Мајки што сте пиеле против стомачен вирус додека доите?Пиев пробиотик ама гледам не поминува,ме држи неколку дена веќе..
Ве молам за совет, бебе старо 2 м и 2 недели следната недела треба да ја оставам на чување бидејки сме на блиска свадба. Е сега деновиве пробав да се измолзам со некоја обична пумпа ама одвај 10 мл , а имам млеко континуирано. Сега за тие саати дали да дадам адаптирано? Или не знам да пробувам секој ден дали ке има повеќе.страв ми е да не се навикне со шишето и тоа млеко.
Морто бебе е 3м, на ексклузивно доење, бевме исто на свадба а и за месец ипол пак сум. Јас свесно се пумпав нонстоп на почеток и давав од шише за да знам дека ќе фати. Имам дадено и формула за да видам дали ќе ја прифати. Никогаш ни со првото мое дете немав толку млеко за испумпување па да давам на тој начин и секогаш давав формула во тој момент. Биди сигурна само дека ќе фати шише и нема да повраќа пример од формулата дај ја порано, пример неколку пати пред да одиш на свадба и тој што ќе ја чува тогаш нека помиме повеќе време со бебе, за да видиш како менува пелена како го држи за да дадеш насоки
Мислам дека има помали пакувања адаптирано млеко, земи од тоа ако е за еден ден и тие што ќе му даваат на бебе од шише дај им насоки за правилно хранење со шише за да не се навикне на шише поради побрз проток, еве видео:
Zdravo zeni se porodiv predvremeno imam problem nekako so doenjeti, sum vekje Edna nedela I vise porodena so carski. Prvpat pocnav da izmolzuvam pred 3- 4 dena mi soagja samo epten malku koga pravam odmolzuvanje. Eden den napraviv pauza probav vecwrva ni kapka nemav! Se nadwvam utre odsabajle koga izmolzuvam na Gak ke imam!
Сосема нормално. Бебе е уште мало и млеко доаѓа толку колку што е потребно на бебе. Башка пумпицата не ти е мерило за дали имаш млеко или немаш. Одмолзувај се почесто и бебе ако веќе е до тебе ставај го на града.
Не знам колку често измолзуваш, ама најтопло ти препорачувам редовно на 3 часа, дури на почеток и на 2 часа. Знам колку е заморно, затоа што го поминав истото. Моето не беше предвреме родено, ама јас немав млеко. Кога ќе се потсетам на почетокот, прво пумпата ми иде на ум, од што бев окапана со чашките на гради.. се случуваше ги држев 15мин чашките, молзев и по 1 голтка млеко имаше и во едната и во другата чашка. Знам колку демотивирачки делува тоа, ама треба тоа да се издржи, мислам тие се најтешките моменти. Обавезно еднаш на ден, ако можеш и два пати прави power pumping. Јас некогаш 15 минути молзев, 15 минути пауза, па пак 15 минути молзење. Некогаш правев 15 минути молзење, 15 минути пауза, 10 минути молзење, 10 минути пауза, 5 минути молзење, 5 минути пауза. Ова прави го еднаш, два пати на ден. Во случај да излегуваш, не можеш баш точно на 2-3 часа да молзиш. Ама кога ќе се вратиш одма измолзи се и направи ваква power pumping сесија. И обавезно барем еднаш ноќе да се молзиш, тоа е многу битно, дека тогаш пролактинот е највисок меѓу 1 и 5 наутро, и така ќе му дадеш на телото сигнал дека треба да прави млеко. Секоја капка значи за бебето, не се разочарувај ако молзиш мала количина. Мисли дека со молзењето му го даваш потребниот сигнал на телото. Ако ти треба совет или мислење, поддршка, тука сум, можеш да ми пишиш, јас месеци се молзам, бебе не сака да цица. И само да додадам, не знам дали користиш дупла или единечна пумпа, рачна или електрична. За најдобри резултати ти препорачувам дупла електрична, за истовремено двете гради да се стимулираат. Во Локо кроко има некои со океј цени, не мора да е екстра скапа. И исто многу битна е големината на отворот каде влегува брадавицата. Ако отворот е голем (обично отворите на пумпите се големи), а брадавиците ти се помали, така не го вадиш максимумот и со тек на време можеш да го загубиш целосно млекото. Треба да ставиш flange inserts, за да брадавицата правилно и доволно влегува во отворот, не да се стружи ама не и да влегува отповеќе. Може збунувачки делува ова, ако треба помош пиши ми слободно. Ти држам среќа и ви посакувам сè најдобро, за брзо да се гушкате со бебуш!
