1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Babygirll3

    Babygirll3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Знам дека аналгинот значително повеќе преминува во млекото али на болница после царскот за болки знам даваа аналгин па ни ги носеа бебињата на цицање…не знам што да кажам…За наредно подобра опција при доење е бруфенот, за него знам сигурно дека нема потреба од такво нешто, тој е безбеден и многу малку преминува во млекото
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    28.953
    Нас Кафетин ни даваа во болница за болки. Јас сега често страдам од главоболка, не знам што е најпаметно да пијам, па си трпам.
     
  3. Babygirll3

    Babygirll3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Кафетин им рекоа на моите од дома да ни донесат таблетки за главоболка ако нешто од анестезијата, а венски во инфузија аналгин ни даваа
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    28.953
    Значи може Кафетин да пијам ако ептен се зголеми главоболката
     
  5. Rovena

    Rovena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2023
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    За 7-8 саати, не ми јаде баш цврста храна, и тоа што го јаде е во мала количина, не знам што да правам вака...
     
  6. Babygirll3

    Babygirll3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Па би требало да може кога побараа да ни донесат, не се напив ни тогаш ни претходно сум пробала, не знам како делува, јас бруфен пијам за секаква болка и секогаш ми помага
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.677
    Допаѓања:
    19.980
    Пол:
    Женски
    Можеш да пиеш Ибупрофен, тој многу помага за болки и е безбеден да се зема, додека доиш.
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  8. fragaria

    fragaria Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    При доење мене ми кажаа дека може само парацетамол или евентуално блокмакс (бруфен)
    Не Кафетин нити пак Аналгин
     
  9. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.340
    Допаѓања:
    1.781
    Пол:
    Женски
    Исто и мене..тоа пиев дома после царски..
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  10. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.261
    Дали има мајка чие што бебе е на доење а давала плус АД поради малку качена килажа во месец?
    Малиот првиот месец ми качи 1100 а сега вториот само 500 грама. Пишав и претходно само на доење сме, првиот месец цицаше супер ама сега вториот плаче се трга после 2,3 минути цицање и после не сака да фати пак да цица. 2ца педијатри ми викаат да не додавам АД да почекам уште некое време ама јас сум загрижена да не ми стагнира сега третиот месец. Му давам и измолзено после цицање ама и него не го пие нешто многу, па се мислам дали да му давам АД барем еднаш во денот. Има некоја слично искуство?
     
  11. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.970
    Допаѓања:
    20.273
    Немам такво искуство ама еве моето е на ад исто имаше околу 600г накачено и тоа со молење да пие па почнав со храна на 4.5 месеци и тоа нејќеше, сега еве 5.5. Направи па почна поише да пие/јаде... сакам да кажам ќе си напрајш да изгубиш млеко, а моето што дека на ад па се измачивме да пие. Педијатарот вика од топлото не им се пие и јад на 2ч гчедам да давам. Едино ти да пробаш почесто пример саат ипол...
     
    На strelec231992, Mumoftwo30 и Bibsss им се допаѓа ова.
  12. Bibsss

    Bibsss Активен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2026
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    22
    Ние сме на комбинирана исхрана и моја топла препорака е да продолжиш колку можеш со ексклузивно доење. Секако ако тоа не ти претставува физички и психички терет. Она што ќе го додаваш како ад, ќе се намали од мајчиното, а нема гаранција дека ќе напредува бебе подобро. Ние меѓу 8 и 12 недели имавме доенички штрајк, па успевав да дојам само кога е поспана, останатото време ад и молзев. На 3.5 месеци, таман почна добро да цица, почна да се лигави со шишето и да не допива.
    Муабетот ми е дека фази се, и поминуваат. Ако можеш, издржи. Ако се плашиш, направи контрола порано, не чекај до 3 месеци.
    Со лесно!
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    2.344
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека 500г е малку за месец и искрено не би додавала АД на твое место. Не може секое бебе да качува по кило секој месец. Се додека бебето е здраво, среќно и полни пелени мислам дека не треба до толку да броиш грами
     
    На 1001Ana1001, zuto и strelec231992 им се допаѓа ова.
  14. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.509
    Допаѓања:
    1.389
    Пол:
    Женски
    Од старт сме на ексклузивно доење и помалку качуваше, по 400г и по 500г, а еден месец и помалку од тоа. Никогаш не додадов адаптирано.
    Како што ти кажаа претходните членки, ако е бебе среќно, полни пелени и расте континуирано, ок е.
    И јас бев загрижена па сфатив дека секое бебе расте по своја крива на раст. Нормално е да има промени како што ќе расте, а околу третиот месец има и т.н доеничка криза за која треба трпение.
     
