Не знам кај си породена ама мене во Систина ми кажаа дека првиот ден ништо не им даваат. Од вториот почнуваат со адаптирано, а со мајчино кога ќе надојде.
јас ја имам листата моја во Ремедика му дале на 3ч од раѓање 2мл декстроза, на 6ч пак декстроза. На 12часа 5мл, на 15ч 10мл, на 21ч 15мл, на 24ч 20мл адаптирано. Баш еве сега ја отворив
Девојки денес бев и на педијатар ама не добив некој одговор , не памтам со првото ама сега со ова ми кашла после подој не на секој ама знае да се закашла онака суво ко дедо некој буквално така звучи….си го провери се педијатарот го слушна и кога прашав ништо не ми кажа
И мојот така прави, првото не ми правеше..овој само поткашлува од млекото, знае и во уста да го чува некогаш и се дави хахаха Не им е ништо, додека им се развијат сите рефлекси.
Мајки дајте помош како да се одбиеме, годинка ипол сме големи и цица само во текот на ноќта, веќе ми станува напорно се разбудува ноќе не дека е гладна туку си спие на цице имам пробано во тој момент да и дадам вода,млеко, јогурт,леден чај си пие додека е жедна и фрла шише и плаче за цице
Не би требало да и нудиш друго за пиење ноќе,така се создава нова навика. Пробај да одолговлекуваш колку што можеш кога ќе се разбуди,нишкај ,пеј,гушкај, остави малку да плаче и штом ќе стане неиздржливо ќе дадеш. Неколку дена така па ќе почуствуваш промена. Јас кога одвикнував, сакав да побарам помош од сопругот но тогаш многу читав на оваа тема и сфатив дека доколку не го држи мајката детето уште повеќе се вознемирува. Така да, таткото беше морална поддршка.
Како да го нишкам и да го гушкам кога силно отпор дава, мава со раце се корни, не плачи туку се бори со мене ама во буквална смисла Не се смирува дури не дадам цице, шо ќе прајме на спална спаринг ќе играме ? Стварно не знам како ќе се одбиеме
Ќе издржиш 10-15-20 или повеќе минути борење и ќе се потсмирува полека. Напорно е знам во истата ситуација сум и јас ама мора да има излез не може вечно на цице да спијат. Ептен кога ќе урла и давам малку вода и се потсмирува, можда и шматањето на цуцлата од шишето и помага (цуцла обична не сака)
Пробав синоќа, се смируваше пет минути и пак вртење и борба. На крај изг заспа ама после тоа попо во бело го видов, на секои пет десет минути се будеше, му дадов шише млеко и се смири некое време и после пак. Изгледа нашето будење и не е само навика туку е глад во прашање, чудно за тоа колку јадеме ама еве го шмукна шишето во пет минути, лакомо бебе имам и тоа е
Здраво, ми се ближи терминот полека, сакам искуства од вас во врска со ДОЕЊЕ, што се најбитни работи од купување па се до знаење. Дали можеби имате некој курс кој ви помогнал многу/книга или пак туторијал кој ке ни биде од помош на почетокот за некои основни работи за ДОЕЊЕ.
да ти покаже некој правилно местење, прафилен фат на устето на бебето и упорност. Земи си перничка за доење јас не користев ама сигурно ќе ти е од помош
Побарај ја Јасна бебелогија, jasnic_80 на инста, пиши и. Има повеќе работи што се битни околу доењето, можеби има некои материјали или држи часови знам (ако имаш време уште до пораѓај). Ако се пораѓаш државно, никој ништо не кажува, така да многу лесно може да се утне работата. За приватно не знам како е.
Јас се породив во Плодност и можеби ќе звучи глупо, но искрено не знаев баш ништо за доењето. Воопшто не помислив претходно да се подготвам за тој дел. Морам да кажам дека многу ни помогнаа таму, особено сестра Виолета – навистина посветена. Сепак, ако имаш време, како што ти предложи и членката погоре, побарај ја Јасна и можеби размисли за советување кај неа.
Дали некој ја користи електричната турпија на haaka? или со обична грицкалка ги сечете ноктите на бебињата? Или ако има друга опција препорачајте ми