Не значи дека е мастит. Може има многу млекце и останало неисцицано. Или, бебето подолго време не цицало. Стави го бебето да цица и би требало да се опуштат местата.
До кога пиете чај за доилки? Бебе е 8,5 месеци и матичната кажа полека да го намалувам чајот, а капсулите Лактамил да ги продолжам. Не памтам кога го прекинав со ќерка ми.
Ни чај ни таблети не пиев после 3ти месец, зошто толку долго, ни Јасна не советува толку да се пијат. Телото одамна само си регулирало количина, немаш потреба да пиеш веќе.
јас имав пиено само првите недела две, чај. Не знаев дека се пијат долго мислев само додека се воспостави лактација.
јас натурал давав на почетокот молзев многу често зошто имав рани, сега давам реетко но сеуште истото шише и цуцла. 5месеци е бебе и давам проток2 Едит-ќесички нимо од зегин
Здраво мајки, јас сум 33та недела, прва бременост многу би сакала да дојам, имате ли некој совет,нешто што мислите дека ви помогнало, храна, пиење, нешто што се правеле? Фала ♡
Внимавање на храната, јадење повеќе протеини, јас сум забележала дека ептен ми влијае тоа. Јајца во секакви форми стек, грашок, леќа, брокула, соино млеко, овес, овесно млеко, безалкохолно пиво, јаткасти, многу вода. Јас сè што ќе прочитав дека помага за млеко пробував, мислам нема што не пробав Јасна, консултантот за доење има многу убави емисии беше гостин во Телма амбуланта, побарај ги, мислам ќе ти бидат од полза. И еден глупав совет. Спремај се психички да биде тешко. Ако ви кликне од прва, супер. Ако не, ќе си психички силна за да ги истраеш предизвиците. Мене во бременоста сите ми викаа абе уживај, ќе биде, нема ништо поприродно од тоа, сè ќе си дојде на свое место. И некако во глава си ставив дека од старт сè ќе биде супер. Читав, се спремав цела бременост, ама на крај скроз за нигде бев. Теоретски знаев и како се мести бебе и сè... ама кога зедов бебе во раце - друга приказна. Бебе нејќе да цица, мести го вака, мести го онака, му испаѓа брадавицата од уста. Уште првиот ден ми се направија рани, вториот ден не можев да носам ни маица ни блуза од болки, гола седев во соба Па подврзано јазиче има, може затоа, па ајде пробај со силиконска, правеше поцицај поцицај, заспиј. Па молзи се за стимулирање, па недоволно млеко, бебе плаче... Доењето ми беше многу тешка етапа, и многу ми е жал за истото. Не ти кажувам ништо од ова за да те уплашам, туку баш напротив - да си спремна буквално на сè. Не велам дека ќе се сменеше многу ако бев 'предупредена' за ова, ама верувам дека психички ќе ми помогнеше да знам дека не сум единствена, особено во ноќите кога плачев од што осеќав дека никој не ме разбира, а сите ми мудруваат. Сите околу мене ме напнуваа, па како може да ти е толку тешко, што е тоа што не бива, кај нас супер беше од сам почеток, земи пиј доволно течности ради тоа немаш млеко, пиј чај, пиј ова, пиј она. Да, внес на течности е битен, ама јас и онака внесував течности. Кај нас конкретно проблемот беше што бебе едноставно не цицаше. Се раширив, ама сакам да помогнам колку можам, од своето искуство. Од срце ти посакувам и тебе и на секоја друга мајка што има желба да дои, истото да и се оствари, кога ќе дојде време ако ти треба совет, мислење или само поддршка - пиши ми слободно И на крај ми текна да додадам, ако можеш опреми се со силиконска брадавица, ланолин, мулти мам компреси - или барем разгледај и по потреба одма праќај некој да ти набави. Исто имај на ум дека и пумпа може ќе ти треба. Јас без да земам пумпа мислам ништо немаше да направам, дека ем касно добив млеко, ем бебе не цицаше, па со пумпата стимулирав
од храна и пиење ништо конкретно не правев јас, освен сокот од јаболко што пиев по 2литри дневни првиот месец. Имав и лај за доилки ид алкалоид, лакта микс мислам беше ама се напив само 2-3пати. Како што пишала членката исто и јас бев добро подготвена теоретски, но во пракса беше друго, јас имав многу млеко уште во болница но бебе имаше лош фат. Кај некои мајки е лесно од сам почеток, кај мене беше мноооогу тешко со рани, испаднати делчиња од брадавици, крв, многу болка и многу солзи. Но тоа траеше месец дена отприлика, сега доењето ми е најпрекрасното нешто бебе е 5месеци. Затоа според мене совет е упорност. Ставај го бебе на града што е можно почесто. кај 30-40 дена пркнува отвара повеќе уста, посилно е бебето . Низ нет имаш положби за доење, поставеност на бебе како треба носето како устето. Ако не сака да се сврти накај града го галкаш за образот, ако не се откачува од града со малиот прст на аголот на устата ставаш да направиш вакуум да се тргне. Јас на почетокот не знаев тоа и го тргав со влечење
Фала ви на долтите одговори, @Eho @Anie93 а првите денови кога си дојдовте од болница на колку време им дававте да цицаат? Знам не јадат многу па додека се научи да гледам на саат или штом заплачат?
па кога ќе заплачеше давав да цица може не било секогаш гладно ама не знаев што му е , моето до кај 3м на саат време цицаше… нормално имало и исклучок но обично на саат преку ден, а навечер на секое будење давав исто да цица
Не гледај на саат, нуди го, кога сака ќе јаде, кога не сака ќе си каже само. На болница ми кажаа на 3 часа јадење, ама тоа за во случај ако не си побара само. Кај нас на 1.5/2 часа јадеше. Ама на почетокот слабо цицаше, заспиваше. И мислам на повеќето бебиња дур фатат ред им треба време. Ќе си го следиш бебето, без гајле биди. И исто на почетокот беше многу успано, во таков случај да знаеш треба да го расоблекуваш и да го чешкаш/ гибаш/нежно гребеш (не знам точно како да опишам) по стапалцата, позади грпчето, под ушињата - за да го подразбудиш. Тоа ми го кажаа од болница, а не го знаев претходно
Majki kade da go najdam lakta miks cajot na good nature kako voopsto da ne se proizveduva se sto e kvalitetno go nema po aptekive koj caj go kupuvate za doenje i od kade ?
Мајки, имам проблем.. Малото е скоро 10 месеци Има 5 забчиња, и страшно многу ме боли додека цица. Не можам да ви објаснам колку ме боли, плачам од болка. Сакав да го тргнам од цицање, но не прифаќа .. Сеа реално не се имам запнато и потрудено доволно, ама мислам дека тоа ќе е најдобро засега. Се мачкам со крема за брсдавици, но немам некое подобрување, многу боли
Пробај купи, треба да има во сите аптеки и не се нешто прескапи. Ако само ради болката сакаш да одбиеш можеби ќе ти помогне да продолжиш со доењето. Инаку и ќерка ми така знаеше еден период да ме влече силно додека вадеше заби ама не беше до толку страшно како што опишуваш, малку само непријатност осеќав ама пројде за некој ден