    На 1001Ana1001 и strelec231992 им се допаѓа ова.
  15. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.261
    @Milkiway @Bibsss @dummy @Joanna28 фала ви за искуствата. Искрено имам фобија од поголемиот шо е 13 кг на 3 ипол години а никогаш не дадов АД и затоа се опседнувам со качување килажа кај малово. Ќе видам месецов како ќе биде, мене ме загрижува повеќе што цица многу малку, буквално 5 минути макс и се трга и плаче и никогаш не знам дали е најаден и дали му е доста. Вака е океј си спие, не плаче и не е гладен ама мајчински грижи...
     
    На Bibsss му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.970
    Допаѓања:
    20.273
    Тоа може си е генетски не би требало да е поврзано со ад млеко, ама пак ако ти е мисла дади. Сепак ти си мајка, интуицијата слушај си ја, нема да згрешиш.
    Кога треба да почне со храна? Колку месеци има може си пишала ама не видов..
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    28.953
    @strelec231992 пробај неколку пати по ред да му даваш една града само, па после смени на друга, исто така. Особено ако цица на пократко време. Така ќе дојде до покалоричното млеко.
    Кај мене исто така прави, заспива брзо на цицање и после за кратко пак бара и неколку пати по ред му ја нудам истата града.

    А да, може и до генетика да е, кај мене двете поголеми деца се буквално различни во однос на тежината. Девојчето се роди потешко, а цело време беше на долна граница со тежината, Брат ѝ пак, се роди со помала тежина, многу брзо качуваше килажа. И сега се така, он е покрупен, а она е слаба.
     
    На strelec231992 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  18. Babygirll3

    Babygirll3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Ние еме исто на комбинирана исхрана, само што јас морав да додадам ад заради што моето бебе падна на тежина. Сега е два и пол месеци и од почеток досега зголемуваме на цицање и молзено млеко, намалуваме на ад ама сепак давам скоро со секој оброк доза или две зависно колку цицало и колку сим измолзила. Со еднаш денот ништо нема да постигнеш, еден оброк е тоа само, или даваш или не…
    Најдобронамерен совет од мое лично искуство, ти си му мајка, ти го знаеш најдобро, може да побараш совет, да слушнеш мислење од некој ама најпрво слушај си ја својата интуиција и најбитно од се е бебе да не е гладно. Јас многу згрешив уште од почетокот што прво ги слушав другите особено постари мислејќи поискусни повеќе знаат да ме упатат, а цело време требаше да си слушам мојата интуиција, бидејќи испаднав во право, среќа па за брзо се врати бебе во нормала. Сега веќе немам храброст да чекам и експериментирам, па ако треба и до крај нека е на комбинирана. Многу издолжив хахаха, во секој случај твоето е друго, само поентата ми беше дека најбитно од се е бебе да не е гладно,а ти најдобро можеш да познаеш, и ако се одлучиш да дадеш ќе треба повеќе да пумпаш за лактацијата да се зачува. А држи место и да почекаш уште малку па да видиш како ќе биде. :)
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Maricheee

    Maricheee Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Мајки до кога трае лудилово доенечки штрајк и скок во развој :( ?
    На раб на плачење сум. Секој подој ми е стрес искрено . Цица само полузаспан ако е. Кога е буден сака да јаде ама одбива града.пробав и со шише не сака
    4 месеци имаме
     
  20. Babygirll3

    Babygirll3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Мајки какви витамини земате после пораѓај? јас го дотрошив фемибионот од бременоста останат и ништо немам друго земено две недели па и повеќе, имам уште магнезиум и таблетки за железо што земав. Што да пијам друго?