Здраво Тие што имате новороденчиња моето има 3 недели, колку време цицаат од прилика, се случува ли да цицаат саат/саат ипол со кратки паузи?
влегов во темава нешто слично да прашам, да се случува и по 2саати да седи на цицка, цица па спие, па нејќе па сака… само проблемот е што на еден саат пак бара. Твоето на колку време бара после да цица? Инаку јас давам да цица ама давам и молзено со шише и така кога ќе му наполнам 70-80мл ќе го испие и после спие 2ипол саати а од цицка валјда не зима толку
Знае да заспие и за пола саат да побара пак ако не се доцицал убаво, инсче на 2 саати од прилика бара. 70/80мл од едно молзење имаш? Нас и педијатарот ни рече пред една недела кога бевме на контрола кога нема да цица убаво да му даваме ад/измолзено 60мл максимум
Јас баш исто сакав да пишам за ова. Моето е 5 недели.. од почеток сме на цицање и ад 2-3 пати во 24 часа (кога осетам дека е гладен, и кога е закачен за града по саат време или нервозно ме тегне дури цица) Според килажа напреден е, педијатарот ми рече полека да отфрлам ад.. ама ако отфрлам ад, кај ни е крајот - 24 часа на ден на цицање.. Што не ми е ни изводливо затоа што имам и др дете поголемко на кое и те како му требам сега. Така да јас така терам.. и реално со АД ми врзува повеќе саати - инаку е борба.. некогаш само што доцицал (а цицал активно 40мин )- по 20-30мин бара пак.. Дури и чајче уфрлив за да пролонгиран- џабе! 5 мин ми одложува до следно цицање.
Здраво, матичен гинеколог ми кажа дека не треба да пијам никакви витамини додека дојам. Околу мене сите ми кажуваат дека треба да пијам зашто бебето ми е на ексклузивно доење и ми влече се од витамини. Не знам што да правам, ми ги препорачаа од Солгар Пренатал 1600 ден. од Зегин внатре има 120 таблети. Некој да има искуство со нив или да ми препорача други?
Јас ги пијам тие на Солгар и сум задоволна. Без витамини тешко да останеш со добра крвна слика ако доиш
Јас не пијам никакви витамини. За првото бебе ги пиев истите витамини кои ги пиев во бременоста. Сега за второ бебе не пијам. Само капсули Лактил и чај за доилки. Добри се витамините на Солгар. Можеш и Фемибион.
Гинекологот нешто не е ок со советот. Сите што доиме пиеме витамини и се храниме здраво зошто хранливите состојки идат кај детето во голема доза расте забрзано и потребно е многу за неговиот имунитет да се изгради. Без суплементи во доење е ризично ти да останеш со лоша крвна слика и срушено здравје. Обавезно земи си солгар/фемибион/премама/прегнакер што било
Јас пијам премама, ц вит марнис, д3 1000 Иако не сум на целосно доење туку од прилика пола доза ад му давам на бебето претставувам пола цица од што би требало и сепак мора витамини Дури сакам да прашам дали треба калциум или нешто плус можеби колаген или слично
Jas 5 bebinja doev, momentalno bliznaci, nikogash ne sum zemala vitamini. Krvnata slika shto ja imam momentalno, vo poslednite 10 godini ne mi bila podobra, vkluxhuvajki i zelezo (cel zivot imam problem so toa)
И јас ги пијам на Солгар пренатал, веќе 11 месеци дојам и сум многу задоволна, осеќам разлика со нив, а крвта ми е подобра од пред бременоста.
Достинех кој може да препише општата матична или гинекологот како функционираат одма престанува млекото или? И кое АД да почнам да го давам тетрапак само во каша јаде а вака не
Кажете спас за успани бебиња, не напредува во килажа и треба да цица почесто, еве го успиено, ни ладно помага, ни расоблечено, ни скокоткање, ниту гњавење
За косичка чепкај, ушиња. Соблечи памперс.. Да нема жолтица плус? Мојата имаше заспиваше на града цело време па така успевав некако
Немаше жолтица, на испис уреден наод. Сум пробала и да скубнам и на тераса ја изнесовме ладно да и стане и не, не
Бебка не цицаше цела ноќ, сабајле многу ме болат градите. Како остра болка од еднаш. И кога цицаше сега ме здоболуваше.. Нормално ли е?