Не мора да значи дека ако ти се меки градите нема млеко, откако ќе се воспостави лактација не се осеќа ни надоаѓањето млеко ко на почеток. Тоа баш читав и ми го кажаа мене. А и ставањето раце во уста мислам не е секогаш показател дека е гладно. Штом полни пелени, мислам не е гладно. Ние сме на шишенце, и пример се случува се трга го одбива шишето, не сака веќе, го легнувам и рацете дирек во уста ги става. Исто за успивање користиме цуцле, го шмука ептен. За да го проверам јас дали е гладен (и јас некогаш со цуцлава како шмука си викам гладен е) му ја ставам нежно раката, го допирам со прст по устето, ако зинува и ја отвара - гладен е. Му додавам млекце - пие. А ако не реагира некако особено на раката, не е гладен. Може и моево не е точно, прв пат мама сум ама сакав да ти споделам мое искуство и мислење
Многу те разбирам, јас имав проблем со млекото некој период по добивање циклус и прво почнав пред спиење да му давам АД, па после по некое шише преку ден. Сега, за среќа мислам дека ми се стабилизира лактацијата, па е само на доење, со исклучок на шишето пред спиење. Јас како пратев дали му треба дополна АД или не, освен дали има полни пелени на 3 часа: кога цицаше пратев колку пати влече без да голтне, на пример на почеток кога има побрз млаз влече и одма голта, потоа голта на секое 3-4 влечење. Кога немав млеко се случуваше да влече многу пати а ништо да не голтне и тука одма стануваше нервозен, се тргаше, па се враќаше, со нервоза и плачење, па му правев АД и мн брзо цело го испиваше. Сега се поголеми, па немаат многу време да си дремат на града неактивно како првите месеци Така што прати го колку ефективно цица и дали е раздразлив, плачлив или после цицање си е задоволен, весел, нема шанси да утнеш. Верувам дека штом упорно си го ставала на града, дека многу ја имаш подобрено лактацијата, па сега му е доволно. Слушај си го инстинктот, ако мислиш дека со доење се заситил, не му давај АД, прати му го расположението и ќе си ја одредиш новата динамика на дохрана.
Не се показател меки гради И мене така ми набија страв уште на почетокот дека меки гради немаш млеко итн, но Јасна кога доаѓаше кај мене ми објасни дека не е тоа битно дури и така е правилно да не се со грутки и со отоци и слично Тоа што пика рачињата исто не е секогаш од глад Штом качува на килажа и мочка значи дека е ок И јас еве не знам дали му е доволно ама јас од стартот бев на комбинација и тоа уште потешко ама ете мочка неколку пелени ама не се фул и кака еднаш дневно не плаче вака многу, обично повеќе за спиење плаче, и спие особено навечер вака ок мислам, денски зависи кога како ама по пола саат има дремки ако се гладни валда нема да спијат и ќе кенкави ќе се
@Tulip023 @Eho ви благодарам многу за мислење Не знам вака стварно колку цица Плус се научи да заспива на цицка и тогаш во спиење некако најмногу си цица ама како со паузи и долго Целата дремка на цицка ја поминува од пола саат И така некако имам чувство дека немам многу млеко количински
Нека не ти спие со града во уста, да цица само кога е будно. Мојата цицаше 12мин интензивно, и ми спиеше на гради ама никако со цицање, затоа и сеа немаш претстава колку цица и колку стварно е гладно бебето.
Некаде на пладне денес осетив дека левата града ми е болна на допир. Се осеќаше и тврдо од едната страна. Претпоставувам тоа е запушен канал? Ставав топли облоги, масирав и пумпав, излегува млеко океј количина. Грутката ја снема скоро, ама уште ме боли и кога допирам како повнатрешно осеќам пак малку тврдо. Ќе ставам пак облоги сега и ќе молзам, ама сакав да прашам дали можам да правам нешто плус од ова? И дали отпушувањето се случува наеднаш, во смисла наеднаш ќе ми ја снема болката и тврдоста, или не е баш наеднаш? Не знам дали сум на добар пат или ќе ме помачи...
Со меки гради 14 месеци дојам. Штом спие не е гладна, плус си качува тежина. Моево тој период цело време беше со рацете во уста.
Мајки, кога излегувате да прошетате со бебе и носите измолзено млеко, како го носите, во што? Имате некакви торбички за оддржување на температурата?
Во ДМ има вакви термо торбички. Слични имам гледано и во Локо кроко. Едно шишенце собира, доста се практични а и не се скапи.
јас мислам не ти треба, џабе да не трошиш пари. Прочитај за млеко на колкава темп колку врме може да седи
Па може да си земe, не за сеа ама во лето пример може повеќе ќе се најде. Јас од синсеј земав за ич пари начекав, ама немам видено скоро.
Јас планирам до две години да го дојам, бар навечер. Преку ден цица еднаш или два пати, ја исфрламе втората дремка. Ама затоа ноќе некогаш и по 4-5 пати се буди за цицање
кој е бенефитот од цицање толку долго? Ние сме мн мали а читам во групава по година ипол две, па ме интересира