, можеш и пробиотик еднаш во денот и електролити. Имав јас стомачен вирус пред некоја недела со дијареа и повраќање и се ова конзумирав како и потврда храна и по малку вода.
Дали може некоја од тие што сте само на цицање еден совет Дали после доење, подој навечер ги ждигнувате или така си презаспиваат Почнав навечер да не давам ад и си заспива при цицањето и го кревам да ждригне не само што нема burp туку се буди па ај презаспивање
Јас не го кревам, освен ако нема видливи знаци на нелагодност, на пример ако се витка или слично. Баш за ова ја прашував и Јасна и она ми рече дека бебињата што прават добар вакуум и не се тргаат за време на цицање, многу ретко имаат потреба за ждригање и по нејзина препорака ноќе не го кревам. А преку ден го кревам.
Обично навечер ја дојам, ретко давам ад и при доење одма ја легнувам не ја кревам, а ако дадам ад ја кревам, но успана е и не ждригнува.
Фала ви девојки Ме фати страв да не не е во ред што не ждригне Дека до пред недела две му давав ад па ќе ждригне па малку цицаше Ама сега осеќам навечер дека има млеко а гледам дека си презаспива и прекинав да додавам ад во овие подои
Јас исто како што ти пишаа не ја поткревав чим немало видливи знаци дека нешто не и е ок. Мојава од многу мала заспива само цицајки легната а и беше бебе што мнооогу ретко бљуцкаше и ждригаше. Значи ќе си се нацица лежејќи и ќе заспие обично без проблем. Е ако била прегладнета и брзо цицала или нешто плачела пред да цица тогаш знаела да се наполни воздух и дур лежела ќе проќенка, тогаш ја поткревав на рамо да ждригне и ќе си продолжи со цицање и ќе заспие.
И јас ти препорачувам да пробаш. Моево бебе така се научи да цица, со силиконска. Негде 2-3 недели теравме така, па после пробав да ја тргнам. На прв обид почна да се мршти, да прави чудни фацки, не сакаше. Не настојував многу, му дадов пак со силиконска. На следен обид веќе си фати убаво да цица без силиконска. Од мое лично искуство, кај што сега маки мачам да се вратиме на доење, не сака никако - се молам и со силиконска да почне, само да се оттарасам од миење шишиња, стерилизирање, молзење... Многу ми беше полесно, малце нервира силиконската на моменти паѓа, се изместува, треба да придржуваш, без ништо да си цица е секако најлесно. Ама пак ќе речам, и со силиконска ми беше многу многу полесно од сега. Дај шанса, пробај, не губиш ништо, а можеш да се спасиш од шишенцата