Јас ги пијам Osteocare, комбинација се на калциум, магнезиум и витамин Д. Витамин Д всушност ја подобрува апсорпцијата на калциум, па важно е да се внесува истовремено. Ги пијам исклучиво пред оброк. Инаку ако ги купиш, внимавај бидејќи има две форми: обични таблети и таблети за џваќање (содржат додадени шеќери).
Дали може да ми кажеш, како ја вадиш од града? И како се притиска таа валвата горе? Многу ми е нејасно ова, ја купив школкава, изгледав видеа, и не ми е јасно прво како се вади од града, второ, како се притиска тоа валвичето горе, ептен меко силиконче е, викаат, ќе го притиснеш, ама како?
Се става и се вади со благо притискање од двете страни со раката. Горе силикончето е за да си прилагодиш вакум ако ти е мн стиснато ќе го помериш за да го испушти водухот.
Здраво, имам проблем со доењето заради рана на врвот на едната брадавка. Веќе 3 недели се мачкам со ланолин но џабе не поминува, малку ќе зарасне меѓу подои ама после подој раната се отвара.
Ми треба помош Минатата недела ми се запуши каналче прво на едната, па на другата града. Ставав топли облоги, масирав со стаклено шишенце, и често молзев па пушти. Сега еве од вчера на левата града пак почнав да чувствувам болка, тврдо беше на допир... масирав и уште масирам, ама не поминува. Како повнатрешно осеќам дека е тврдото, како под брадавицата (не знам точно да објаснам) и не можам убаво ни да фатам за да масирам. Кога молзам излегува млеко, ама тврдото си стои... многу се плашам да не стигнам до мастит. Совет, што друго можам да правам и како да си помогнам?
Стави листови од зелка, оди под туш и под млаз топла вода масирај цело време. Исто со тушот на колку можеш топла вода да издржиш прави кружни движења. Мене ова ми помогна.
Здраво мајки, може ли да ми препорачате добра крема за рагади од доење и да ми кажете дали мачкавте и во бременост нешто или само одкако почнавте да одите? Јас со првото користев крема на медела мислам дека беше, ама ова пред 7 години и не знам дали воопшто ја има на пазарот или пак има во меѓувреме и нешто подобро излезено.
Колку треба да качува на килажа новороденче доколку е само на мајчино млеко? На прв преглед после пораѓај имаше качено 200 грама. После една недела на преглед имаше качено само 110. Ние се загриживме ама Палчевска во Систина ни рече дека е задоволна со оглед на тоа дека уште не се разработени каналите и треба уште стимулација и не препорача адаптирано, т.е рече ептен ако многу плаче 1-2пати дневно. Мене ми е страв да не заостанува бебето. Кога и да заплаче цело време го ставам да цица, не одбива ама не знам дали е најаден. Некоја со слично искуство?
Мислам дека на почеток просекот е околу 30грама на ден (25 минимум). Инаку и јас го имав истото искуство со Палчевска и мило ми е што ја послушав и не додадов АД. Моето првата контрола имаше качено само 60г, ама исто ни кажа дека е добро, дека е важно што качува и да не давам дохрана. Јас од страв давав по едно шишенце измолзено на ден, чисто да знам дека пие. Веќе на втората контрола имаше качено повеќе и секоја наредна беше подобро. Севкупно, првиот месец не качи многу, ама вториот си надокнади и качи 1,4 кг.
Ова ми е за утеха, скроз депре сум што не ми качува колку што е очекувано. Ама значи не е страшно. Гледам дека жената форсира доење и не е многу за адаптирано. А јас сепак се мислев дали да давам дохрана. Ама ќе почекам до следен преглед да видам колку ќе има прогрес.
И мојата качуваше многу малку, не само на почеток туку општо. Ете ја 1 годинка е, она нема ни 9кг. Ама дохрана освен првите 10 дена додека да почне да цица поубаво после тоа никогаш не додадов, и тоа давав многу малку дохрана, а останатото беше молзено затоа што не знаевме да се доиме. После 2 недели откако научивме да се доиме, по препорака на матична давав молзено 1 шише ама само преку ноќта кога стануваше, до кај 4 недели. Ама и со сето ова она пак не качуваше по 25гр. дневно. Сега јаде повеќе и од мене, па пак е малечка споредено со врсници. Не може секое дете да качува по книга, важно е да напредува, да е весело, да спие, а нормално и ќе плаче
Скроз те сфаќам. Мене ми беше многу чудно што ни на испис не ми препорача дохрана, ни по првата контрола, тргајќи од искуства на мои блиски, а и читајќи тука на форумов. Моето и со жолтица беше подолго време, ептен поспано, па не ни имаше сила да влече, ни знаеше да фати, со силиконски го доев првиот месец...и долго време му давав по едно шишенце измолзено, чисто за јас да бидам помирна. Секако прегледите првиот месец се почести, така што верувам дека доколку има потреба, ќе можеш навремено да дадеш дохрана. Понатаму, веќе станува полесно зашто ќе почнеш да препознаваш кога плаче од глад, а кога од нешто друго, па освен бројките ќе си имаш и други показатели. Сега најважно е да пратиш мокри пелени, доколку има на секои 3 часа, значи најадено си е.
jas z rani koristev myeobact i canesten 10dena dva pati dnevno. Prasaj pedijatar ili vikni j Jasna konsultantot za doenje dokolku si vo moznost.
мене ми кажаа во ремедика 15-35гр дневно. Многу е поважно да не паѓа килажата. Еден преглед и ако нема многу напредок даваат простор. Кај нас првиот пат беше 10гр дневно и веќе на следните контроли по 60гр.
И мојата првите два месеци не качуваше многу ама напредуваше јас не слушав совети за дохрана си го следев детето и сакав да ми биде нa ексклузивно мајчино и успеав упорно. Јас имам чувство дека докториве само бројки гледаат и дека се водат по шема па најлесно им е ад одма да советуваат
Фала ви многу на одговорите мамички За некој ден сме на следна контрола, се надевам ќе биде добро се. Ама после вашите коментари барем ке бидам помирна.
Да се надоврзам, 14 месеци и 9.5 кг е. Ама не седнува, цело време е на нозе. Само на доење беше. Вештачко млеко не дадов ниту еднаш, освен првите два три дена во болница, додека да ми надојде млеко. @poker_face битно качува килажа. Се согласувам, следи си го детето, ако е весело и си спие убаво не се грижи.
Одлично качува бебето, нема простор за грижа мајка. Продолжете си со исто темпо, не качуваат секогаш линеарно, некогаш повеќе некогаш помалку а ќе има и период ќе стагнира. Важно е да полни мокри пелени и да цица.