Тој педијатар што ти дал таков совет за доењето дипломата да си ја фрли во канта. Баш спротивно е од тоа што ти го кажал. Толку. За другото нема да се повторувам, веќе ти пишале членките погоре.
4-5 саати е ужасен совет. Градите се секогаш полни, може да тече млеко со послаб/појак интензитет. Јас имам исто бебе два месеци, првиот месец бев хаос со крваренње на брадавици и цело време цел ден доев, па давав ад па се пумпав. Малку е да кажам дека полудив. Реков дека ќе исфрлам пумпа и ќе ставам нонстоп на гради без да гледам саат. За 2 месеци качи бебе 2кг со ексклузивно доење. Пробај да пиеш чај за доилки, имај убава исхрана за да имаш сила, не се обесхрабрувај и не заборавај дека тоа што цица бебе денес е нарачка за млеко за утре. Секој ден така и ќе се балансира како што треба. Доколку не ти е важно да е само на доење тогаш терак и со АД напоредно за да оддржиш лактација, еден оброк доење па ад, па доење…