Јас имав премногу млеко, па се измолзував цело време, зашто и не фаќаше на почетокот. И имав голема залиха, баш заради тоа. Зависи колку млеко ќе имаш, мојата цицаше една града, еден подој, па другата ја молзев и ја замрзнував. а брзо се полнеше. Ако ти е за дентта да дадеш, нема да мора ни да замрзнуваш, може да го почуваш шишенцето во фрижидер, па после само да го загреат шишето со млеко во топла вода. Иначе до 4 часа на собна температура, до 4 дена во фрижидер, но најназад во фрижидер, не на вратата. И 6 месеци во замрзнивач.
Е мојава беше од прв ден на града уште во болница кога ми дојде млеко. За млеко си имав и тоа многу, на почетокот се давеше ако не се измолзам. Се молзев и јас и заради ова и заради тоа што 3 пати мастит ќе фатев, Филипсот ептен ми се погоди. Ако се погоди како првово да си цица(среќа немавме ниеднаш кризи со доење) исто ќе си продолжам, само на града, а за шише да дадам само по потреба пример истиот ден и да излезам. Ќе пробувам така, нека цица па после молзење зошто и јас така терав, една града еден подој, не ја доев од двете во исто време.
Сакам да го доам. Ама досега само 2-3 пати има фатено да цица. Две недели сне. Првата недела беше одвоено од мене во болница, и се навикна на шише. Како би можела да го научам само на доење?
Пробај со силиконска брадавица. Пробувај во тивко, затемнето. Ако можеш одма кога почне да се буди од дремка, дур е уште успано. Исто некогаш помагало да наполнеш када, да влезеш ти, маж да ти подаде бебе и да се галите да се гушкате, кожа на кожа контакт. Пробувај смирено, нуди го секогаш кога си расположена. Ако почне да плаче не инсистирај за да не му направиш одбивност. Од тоа што сум читала ова би било сумирано. Не значи дека ќе успее, ама секогаш кога се има желба - вреди да се проба. Викаат и 100 пати да одбие, 101-виот пат може ќе фати. Кај нас не беше успешно, ама држам среќа кај вас да биде
Мајки на доење сме и има некој стомачен вирус и се разбира ме фати мене на бебе не му е ништо, кој се безбедни лекови додека доиме освен пробиотикот што го знам што друго би ми помогнало
Мајки кои кесички и кое шише го користите за измолзено млеко додека доите , најчесто читам на филипс авент ама дали натурал или антиколик. И дали 0+ или 1+ да земам ?
Јаглен и електролити. Избегнувај чај од нане. Јас имав бебе кога имаше еден месец, со пролив и повраќање бев.
Да е за стомачен вирус најдобро за пиење, али го намалува млекото, јас една чаша се напив тогаш, па прочитав видов дека не смее. Како и да е го повратив тогаш чајот
Јас имам Lorelli ќесички, добри се, но и било кои други за таа намена ќе ти завршат работа, ги има Еурофарм и другите аптеки. Шишенце исто Филипс со најмал проток, натурал беше мислам, ама побитно е начинот на кој му даваш да пие, со паузи и по малку, шишенцето во водорамна положба, да не тече брзо за да не развие преференција кон него.
Со упорност би требало да биде Мене лично многу ми помогна Јасна консултант за доење Многу се измачив на почетокот оти ништо не знаев ама сѐ се учи Се надевам и ти посакувам да биде лесно кај тебе Иначе ние бевме на комбинација доењето и ад и после вкусови кашички Но еве се уште цица само навечер најчесто и насабајле се преку ден веќе пробувам да намалам скрос
Мајки на 8-9-10 месечни, со многу заби.... Дали имате болка при цицање на бебе? Мене ме откорна,секое цицање ми се плаче од болка
Јас купив tommee tippee кесички и стаклено шише за новороденчиња, супер ме служат кога имам потреба да измолзам.
Ве молам кажете мислење дали на 1г и 2м може да се фати мастит? Надната града аеролата ми е црвена и ја чувствувам како тврда на одредени места..