Мајки ајде помош Породена сум трет ден и млекото ми дојде одеднаш ,десната града цела се затна отечена ми е целата, не успевам ни со пумпа ниту со рака, масирам и топол туш но несака Бебето се лути и одбива и оно да цица
Дали пробуваш со електрична пумпа? Би ти препорачала електрична, во случај да користиш рачна. Мене на неколку пати ми се правеа грутки, јас мало стаклено шише со топла вода ставам прво кај што осеќам дека е грутката па после масирам малку со него, па со рака, истовремено дури пумпам со електрична пумпа. Не ми поминува секогаш од прва, ако уште ми е болно и тврдо, по 1/1.5 час пробувам пак. Во меѓувреме ставав лист од зелка (претходно стојан во фрижидер), околу брадавицата (да не е на брадавицата). Дека е како ладна облога, убаво доаѓа. Еднаш прочитав негде и облоги со јогурт, па и тоа пробав на памучно марамче, ама зелката повеќе ми помогна мислам. Исто прочитав за затнати каналчиња дека е добар сончогледов лецитин, купив и тоа. Од Now. Ќе помине, само биди упорна со молзењето дур ги разбиеш грутките. И ставај бебе почесто, пробувај го, може ќе помогне, викаат ко што може бебе да исцица ниедна пумпа не може. Кај мене проблемот е и што бебе не цица воопшто, па молзењето ми е единствена опција...
Со рачна пумпа. Ептен тешко по некоја капка ќе истече. Пробав и со топла вода и крпа па да одмолзувам но и тоа не ми успеа. Бебе се тегне несака ни да се сврти да фати да цица, а таман убаво почна да си цица уффф
Оф не знам што да ти кажам... моево бебе кога престана да цица, советите беа да се обидувам во темна просторија, без звуци, без дистракции. Не знам дали и за толку мало бебе би важело истото, ама ете пробај и така, во темно во тишина, смирено понуди го. Тоа може и се нервира сега затоа што не му доаѓа млеко кога почнува да трга А за пумпањето, обидувај се, масирај, молзи често. Ако не пушти, размисли да купиш и некоја електрична пумпа (има во Локо кроко и поефтини, вчера баш случајно видов една на акција околу 1500денари), мислам би вредело. Пошто електричните поголема сила имаат и повеќе можат да извлечат од рачната. Јас многу бев уплашена да не стигнам до мастит и затоа панично масирав и молзев. Еднаш дури и рана си направив од што на 'суво' масирав и стружев на едно исто место Најмногу што ми имаше останато грутката беше 2 дена. Ти посакувам да се среди проблемов што поскоро и да продолжи бебе да си цица убаво
Ајде и овде да прашам... Дали некоја од вас има искуство со пиење Амоксиклав додека дои, и дали во тој период бебето имало повторно проблеми со мешето? Ние само што наполнивме 3 месеци и веќе повеќе од еден месец бевме супер, без маки со мешето. Но последниве два дена бебето има многу болки во мешето Моментално пијам Амоксиклав поради грло, па се прашувам дали тоа да има влијание…
Намаливме на 2 подои дневно насабајле и навечер пред спиење. Синојка пред доење градите ми беа полни бебка се нацица и заспа. Стана накај 5 ипол градите пак ми беа полни и осеќав болка од десната страна на десната града. Се нацица ги испразни но сеуште осеќав болка. Мислев дека ми е clogged duct па затоа после првата дремка ја доев пак и додека ја доев ја масирав градата. Сега не ми се полни, грутка немам ама болка сеуште имам. Што би можело да е? Обично кога ми било вака претходно после подој ми олеснувало ама сега уште ме боли…
Што би ми препорачале да јадам/избегнувам за да го зголемам квалитетот на мајчино млеко? бебе е 4месеци и слабо качува на килажа а и често кака 5пати на ден.
Феминки да ми препорачате рачна пумпа за измолзување. Од тие што сте задоволни. Малиот ми штрајкува во цицање веќе месец дена - ноќе цица без проблем, и денски кога е поспан.. инаку нема шанси! Пробано и темна просторија и бел шум и пози разни на доење - џабе! До пред некој ден имаше 2-3 пати адаптирано во 24 часа, сега веќе и 4-5 пати се собираат од што ми одбива, а млеко имам. Па сакам да се измолзувам, барем моето да го пие. До сега со школките на Хака се измолзувам и собирам (комбинирав со рачно).
Од антибиотици имам пиено сумамед и Панцеф немало реакција за Амоксиклав не знам ама не би требало Ама пиев пробиотици и витамините обавезно
Навечер кога ќе осетам дека се малку по полни сум имала така болка и како топче кое после цицање се губи а болка има но поминува само од себе како да истегнеш мускул таква болка Можеби треба време и плус малку масажа
Дали е нормлано брадавиците да ми се како грозд напред? 7ми месец од бременоста сум. ама и преходно дека ми беа исти. Сега се исплашив да не имам некаков проблем со доење?
Не постои неквалитетно мајчино млеко. Колку пати на ден се доите? Ноќе станува ли да цица? Како ќе расте така помалку ќе качува на килажа. Можеш чисто за себе да пиеш витамини јас ги пијам фемибион ама можеш некои други поефтини било какви постнатал.
Девојки, мачкам пурелан на медела ама бебево успеа да ми ги напраи лом градите за два дена. Што правите за болката со доењето?
Иста бев, кај мене уште првиот ден ми се направија рани. Како минуваше времето сè поболни беа, се плашев да го ставам да цица од што ми беше болно. За мене на болница сестрите многу се трудеа да го постават убаво, да фати бебе убаво, дека тоа е клучно, ако не се научи да фаќа убаво цело време ќе прави рани. Ама кај нас ништо не помогна, бебе го губеше вакуумот и му остануваше само врвот од брадавицата во уста. Спасот ми беше силиконска брадавица. Околу 2 недели ја користевме, не памтам баш точно, па после ја тргнавме. Пробај со силиконска. А исто што ми кажа една сестра, дека не треба да претерувам со ланолин, дека ако брадавицата стане премногу мека ќе му е потешко на бебе да ја држи, ќе му се лизга... што кога ќе се подзамислам, може има смисла. Јас пак мачкав само гледав не пречесто. Среќно
Од кои силиконски брадавици користеше? Јас имам едни ама не се форма на брадавица, чудни се, се мислам да ги сменам