Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    408
    Пол:
    Женски
    :?: јас а стане, се фаќам за шишето 8-|
    Валјда затоа некогаш многу малку пие, јас се чудам што се разбудил кога не е толку гладен...:rofl:
     
    На Moon lovers му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hope IT

    Hope IT Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    387
    Пол:
    Женски
    Чисто за инфо — овој стерилизатор Cleo го користам и суши
    https://www.kikkaboo.mk/sterilizator-so-sushenje-cleo
     
    На Eho му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    408
    Пол:
    Женски
    На Hope IT му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    18.748
    Пол:
    Женски
    На Eho му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bgirl6666

    bgirl6666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Женски
    Jas go koristam na Philips Avent sterilizatorot i gi vadi kako vlazni, na salfetka na strana kje gi stavam i do slednoto molzenje se e suvo. Bubamaritr gi imam kupeno vo Loco Croco, modelot e
    ejjj ne sum znaela, skros suvi gi vadi? da znam dali da kupam uste eden ?
     
  6. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    18.748
    Пол:
    Женски
    скроз
     
    На Eho и Hope IT им се допаѓа ова.
  7. Hope IT

    Hope IT Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2024
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    387
    Пол:
    Женски
    @Anie93 веќе одговори – скроз суви, да.
     
    На Eho му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bgirl6666

    bgirl6666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    310
    Пол:
    Женски
    a da ne postoi negde da znaete sterilizator i sto mie sterilizira i susi?
     
  9. Moon lovers

    Moon lovers Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2020
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Гледав на страни во германија ама ми беа многу скапи, околу 300€.
     
  10. Moon lovers

    Moon lovers Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2020
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Жени јас пак, имаме напредок во лежечка положба ја фати силиконската и убаво тегне но цело млеко е на кревет како да не го шмука. Од шише и давам исто во таа положба нема проблем. Дали некоја се соочила со ваков проблем, дали има проблем со фатот или не знам вече што може да е
     
  11. ЕленаЛК

    ЕленаЛК Нов член

    Се зачлени на:
    11 јули 2025
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Мајки, ве молам за совет
    Бебето има 5ипол недели и е само на мајчино млеко. Последниве 3 дена се понаша стандардно како секогаш, освен кога е период за јадење, тогаш е многу немирно, гладно и фрустрирано, цица на почеток убаво, по околу 5минути на града, па потоа пушта и плаче. Пробувам повторно да го наместам, но плаче уште пред да почне да цица. Го ставам на другата града и прави исто, прво цица убаво додека протокот е голем и потоа почнува да плаче. Сите пелени му се мокри (менувам на околу 3 часа, пред секој подој) и се кака по околу 3-4 пати на ден. До пред три дена беше се во ред, цицаше околу 10-15 минути и потоа сам си прекинуваше. Последните три дена делува како да сака уште. Откако цица околу 15-20мин и потоа плаче, го смирувам со цуцла па си се понаша најнормално. За време на подој го исправам да ждригне 2-3пати. Исто така, често бљуцка за време на подој по неколку пати (3-4-5пати), некогаш и поголема количина (уште откако е родено), а педијатрите ми велат дека е од што е многу лаком, па се прејадува и исфрла вишок.
    Да напоменам дека викендов два пати беше нахрането со измолзено млеко со шише Medela со поголем проток, дали можеби тоа го има збунето? Инаку не сака да пие од Philips Avent шише, не влече и затоа го користиме Medela S кое има голем проток (од такво му даваа во болница и уште од тогаш така се навикна). До сега никогаш му немам давано дохрана (освен во болница 3 дена и потоа само 2 пати првиот ден кога си дојдовме од болница), секогаш му беше доволно и напредува одлично, 330-450грама неделно, родено 3.5кг, за 5 недели е 5.1кг.
    Дали некоја имала вакво искуство – дали може да е развоен скок или збунетост од проток или бебето е гладно? Што ќе ми помогне за за да се задржи доењето (овие два дена пијам повеќе бистар сок од јаболка и лакта микс чај)? Страв ми е ако почнам да давам дохрана да не се навикне од шише, па да одбива мајчино?
    Фала ви однапред
     
  12. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Период е, ќе пројде. И мојот така правеше.
    Можи да му е силен протокот или па да не му течи брзо како од шишето.
    Биди упорна, цицај го повеќе пати ако треба по кратки подои, немој да се откажуваш
    Иначе не значи дека ако пие од шише ќе се одвикне од цицка, мојот е на комбинирано па немаме проблем, на почеток исто ми се бунеше ама еве тераме така.
     
