Мајки некоја поефтина пумпа до 100е имате ли да препорачате, електрична? Со првото имав на медела, сега ја немам и не ми се даваат многу пари. Гледам има бп локо кроко избор па дали има некоја пробано. Фала ви
Некој совет како да стимулирам гради за колострум? 38ма недела сум, ми закажаа царски за следна недела и ми кажаа да пробам да измолзувам со пумпа. Пробав ставив топли облоги прво,па со рака, па со пумпа 2-3 пати по 15мин/града но ништо, само контракции ми направи. Читав ако предизвикува контракции да не пробувам повеќе и сеа ми е на мисла дека нешто не правам како што треба. Во болница ваљда даваат вештачко млеко додека ми надојде млеко..?
Даваат нормално, бебето стимулира највеќе. Јас не сум пробувала да стимулирам, после 2 дена од пораѓај ми доаѓало млеко, а бебињата не ни знаеја да цицаат тогаш, особено второво.
Немаш потреба да стимулира предвреме и да собираш колострум.. како ќе ти го стават на града бебе, така ќе се стимулира.
Кој ти даде ваков совет? Механизмот за надоаѓање на млеко се случува по пороѓајот најчесто 48h потоа. Измолзување пред пороѓај не се прави, контракции на матката се провоцираат нема потреба ништо на сила, се ќе си дојде немој да брзаш.
Во Швајцарија, ми дадоа и еден лист со упатство како да се чува и дека треба да се донесе за пораѓај замрзнато во торбичка, исто и шприцеви од 1мл ми дадоа
и тука јасна на курсот ни кажа на која ќе и надојде млеко да го собере и да го шверца на клиника зошто тука не смее кажуваа девојчиња на курсот дека имале ама само од себе без да прават нешто
Прв пат слушам баш чудно искрено ја не би пипкала тоа, да оставиме на природата да си ја заврши работата најубаво
Ако не ти доаѓа само по себе мислам дека не е препорачливо да се форсира Сепак консултирај се со некој
Бебушот мој изгледа почна да цица подобро или па не сака да пие млеко не знам ама неколку дена по ред го фрлам ад особено на сабајле тоа дури го турка со рачињата ме сака и не сака да пие ни 10 мл а си цица од сабајле кога ќе стане Се надевам дека не е гладно После тоа во текот на денот пие три пати можеби ад 60-90 мл што е малку за него ама цица, е сега не знам колку ама се надевам дека не е гладно Едит 5 м е веќе и мислам дека можеби веќе бира по вкус не му е изгледа вкусно ад Плус почнав со вкусови веќе 5 дена може и тоа игра улога
Ако не плаче, енергично е, весело и си полни пелени не е гладно. Мислам можеш да му намалуваш полека АД нека си цица ќе надоаѓа поише млекце ако стимулира града. ете 5м чим сте наскоро сигурно и цврста храна ќе почнете
Бебе 18м. Со месеци цица наутро одма после спиење и навечер пред легнување. Утрово осетив нелагодност некоја во градите, за после да почнам да ги осеќам топли, тешки и како од внатре да ме чешаат. Минимално ми се зацрвенети, но меки. Гинеколог ми рече да се измолзам малце и да стаам ладни облоги. Пробав со пумпа, едвај 5 капки..бебе јадено од сабајле, цицна 2 3 мин и после бљуцна млекце изгледа многу му дојде коа ќе стиснам шприца мал млаз..што да правам? И од што може вака да ми се случи? Не сум молзела, не сме имале повеќе подои, стварно не ми е јасно
Ништо страшно, може и ако си ги натиснала / си лежела во спиење на гради и сл така да се случи како некое запушување. Мој совет, масажи да и после масажите листови од зелка , мене тоа најмногу ми има помогнато. Значи ставаш лист зелка малку ќе го гмечиш пред да го ставиш на града да пушти како сокче, и од време на време кога ќе стане топол припиен смени го со нов, неколку пати во денот прави вака за два три дена би требало да помине, ако не оди на една контрола чисто за секој случај
Каде на дежурен да одам за мастит? Од вчера болка почна, вечерта страшна болка, дигнав и температура и имам од вчера сеуште без прекин... Сабајлево цела десна страна на градата ми е жар, прошарана градата и има топка тврда ... рака неможам да кренам, како движам ме боли дури.. Спиев со зелка, цицаше малово од таа града и вчера вечерта и сабајлево.. Вчера и под туш масирав.. Што ме снајде незнам после година ипол доење... Ама мн време не беше цицана од таа града, така се погоди (24ч)... и ете беља.
Мене ме опорави зелката вчера..ладни листови менував постојано, синоќа мн цицаше дека имаше температура еве пак така осеќам, одма ставив. Не ми се верува уште дека ова ни се случува после годинаипол доење @mariz
Ние толку доење... Бев на дежурен, мастит е... Покачени леукоцити, црп и неутрофили, оток и грутка на града... Молзам со топли облоги и масажи, искача жолто млеко. А од другата неболна, бело нормално. Ќе ја одбивам, таман 10 дена на антибиотик ќе бидам, па ако направам некоја грутка и на другата или на истата, уште бар ќе сум покриена со терапија... Мислев до пролет да цица, ама ајде еве го каде е. Сега му е мајката, да не имам после и со одбивањето пак вакви маки.. Ми рекоа масажа со топло, па малку одмолзување, па после зелка или ациди борици да држам.
Мене од 16та недела бременост ми течеше колострум, пред да се породам течев со месеци од градите, кога се породив веќе пред мастит беше ситуација со надојдување на дополнително млеко.
Јас со првото дете многу често имав проблеми со градите и грутки, само зелка ме спасуваше, сега овој пат до сега не сум имала проблем (да не се подречам) , многу е болно и непријатно. Само да поминува брзо и лесно
Како да знам дали имам доволно млеко? Кога му стискам од градите за да му дадеме капки едвај ќе истискам а не пак само да ми тече како што сум читала овде. А кога бебе цица некогаш тоа трае и по саат време а некогаш бара брзо после тоа пак. А само на мајчино сме. Ама па по пелените гледам дека е океј по 4-5 пати кака во денот.