Колку време после царски ви најдојде млеко? Пијам течности,јадам но сѐ уште нема ништо. Пијам и два пати чај за доилки. Де чувствувам беспомошно, ставам на града секој слободен момент, но абер нема. Исто така, навечер е со сестрите, а јас спијам во болница зошто сум втор ден постпартум
Сабајлето пред одење дома ми надојде мене. Немаш простор за грижа, терај само се ова што кажа продолжи да го правиш
Мене ми надојде крај на втори ден, ама го ставав цело време на града, го гушкав, се масирав и пиев премногу течности. Не си прави нервоза, млекото ќе дојде. Секако на почеток не им треба многу. Нас не испишаа од болница со ексклузивно доење, а јас имав по некоја капка едвај кога ќе се стиснев.
Сакам и тука да прашам, дали е можно од еспумисан л капките многу да повраќа? Значи, се нацицува и дел враќа. И нема шанси одма да го легнам, морам да го држам исправено 20тина минути и да го легнамна подигната перница. И каката почна да е со жолти зрнца, ама зеленкаста како со парчиња, а не сум јадела ништо зеленкасто. Давам по4 пати еспумисан заради многу гасови. Ве молам за искуство
Спием со бебе заедно на спална и на цице го заспивам, додека заспие едно 20 пати ќе цицни ќе се сврти на другата страна, цица, си го зема цуцето во муцето и веднаш на другата страна, насекое додека не заспие, безброј пати така додека не се умори, ајде додека не сме заспани се трпи ама и ноќта така прави исто и насабајле додека се разбудиме, си игра со цицето и така заспива. Дали и вашите бебиња прават така или само моето е блесаво
Здраво женски совет: 4 ден ПП со царски, второ дете. Млеко имам, не количински колку што би сакала но е во ред со оглед дека дури вчера воспоставив лактација. левата града премногу ми крвари, бебе одбива дури да цица а мене ми е неподносливо, до степен ми иде да си ја исечам цела града. Пробувам и со ланолин нонстоп, гради голи и со силиконска исто, ама подобрување нема. Дојам само на другата града плус давам дохрана 60мл. Совет како да забрзам процес на закрепнување, дали може да се зезне лактација или да оставам 2 дена недопрена града? Да напоменам, дојам, па после додавам дохрана ако продолжи да плаче.
Јас откако е роден само на една града го цицам, појма немам како кога ќе прицнам имам млеко во недопрената града, ниту ме болела ниту ми се направи мастит, бебе не сакаше да ја фати таа града и вака тераме 9 месеци. Од 4 месец сме на комбинирано, давам и два пати по 120 мл отприлика ад оти најверојатно не му стига
Мачкај подебел слој, на цела аерола не само на брадавица, мене ми правеше разлика така... исто препорака за ланолинот на медела, а и тука читав дека многу членки го препорачуваат. Со силиконска воопшто ли нема подобрување? Да заздрави барем малку па да продолжиш со силиконска, јас доев така па после ги тргнавме.
Женски малку помош. Ми се направија грутки на едната града (по стоти пат), ама овојпат качив и темп. 37 со 3, ама сепак.... Чудно е што грутките ги снема, чувствувам само болка ко струја низ градата и сега температурава.... Освен парацетамол, ладни облоги, зелка...што друго да преземам?
масажа, масажа и масажа под топол туш тоа највеќе помага, за точно како да ја направиш масажата види туторијали на интернет, масажата треба да е нежно, не агресивно погледни видеа мене многу ми имаат помогнато
Правам масажи, да. Сега се насекирав, не сум болежлива особа, а го чувам бебево сама... А јас сум си крива за грутките, кога сме надвор или во кола, не ја местам добро, она е лакома и плитко фаќа
Da ne ima ostanato nekoja grutka stom imas temp? Mozes vo shishe da turis topla voda i da pravis masaza pa posle toa da stavis bebe da cica
Да разгледаш ако можеш да си набавиш сребрени 'капачки' за брадавици (silverettes). Еднаш читав на Фб прашуваа за истите во групата Труднички муабети, мислам некој и продаваше некористени. Разгледај баш.