    На fragaria, Eho и ЕленаЛК им се допаѓа ова.
  13. Anastasia579

    Anastasia579 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2025
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Мојот исто правеше а и сеуште се случува тоа, најверојатно дека е на комбинирано. Ама кога го видам сум упорна, ќе го смирам, го галам, или некогаш ќе го исправам да го ресетирам па да продолжи со цицање.
    Само упорност.
    Навечер кога спие без проблем цица, и кога е смирен после дремка и така темпирам да го цицам.
     
    На fragaria, Cvetce_ и Eho им се допаѓа ова.
  14. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    408
    Пол:
    Женски
    За жал јас имам негативна приказна... бебе почна да вреска на града (а давав мое молзено (молзев за стимулација), и понекогаш формула, ради тоа што немав доволно млеко. Користев авент шише, слаб проток). Така беше скоро 2 месеци, од сам почеток шише + града. Една поручек почна да вреска да не сака да цица, следен ден ич не сакаше, само вечерта, па после ги намалуваше ноќните подои, за некој ден целосно почна да одбива. Мој совет, поучена од своето искуство, би бил да почнеш уште сега да се 'заштитиш' - нуди града во тишина, затемнето, да нема дистракции, да не му се одвлекува вниманието. Ако бебе стане нервозно, пробај прво смири го, нишкај го, па пробај пак понуди. Ако пак не сака да цица, дај малку млеко 20-30мл со шишенце, за да не е ептен гладно (и нервозно) и пробај пак нуди града. Шише ако можеш на минимум, ептен кога мора (според мене нема смисла бебе да се остави предолго да вреска гладно, јас бар немав срце да го правам тоа). Може кога ќе го исцица првото млеко, му доаѓа потешко и затоа почнува да плаче. Или пак да не имаш силен млаз па да прска и ради тоа да плаче? Ако е тоа случај, подизмолзи се па понуди пак, и пробај дој го ти потпрена малку наназад, а бебе вертикално поставено на тебе.
    Кога даваш со шишенце нека не му тече непрекинато постојано, нека биде малку хоризонтално поставено шишето. Читав има некој назив таквото давање млеко, со цел да стимулира проток од града, да не се навикне непрекинато само да му доаѓа лесно млеко, не ми текнува сега на називот. Јас не го знаев тоа, не применував, така да не знам дали и колку делува тоа...
    Јас мислам зависи од дете до дете. Муабетот што мене ме отече, а вчера баш и еден доктор на фб ми излезе, емисија на Телма, кажува во моментот кога ќе се понуди цуцла или шише на бебе почнува одбивањето од цицање - според мене не е валиден во целост, затоа што има еден куп примери успешно доење и плус шишенце, ете и девојките погоре ти пишаа. Јас страшни осуди и коментари добивав/м дека сама сум си била крива, сама сум го одбила кога сум дала шише бла бла бла. Гореспоменатото видео ми го испопраќаа како 'доказ' дека се во право. Искрено јас немам веќе сила ни енергија да се правдам или објаснувам, нека мислат што сакаат, јас знам како поминав и тоа е тоа. Не дозволувај вакви коментари од страна да ти влијаат. Јас погрешив и психички многу ми влијаеја. Уште не можам да се дооправам, пред некој ден после еден сличен муабет се изнаплакав... :)
    Ти посакувам од срце среќа, и да ви биде доенечката приказна успешна, не како нашата! :hug:
     
