Јас имав на Медела. Од тоа што сум гледала, нема баш исти како природна брадавица и сите се некако слични во обликот
Јас на моето прво бебе најпрвин го надоив и беше задоволна и потоа после 20тина минути кога знаев дека не е гладна и дадов пак (она не одбиваше цице никогаш) ама намачка малку сенф. Затоа што беше најдена и нацицана само се згади од сенф и и кажав 'ауу мами бљак а? Се расипале цицињата'. И на неа и дојде смешен зборот бљак плус не беше нервозна од глад и почна да се смее. После неколку часа пак кога побара и реков 'мами нели се бљак расипани'? И малку се налути ама се смири брзо. Клучното беше ја фатив во момент кога е најадена и нацицана, ја уверив дека се расипале и дете поверува. Ова немаше да ми успее доколку го пробав истово додека е гладна и нервозна. Пробајте, се надевам ќе успее и кај вас.
Кај поголемо бебе да ама кај помало не разбира сеуште плус сонливо е. Инаку така ќе правам кога ќе го одбивам, мада знаејќи го мојот каков јадач е можи да му се заубај сенфот после ќе треба насекое со сенф да ги шлакам ххааха
Кога отприлика го укинуваме ноќното доење? И како? Чекаме бебето спонтано, само да престане да бара, или треба да му помогнеме да научи дека ноќе се спие, нема јадење ноќе?
не знам колкаво ти е бебето, ама мислам дека е помало, зошто сакаш да го укинеш ноќното доење? не гледам како би го укинала, јас додека ја доев стануваше навечер и само така презаспиваше, тоа беше до годинка, веќе бевме сведени само на ноќно доење, преку ден си јадеше се, веќе ми немаше поента, стануваше само од навика, ја префрлив на АД пред спиење и завршивме со доењето
моето е 3ипол м, 1м ја спиеше цела ноќ со едно будење накај4/5. Можда е период ама 1м вака прави…спие5-6саати, се буди цица и доспива уште саат два
Да се пријавам и јас нова мама, породена пред 4 дена со царски, млеко вчера надојде и се осекав како да ме удрил камион го ставив бебе на гради ама дека мали брадавици несакаше да фати па ми дадоа силиконски брадавици и бебе си фати убаво со нив но незнам некако многу ми е болно но од друга страна и бебе не се мачи за да фати, дали и кај другите што користите силиконски брадавици е исто или само јас така осекам
Со силиконски е помалку болно, ти ги штитат твоите брадавици од рагади. Болно е на почетокот секако. Ако цица така нека цица, полека, како расте ќе добива повеќе осет ќе цица и без.
На 11 месеци ја одбив од ноќно доење, некои од 6 месеци прекинуваат ама треба да се следи детето и консултација со педијатар како качува тежина. Ако не цица ноќе треба денски да внесува доволно калории за да спие. Ако мислиш дека ќе спие ако го одбиеш на 6 не ти е правило, допрвин следуваат регресии при совладување вештини и чести будења.
Јас и ад давам скоро 4 месецу пред спиење и пак се буди за цице насекое, ама можеби затоа што се успива на цице, додуша и кога заспивал без цице пак се будеше за цицање во ноќта сто пати. Е сега чудното е што некогаш има ноќи кај што не се буди толку често, само два пати, сите ноќи кај нас се различни, некогаш ќе се успие три четири сати го нема, некогаш на 20 мин не можи да презаспие. Ми дојде прв пат пред три дена и си цица убаво ама прееска не сакаше да стави цице во уста ќе ја ставеше и ја пушташе одма, изгледа вкусот му е чуден оти нели се менува после добивање циклус. Изгледа вадиме и заби, се учиме да се вртиме и во текот на ноќта лудило го фаќа, по сто пати ќе цицни и ќе се сврти настрана на секое ова го прави, вака и се успиваме, абе ... Јас и со формула денот го почнувам, некогаш и во 4 ноќта давам, ако не дадам има плачки и не сака да презаспие. Кај не спијам оти бара цицка на секое па уште и формула да спремам, тражили сте гледајте работата
8 месеци за некој ден, од раѓање сме со исто темпо навечер, веќе навикнав физички ама не знам оти психички не се помирам дека така ќе тераме, се оптеретвам секоја вечер кога ќе се разбуди јас саатот го гледам. Налет тоа и не можам да го оставам на никој навечер на чување, пример да треба нешто свадба или некој битен настан оти за излегување се помирив дека нема излегување додека не порасни. Пред некој ден на мајка ми го оставив абе коа рече плачам кога се разбудил и видел дека ме нема никако да не можи да го смири, среќа бев дома кај моите а тие се 20 метра оддалечени од нас Ама срцка ми е бе, сега се научил да ме штипка онака за брадавица за да му дадам цице, пред некој ден сп сопругот на камера збораме и тој ми се беси на града јас го игнорирам и ја провлекува раката под блуза полека и ме штипка за брадавица, се изнасмеавме
Мислев да не сме исто дека и мојот само сака да е на цицка .. а така праи исто со гледањето на страна…
Што да се прави за повеќе млеко? Освен бебе на града често, чај лактамикс, бистри сокови и вода, и храна. 7 дена бебе, со жолтица, цица на едната поактивно, на другата пасивно, ама не верувам да му е доволно бидејќи слушам голтање на почеток после само шлапкање. Помош?
овесно млеко, чаеви два во комбо ќе пиеш со холе чајот ќе додадеш и капсули lactil да пробаш. На 2ч да стабаш макс бебе на града или почесто