Мајки вчера приметив дека имам мала грутка на едната града што ме боли на допир. Читав дека најверојатно е маститис. Бебе цица нормално ама не знам што да направам, дали е за на лекар ова и колку е сериозно. Некое искуство?
Не е маститис штом ти е само грутка, без други тегоби (температура). Веројатно затнато каналче е. Пред доење ако можеш истуширај се, топлата вода да прска на местото и масирај. Или ставај топли облоги пред доење и исто масирај. Јас користам мало стаклено шише од смути го полнам со жешка вода и го ставам кај што ми е грутката и масирам со шишето. Биди упорна, ќе се среди После доење можеш ладни облоги да ставаш или лист од зелка претходно стојан во фрижидер (околу брадавицата стави, ама не директно на брадавицата).
Грутка не е маститис, може да е затнато каналче само. Масирај го местото и нека цица бебе повеќе од таму. Маститис прво предизвикува висока температура над 38.5, второ местото е жар црвено на градата и болно некст левел. Како и да е, со масажа под туш и највеќе бебе ако цица од таму се разбива. Со првото имав еднаш грутка, ден два макс траеше.
@Eho @Cherry333 фала ви на одговорите. Прво се извадив од памет после прочитав дека е нормално. Еве денес го држам доста повеќе на таа страна. Се надевам и со масажи и облоги ќе помине побрзо.
мене пред неколку дена ми се случи го ставав бебе повеќе на таа града, се масирав со топла вода и прсвев нежна масажа паралелно. Помона за два дена
ако е само на почеток нормално е се вика транзиторна болка. Инсче колку цврсто и да држи стсви го налиот прст кај аголот на неговата уста и одма пушта
само на почеток, да, ама баш ми го згрчува телото. Добро е во однос на тоа како ме болеше претходно. Ќе пробам ова со прстот. Инаку, сега почна и да се тегне со цице во уста аууу не можам да замислам кога ќе имаат запчиња како ќе прават
Како кесички со малку течност . Се враќаат малку нагоре после, никогаш како што биле, ама не остануваат толку утепани како тазе после доење. Ти си млада како што знам, ќе се средиш сигурно побрзо.
А дали едната останува подолу, другата погоре? Бебе цица само од една и тоа немам јас од старт доволно млеко, никогаш не ми биле ни тешки, ни преполни, па пак едната ми е потспуштена..сега гледам дека било поубаво да имаш помали гради, на 20 год убави се и големи ама подоцна..
Паа скоро месец како не цица, цицаше 20 месеци - искрено не се лоши ко што ми беа, мааалце поспуштени само и со по некоја стриичка
Хаха, не знам што се случува во тој случај, мене исти ми биле. Инаку јас имав мали накај средни да речеме, ама после доењето дали дека ми подвиснаа, не се баш мали сега.
Мајки од вчера лева града под брадавица тој дел ми е црвен и на местото има како температура, грутки и слично нема, ставав и лист од зелка од што може да биде
буквално како издишани балони се мене барем така ми беа, откако ја доев првата веќе прслук неам соблечено од шо не можам да се гледам
Давав без проблем измолзено мајчино млеко во philips avent natural response стакленото. Во последно време почна да се мршти на шишето, дали да сменам проток? Ова шише е со 2 отвори, има ли со 3 или дирекно е на 4? Бебе е 3+ Инаку се доиме ексклузивно, но некогаш по потреба даваме молзено.
Здраво на сите Бебето ми е за некој ден еден месец, на доење сме од почеток но последниве неколку дена приметувам дека не ја фаќа убаво дојката и кога цица се слуша цок цок пробувам да го наместам убаво и да му подотворам устата но несака Го осеќам како недоцицано