    На MeowMeow, Anastasia579, fragaria и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    470
    Пол:
    Женски
    Само не се откажувај, после некое време ќе се стабилизира повторно. Кај мене најмногу помогна магнезиум и калциум неколку дена пред циклус и за време на циклус, по препорака на консултант за доење. 3 месеци ми беше намалено млекото околу циклус ама еве сега е стабилизирано, последниот циклус бебе си цицаше без проблем.
    Инаку јас пробав и со Лактил и Лактамикс ама со тоа си создадов само хиперлактација во текот на ноќта, а во други периоди од денот пак немав доволно.
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  16. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    981
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу
    Да и ја приметив навечер има некако, а денски е намалено
    Дали може да ми препорачаш кој калциум го пиеше и како, во смисла кое време и со што во комбинација да не има некое правило оти не сум пиела до сега калциум
     
  17. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    1.842
    Пол:
    Женски
    Еве и јас сум од тие што даваа и шише (авент со најмал проток) со молзено или формула, па сепак ќерка ми никогаш не одбиваше цицање (освен некои епизоди во скок кога не сакаше легната па и менував пози). Баш како што кажа, зависи од бебе до бебе и не си набивај грижа на совест. Јас до кај 4ти месец, иако она беше ексклузивно на доење, по 2-3 пати на ден и давав 20-30мл во шише за да ги испие капките за грчеви + витамините (никако поинаку не ги сакаше) и веднаш и давав да цица без проблем. Дури си научи сама дека после шишето доаѓа цице. После втор месец кога ми се воспостави лактација тешко вадев со пумпа пс прекинав да молзам, замрзнатото ми имаше лош вкус и го одбиваше па за кога не сум тука мм и даваше формула без проблем. Е по одреден период почна да одбива формула од шише самата иако и ја давав и во каши и си јадеше без мака. Муабетот ми е, не размислувај сега што си згрешила и не се обвинувај, секое бебе си е приказна за себе. Праќам гушки :hug:
     
    На Eho, Anastasia579 и fragaria им се допаѓа ова.
  18. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    8.414
    Пол:
    Женски
    Дај тие твоите нека олабават малце човече на жена во постпартум до толку и го тупат, па и да одлучиш да не доиш, не е нивна работа. Кажи им малце за'ржи. Еве +1 што бебе од прв ден пие од шише минимум 2 пати и уште цица. Нема правила со бебе значи секое е прича за себе. Сигурно нема на бебе што вришти и не сака да цица да го оставиш да прегладне па натака не знам ни што бива. Очигледно и порано бебињата штрајкувале за цицање ама ги оставале да плачат, друго објаснување немам..
     
    На Eho, arwen93, Anastasia579 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    408
    Пол:
    Женски
    Ај од возрасните некако отрпнав дека правеле скроз поразлично порано, немале кај да читаат, па се потпирале на тоа што другите ќе им кажеле и тоа било, не давај шише им кажал некој и тоа било тоа. Ама од млади мајки (од близок круг) истите осуди ги добивам, дури и повеќе :) и нив не можам и нема да им го простам тоа.
    До негде и сама сум крива што им дозволувам да ми влијаат, ама не можам да ги исклучам емоцииве...
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    8.414
    Пол:
    Женски
    Јас првото дете го доев само, ама вакви глупости како ова не ми правело. Тој не пиеше од шише ич, ете од страв да не се одбиел. Не мрдав никаде со него. Со ова така се разочарав, бев спремна да биде само на ад, мислам полудев. Кога ти се полни градите а не може да се испразнат следно ниво на бес е. Јас сум личност што не може да се мачи сама себе. Значи не можам, што ќе сменам ако мислам што би било кога би било. Фактичката ситуација не можам да ја сменам, можам само полошо да си направам сама на себе ако се јадосувам. Никој не знае како ми е мене, никој не знае како ти е тебе. Мудрост е да знаеш дека на секој се може да му се случи и да не судиш. Извлекувај го само позитивното од причава, иако од шише, твоето дете пие мајчино млеко и ќе има бенефити од тоа. Ако прекине тоа, биди среќна што колку толку пиел. Ако немало шанса да пие воопшто поради Х причини, биди среќна што е нахрането, и ти здрава, првенствено психички. Сигурно немаат лоша намера блиските твои, ама во осетлив период се и треба малку да се преиспитаат, нека си мислат што сакаат, ситен на гладен не верува, тоа е факт, ама нека си го чуваат мислењето за себе.
     
    На fragaria, Moon lovers и Eho им се допаѓа ова.