Јас му давам навечер оти денски некогаш многу ми глуми со цицање, не е заинтересиран, ако го одбијам и навечер толку ќе биди. Нека цица колку шо ќе цица, ионака нема да е вечно доењето, кај 7 и пол месеци не спијам за уште толку било проблем
Мајки, на колку време цицаа/цицаат вашите бебиња, кога беа еден месец? Моево прво стануваше на два саата, од вчера почнува и на саат време некогаш да бара. За месец време има качено 1250гр. Педијатарот вика дека треба да му ги намалам подоите, ама како, кога е гладен и плаче толку силно ако не добие? Уште нешто, од кога дадовте цуцла?
Колку сака нека цица. Cluster feeding прочитај, има едно време цело време спијат на цице, не ми текнува кој период беше ама како и да е, не е никаков проблем. Цуцла од одма сум давала. Инаку мене кога ми плаче бебе за брзо, проверувам да не е од нешто друго и пробувам да го смирам набрзински, не сум давала цице на секое заплакување, па ни на секое будење (зошто се буделе по 372829 пати во ноќта после 3-4 месеци) и ми успевало, значи не е секоја плачка за цице, ама ако си бара стварно нека цица, како може да не даваш не знам и педијатриве се малку чудни.
За еден месец качивме 1300 г. Ниту во Плодност, ниту матичниот педијатар не ми рекоа дека треба да намалам со доењето. Секогаш цица кога ќе побара. Скоро ја слушав и оваа емисија, каде што исто така се препорачува доење на побарувачка: Цуцла му беше дадена уште во болница, па така продолжив и јас да му давам. На почетокот не ја прифаќаше многу, но сега на 11 недели понекогаш успеваме да се успиеме и со цуцла.
Мене ми помогна Јасна многу Ми е криво што не обрнав внимание пред пораѓај за темата доење да се спремам некако не ми помислив дека ќе ми треба нешто особено А навистина требало Јас лично се изнамачив Не е кај сите така не се плаши
Има часови за трудници редовно, https://bebelogija.mk/ Овде можеби и има нешто за читање. Исто така доаѓа дома ако имаш проблем, ама има работи што треба да се знаат од претходно, па ако нешто зачкрипи може да ја викнеш. Ти го пишав веќе инстаграмот, подетално прашај ја ќе ти каже. Исто на инстаграм bebelogija има објави за часови.
Веќе ти пиша еве друга членка Јас конкретно ја викнав дома ама веќе бев породена и месец и пол се мачев буквално и бев очајна и пробав со неа па ако не биваше ќе останев само на ад Иначе сега е 6 м и се уште цица и навечер пие ад преку ден кога како ама само по 30-60 мл Побарај на инста како што ти пишале имаше инфо за се Мене ми е криво што не бев на курсот пред да се породам ама бидна
Бебе што се дои, цица кога сака и колку сака. Нема мерка нит саат. Одлично напреднало за месец, па на почеток и толку качуваат.
Колку после рентген на кичма може да се дои бебе? Ми ставија нешто на градиве, некој гумиран материјал ама не знам колку е безбедно, или барем денес да паузирам
Прашај ги таму, мене не ни сакаа да ми прават рентген на ногата кога кажав дека дојам, а матичната ми рече нема врска. секаде различно
Јас правев рентген на рака со рамо, ми кажаа барем 2 подои да паузирам, т.е да се измолзам и да го фрлам млекото.
И мене прво ми рече а не, не смееме да те снимаме, ама млад дечко беше, па отиде, ги праша другите и тие рекоја слободно може да се снимам и само ме покри горе
Планирам јас така цел ден, ние секако сме и на комбинирано. Некој модерен апарат ми се виде, се надевам помало зрачење има
На еден месец прашањето би требало да е кога не цицаше Буквално со цицката изваена шетав низ дома, како оние мајмунчината по рилсови што вртат исто така обесено беше на цицка по цел ден и цели ноќи. Сега денски сме порастеретени, дали ева пати цица ама затоа навечер со цицката во уста спие, а се тргнам се штрекнува
што се случува на 7 месеци? значи ова е се освен цицање, фати-пушти, ќе повлече и се трга, тоа млеко шприца, она си гледа наоколку и цел ден така, цицкиве ми се преполни со млеко, ние сме избањати, она се гази од смеење
Тргни два пати и сврти се наопачки со главата, па уште ако има некој во собата да збора, 20 пати ќе се сврти да испрати, како некоја жена стара на чешма. Прејако, а моментот кога ќе ме испули дури цица ама онака со насмеани очиња и ќе се раскљафти од смеа, као демек види мајтап си играм со тебе Колку и да сум исцрпена се ми поминува во тој момент