Само упорност и редовност, без паузи од вел ден. Мора да стимулираш на секои 2-3 часа како што пишала членката погоре, тоа е исто како што би барало бебето. Со тек на време ќе се зголемува и количината, битно да не се демотивираш и откажуваш. Во иста ситуација бев како тебе пред 6 години, успеав да воспоставам лактација со рачна пумпа, кога го земавме бебе дома фати да цица како да цицало уште од раѓање, се доевме 1г и 10 месеци. Ти посакувам ист исход, брзо опоравување и што побрзо да си го земете бебе дома
Многу корисни работи ти пишале, плус лактил таблети, лактамикс чај, јади овес, гледај да си доволно хидрирана, одмарај колку можеш, додека молзиш гледај слики од бебе и мисли на него да ти се покачува окситоцинот.
Здраво женски Сакам да го одбијам малото од цицање, има 1 годинка. Сметам дека е доволно цицање, но и навечер ми стснува по 3-4 пати. Одам на работа , имам друго дете и сум хронично ненаспана. Сметам дека треба да прекинам со доење па секој совет е добредојден. Фала
И овде ќе го поставам прашањево, оти не знам точно за каде е. Мајки на бебиња што елиминирале млеко и млечни производи поради сомнеж за алергија на кравји протеин, дали исфрливте само млеко, јогурт, сирење и т.н. или и производи што може да содржат траги? Од пред некој ден сум на елиминациона диета, за доручек мислев овес да јадам, оној био од дм го имам дома, пишува дека може да содржи траги. Јадевте такви производи или и нив ги исклучивте скроз? На ексклузивно доење е скоро 3 месеци, од пред 10-15 дена почна да кака слузаво со сменета боја и мирис. Се сомневаат на алергија.
Моето бебе имаше крв во кака и слуз. Немаме потврдено со тест, дека ми кажаа до 2-3 год не се правеле, ама неколку пати наново воведував и наново реагираше, па така заклучокот е дека има алергија. Наводно до 1 год повеќето бебиња ја надминуваат, пошто не била класична алергија. Јас траги од млеко игнорирав, такви продукти не исфрлив. За почеток исфрли целосно млечни, и почекај 2-3-4 недели ако не се среди, исфрли и продукти со траги. Кај нас се среди со исфрлање на млечните и соја (забележав дека на соја исто реагира како на млечно. Уствари често било кога бебе е на млечен протеин, да е и на соја. Ти го кажувам ова да го имаш на ум, во случај да не се среди со исфрлање на млечни, можеш да пробаш и работи со соја да исфрлиш).
Што кога не сака шише, не јаде нешто многу, а веќе треба да се остава на чување? На каков начин сте дваале млеко?
Колкаво е бебето? Ако не сака шише, со лажичка пробувај, или ако е малку поголемо, со чашка со клунче што се тие. Над 1 година ако е, не е ниту нешто задолжително да пие, важно да внесува млечни производи.
8 месеци, не знам со лајче колку ќе испие, со клун земав една чашка ама бега штом ја доближам до усните
Зависи за колкав период од денот станува збор, ама можеш да ги замениш тие оброци со цврста храна. И мојата не прифаќаше шише и молзеното млеко што го оставав и го даваа некогаш во каша.
Дали да одмолзувам и да фрлам млеко поради испиен еден аналгин? Прашав педијатар ама сеуште нема одговор...