Заедно, обично кога менувам прва пелена после спиење и плус Биогаја. До 1 година вака ќе правиме, сите три заедно. Полесно ми е така, за да не заборавам потоа во текот на денот.
Пробиотик Биогаја му давам од почеток, после втората недела, и сè уште му давам (10,5 месеци е бебе), по препорака на доктор.
Чим имаш млеко и ти надоаѓа баш нема потреба бебе да пие формула според мене. Ставај го да цица ти со формулата само компликации плус ќе си направиш, ако сакаш да доиш само не му даај адаптирано и не зголемувај туку намалувај го. Давај на бебе да цица кога ќе сака, ќе си имаш млеко толку колку што му треба. Телото создава млеко кога бебето ќе цица. Мој совет ти е да не користиш пумпа доколку немаш потреба. Купи си од хаака мк бубамара со вакуум синира млекце што ќе тече. Не знам вака поконкретно како да ти помогнам ако сакаш нешто прашај.
Здраво мамички што доите, ние сме скоро 2 месеца, планираме да одиме на некоја прошетка еднодневно( на околу 1 h од градот). Прашањето ми е како да се организирам за доење додека сме таму,? Дали претходно треба да се измолзам, дали во такви случаи давате адаптирано или доите било каде ? Следен месец сме и на блиска свадба па би значело секое искуство какп да постапам.
Кога ќе му се пријаде на бебе, тпгаш му давам. Не се срамам да дојдам јавно. Нормално, соодветно ќе се наместам колку што можам, ама не паѓам во несвест ако гледа некој и прави фаци. Знам дека во Македонија луѓето се такви, но потребите на бебето се секогаш на прво место. Во рестораните мислам имаат соби за доење или некое лоби каде што ќе можеш да седнеш и да го надоиш бебенцето,да не си одма директ на маса ако не сакаш така. Искуство со одмолзување и после давање млеко на бебе, немам, не знам како се чува и дава, па некоја друга мајка тука мпже да ти помогне.
Јас молзев и давав од шише затоа што ми беше многу тешко да се наместам, имам големи гради и бебе не фаќаше најубаво. Ама после 6-7 месеци кога порасна и фаќаше поубаво доев сегде. Нема срам од доење во јавност, ама ако поради некоја причина тебе ти е поудобно да дадеш шишенце, исто не е страшно. Само исто треба да знаеш дали бебето фаќа шише
Здраво мајки, вие што доите не интересира искуство, бебе има 11 месеци, го дојам цело време. На почеток давав малку формула, два пати денот по 120 мл ама откако фати коксаки ми го одби постепено тоа млеко и од тогаш е само на доење, ама доење на секое. Вади и запчиња па можеби затоа често бара цице, во последно додека јадеме бидејќи во скут го ранам некогаш и си бара да цицни, цицни касни каша, така прави Друга мака имам, го навикнав да цица во спиење, така заспиваме и сега кога ќе се разбуди без цице не знае да презаспие, сега откако го отфрли и цуцлето лудница е со цицање
Мајки дали некоја имала сличен проблем? Имаме успешно доење веќе речиси 5 ипол месеци и освен на почеток првите две недели додека да фати убаво, не сум имала никаква болка ни проблем. Ама од скоро почна пак да ме боли кога цица. Претпоставувам дека сега е по љубопитно па се го интересира, цица па се пушта се врти па пак ќе се намести па се тегне без да ме пушти буквално си игра ми ја џвака брадавицата. Почнав да имам болки и морав да ставам ланолинска маст пак (ја немав употребено со месеци) ама боли страшно. Неќам да се доведам до ситуација да ми прекине млекото ама и болката не се трпи. Проверував да не има запче на повидок па да е од тоа ама нема.
До толку неиздржлива болка е ? И да нема запче непцата му се цврсти, мене ме штипеше со непцата ама издржлива болка беше, не знам како е кај тебе.
Мала рана ми има направено на едната града, затоа ме боли. Гледам повеќе на другата да го ставам или ако има подолга пауза на пример навечер, да ставам ланолин за да стои подолго. Не дека е неиздржлива болка ама не знам дали е нормално после толку месеци пак да имам ваков проблем.
ќерка ми кога вадеше прво запче така лошо ме тегнеше и ми беше непријатно цицањето неколку дена. Можеш да пробаш со силиконски дали ќе биде подобро
Здраво мајки, како тазе нова мајка имам некои прашања во врска со доењето ако може некој да ми каже дали одам на прав пат.Бебчето ми е скоро два месеца и цица и даваме дохрана. Јас немам многу млеко и покрај тоа што се имам направено да имам млеко и со јадење и течности пиење,баш со пумпичка се измолзив и од двете гради излегува околу 40 мл што нормално е малку и после цицање бебчето плаче и бара уште.Педијатарот ми рече да не ја дојам секогаш кога е гладна туку на 4 или 5 саати да се наполниле градите убаво,ама деновиве јас форсирам да ја ставам секогаш на града за да нели му даде сигнал на телото да продуцира повеќе млеко подобро било така,ама пак после цицање давам Ад.И искрено сега не ни знам колку цица ама штом плаче не е доволно и не знам дали е во ред што одма и давам дохрана.Се плашам дали ќе качи на килажа бидејќи на последниот преглед не качи многу и не знам дали грешам некаде… Инаку сега од ден на ден гледам дека нејзината побарувачка е се поголема и бара повеќе млекце.Што мислите дека треба да сменам и што да пробам?
Мислам доколку зголемуваш ад ја губиш шансата да бидете само на доење, ако тоа го сакаш. Можеби се научило побрзо да добива млекце од шише па е нетрпеливо. Ставај го да цица почесто, не молзи млеко туку само на града. Тоа што ќе молзеш нема врска колку млеко имаш. Колку често ќе цицатолку ќе се прави млекце. Исто така ако не паѓа у килажа мислам дека не е страшно. И минимално да е покачување пак е.
Само на града, не давај шише, нека цица колку сака... И консултирај се доколку имаш можност со Јасна, во врска со доењето.. доколку сакаш да останиш на доење.