Колку пари е консултација кај Јасна со физичко присуство? гледам на сајтот на Бебелогија, 1000 ден онлајн. Нема цена за со физичко присуство.
Ми треба помош, бебе почна да цица едвај 7-10мин и заспива и ја отпушта градата. Пробувам секако да ја разбудам неуспешно. Ја исправам, ја преслекувам џабе. И да успеам да ја подразбудам, ќе поцица уште некоја минута и толку. Како да успеам да ја држам будна за да цица? Млеко има, и ако подстегнам ја отвора устата и се прајме лом, пошто не го голта
Кај мене беше така на почеток првата недела ама имаше жолтица затоа, и давав и молзено дека не фаќаше и ад дека мислев дека не е доволно, не напредна многу но не падна додатно на килажа. После педијатарот даде шанса и си напредуваше само со мајчино, еве сега ближиме 3 месеци се си е во ред. Прашај си и педијатар.
Здраво, мамички ве молам за совет..бебенцето е 3 месеци на почетокот имав многу млеко ми течеше млекото бебчето си цицаше супер беше на последната контрола многу малку имаше напреднато за 1 месец 250грама, а млекото ми се намали во последен период, навечер е супер полни гради станува 1-2 пати но преку ден мака мачиме цица се молзам му давам од молзеното и што имав од предходно замрзнато но веке уште многу малку остана од замрзнатото.. ве молам за совет како да си го вратам млекото пијам хип чај внесувам доволно течности, го ставам често на града иако нема секогаш млеко... после колку време ви се врати млекото? Инаку прво бебче ми е и многу ми е криво ако мораме да преминеме на ад
Околу 12 недела има таканаречена криза на доење, односно поради тоа што доаѓа периодот на воспоставување лактација, млекото се намалува за да почне да се регулира да произведува по потреба, а не под саат. Ако сакате да доите многу е важно да го издржите овој период. Она што кај мене функционираше е често цицање и тоа обавезно од двете гради, иако до тогаш веќе имаше период кога се најадуваше од една града, во тие 10тина дена колку што ни траеше кризата пак ја ставав на две гради. Чај пиев поретко, искрено го заборавав, ама пиев капсули Лактил. Може нема ведаш да приметите разлика со тоа што го правите но ако продолжите со редовна стимулација (најубаво со цицање, но ако не се случува тоа често, тогаш продолжете и со пумпата), ќе се воспостави лактација и ќе си се регулира млекото. И да, после овој период веќе градите нема толку да ви се полнат, затоа што нема да собираат резерва на млеко, туку ќе се произведува на побарувачка млекото
Како функциониравте тој период?дали даваше дохрана? Јас засега му давам од моето што имам собрано после цицање.. но уште за денес ќе имаме а со молзењето околу 60ml собереме.. ќе мора да преминеме на ад
Здраво, јас кога го имав тој проблем ја викнав Јасна консултант за доење и она ми препорача многу работи да правам, ќе пробам да го најдам листот со препораки. Отприлика, некои капсули на природна база имаше се викаа Лактил, овесно млеко, тие чаеви за доење, црно семе ми се чини имаше... Кај мене ништо од тоа не успеа пошто моето бебе имаше развиено преференца за шише веќе, па се ми остана неискористено.
Здраво, јас имав таков проблем, кај мене успеа да се залечи со употреба на силиконска брадавица, а можеби и оние сребрени како штитници за доење може да ви помогнат. Ланолинот и кај мене послабо помагаше за жал.
Супер доколку го најдеш листот со препораки, веќе не знам уште што не пробав се надевам дека ќе се врати пак млекото
Не, не давав, ама не давав ни претходно затоа што иако и моето бебе напредуваше помалку според килажа, сепак беше весело бебе, имаше мочкани пелени, немаше никакви индикации дека неухранета, и затоа никогаш не додавав ништо друго (освен првите две недели кога давав измолзано затоа што уште не знаеше да цица). Иначе ти кажав како функциониравме, ја доев почесто и ја доев на двете гради. П.С. и сите тие препораки што ќе ти ги даде членката од јасна не дека се лоши ама да знаеш дека може да не направат огромни промени затоа што едноставно таков е периодот. Пиши на Google Breastfeeding crisis и ќе прочиташ малку повеќе околу тоа
Се сложувам, мене ми беа дадени препораките во трети месец, буквално врв на breastfeeding crisis, така да ништо не е ветено, затоа се само препораки, крајниот резултат сепак кај сите е различен и времето ќе покаже...
Па ако претходно цицаше на 2 саати, тој период на саат ипол Освен навечер, тогаш колку што се будеше.
Ова би влијаело ли на можноста да се замрзнува млеко, не сфатив баш...? Прашувам за вишок за замрзнување.
Искрено не сум сигурна како е со молзење на веќе воспоставена лактација, можеби @Baby warrior повеќе би знаела?
Да после вадев помалку по сесија за одмолзување јас до 6месеци редовно одмолзував и замрзнував за да имам секогаш кога ќе излезам да оставам - за навечер. На пример до 5ти месец без проблем измолзував од една сесија од двете гради по 80-100 после тоа требаше кроз денот неколку пати за да достигнам 100. Затоа од мене препорака за школките на почеток максимум да се искористат и да синсоберете се што капе од втора града додека доите. Мене мн ми помогнаа и секогаш имав во замрзнувач барем 7-8 кесички за да не мислам и брзам ако ми се дешава да не можам да дојам. Јас ова го правев најмногу ради доенечките штрајкови зошто ќерка ми беше позната по тоа во секој скок до 5ти месец она знаеше да ми бутка цице а да сака да пие од шише.
Дали сте имале мака со прекратен подој на 19месеци? Цица насабајле штом стане и навечер пред спиење..сакам утринскиот да го тргнам ама не знам он како ќе прифати и дали јас ќе си напраам беља неколку дена веќе наутро сам ме трга за пижама и цица ептен кратко помалце од минута и одма станува спремен да оди да игра во дневна..ми делува само како да е жеден и толку..навечер цица многу повеќе време и пак сам бара.. Утринскиов сакам да го тргнам зошто некад го расонувам наутро за да цица, а јас морам на работа да одам планирам да му оставам шишенце вода за сабајле па ќе видиме..што мислите? Некој вака искуство? Инаку градиве ми се големи сеуште и кога ќе стиснам од 3 места искачаат густи капки, ептен ми е страв од мастит зошто на почеток имав проблем..
Здраво, ние сме 10м, има 6 заби и многу лошо ме гризна пред некои 4-5 дена, имам како дупче не е само рана и ненормално боли кога цица. Дали има шанси ваква рана да зарасне со ланолин и д3 или треба на лекар?
Мамички пак ми дојде млеко, сега цица на секој саат но некако многу бргу ѓи испразнува градите и после цицање плаче но бргу се смирува кога не се смирува му давам од моето собрано млеко.. Дали е нормално така? инаку пијам хип чај ги почнав и таблетите лактил пијам чај од магарешки трн (чичак)вода по 2-3 литри, млеко од бадеми, јадам исто така овесни снегулки.. се измолзував после секој подој иако некогаш немаше ни капка млеко, сега се измолзувам само 2-3 пати во денот многу бев уморна овие неколку дена дали да продолжам после секој подој да се измолзувам за да надојде повеќе млеко? Да напоменам вчера бевме на контрола 250 гр. напредна за 8 дена што сега е супер.. Но му давав предходно од собраното млеко бидејќи немав доволно.