Јас веќе месец дена се соочувам со истото. Првиот месец супер цицаше и супер напредна, ова почна да се случува вториот месец и уште трае. Кај мене цица добро само ако е поспан инаку не цица ни 2 минути ако е буден. Никој не ми кажува конкретна причина зашо може да се дешава ама трае веќе месец ипол фазава. Неделава ми стагнира со тежината, од денеска почнав да му давам да цица само кога стане од дремка па ќе видиме. Пробајте и вие така додека трае фазава. За дали имате доволно млеко пробајте после цицање стиснете со рака ако има имате млеко, и ако ви се полнат градите. Јас имам млеко на претек па се дешава ова а не е гладен и не плаче..
Исто и кај нас прв месец одличен напредок(1400). Веќе овој се завележува драстична разлика и во начинот на цицање и времетраењето. Не сакам да почнам со ад, ке пробам до крај на месецов да видам дали ке има подобрување. Бидејки добро напредуваше педијатар ме советуваше да не ја буудам ноќе. Сега последниве денови одкако забележав стагнација почнав и со нокни подои, па да видам дали ке има некако ефект.
Кај нас беше 1100 првиот месец а вториот само 500. И јас уште не сум дала АД, ама мојот се буди барем два пати вечерта за цицање некогаш и три. Денеска земав силиконски брадавици, баш сега пред спиење пробав и подолго време цицаше со нив, не се лутеше, ќе видам деновиве дали со нив ќе биде подобро.
Немаш зошто да даваш АД. Нема да напредува секој пат еднакво а некогаш може и да стагнира, битно да не паѓа во килажа. Гладно бебе само алармира дека му треба уште млеко.
Здраво мајки, имам проблем десната града ми е многу тврда и ме боли, ставав бебе цел ден на таа града да цица, влече ама мислам потешко зашто и се лутеше на моменти, а дојдам со силиконски и гледам дека влече млеко, масирам додека цица, масирав и под туш со жешка вода ама низ текот на денот само полошо стана, воопшто не омекна градата, со пумпа измолзев ептен малку ништо ни со тоа. Што да правам?
термофорче да загрееш па да ставиш ? Подолго да ти стои. Јас тоа сум ставала и ме пуштало. Прво термофорче стоплено во микро и после се одмолзував . Мене ми помогна
Продолжи со туш или било што топло пред подој, ладна облога после подој. Дополнително, можеш да внесеш Лецитин суплемент (мене мислам тоа ми напраи главна разлика, уште го пијам) и ибупрофен (блокмакс) двапати на ден. Ставај бебе на секој подој на таа града, се нервира затоа што помалку му тече, ама ќе се среди побрзо ако цица барем малце. Ако не пушти за ден-два, барај доктор или Јасна, да не дојде до мастит работата. Мака измачив јас со грутки, блистери, што не… Со лесно.
Zdravo,dali nekoj gi ima koristeno bubamarite od haaka pa da mi ja objasni postapkata za sobiranje i cuvanje na mlekoto.Vi blagodaram
Здраво јас имам користено бубамара на почеток кога ми надојде млеко и кога бебушот цицаше на едната града, јас ја ставав бубамарата на другата града и го собирав млекото што течеше. И искрено собирав плус 50-60 мл, понекогаш го давав млекото веднаш по подој, или го ставав во фрижидер па го давав во текот на ноќта. Бебушот е два ипол месеци и веќе многу помалку ја користам. Веројатно исцицува повеќе а и самата количина на млеко се регулира според потребата на детето.
Доенечки штрајк се вика терминот. Прочитајте детали пошироко. До 5тиот месец се борев со ова, ужасно беше но не се откажував и бев преупорна да биде ексклузивно доена. Плачев што ми беше криво дека имам млеко а она се трга а гладна, ќе се измолзев и од шише ќе си го испиеше млекото без да трепне. Што не поминав, молзев резерви во замрзнувач имав до 6месеци цело време и штом вака правеше трошев и надополнував. Исто, внимавај да не ставаш појак дезодоранс сензитивни се на мирис ги одбива и тоа. Еве да ве утешам помина 5тиот месец и магично престана да го прави ова и конечно можев да уживам целосно во доењето. Мн е тешко, но никогаш не би избрала различно. Мн сум горда и среќна што ексклузивно ја доев. Еве ја 14ипол месеци уште цица навечер ама тука некаде сме при крајот веројатно. Бидете упорни и гушкајте се најмногу се ќе биде полесно за кратко
Фала ти за поддршкава Со поголемото имав доенечки штрајк ама у 4 скок и брзо го надминавме, оваа фаза предолго трае... Он реално не е гладен пошо воопшто не е нервозен и не плаче, јас сум највеќе загрижена ради напредувањето во килажа. Плус летово го поминавме кај свекрва ми и гледа цело време шо се дешава со цицањево. Прееска се прибираме од шетање и ми кажува за некое бебе шо било неколку дена разлика со моето, дека мајката исто нешо се мачела со доење и по препорака на педијатар почнала да му дава АД и детево одимало и бутки и образи. Како одоколу нешто да сака да ми каже. Значи толку криво ми падна како моево гладно да го оставам, се изнаплачав. У понеделник сме пак на мерење па ќе видиме до кај сме...
И ќерка ми никогаш не беше напредната доволно или беше на долна граница до 9месеци ја мерев после веќе не. 14++ е од други врсници е доста поситна, педијатарот од систина ми вика - ти па една голема Само да ни се здрави и живи, ако осеќаш дека не е гладно не потклекнувај за ад. Најлесно им е тоа на државниве педијатри - гледај книгата со бројки, 100гр помалце овој месец од што треба, бапни ад - мајката автоматски намалува подои и нормално се намалува млекото и така неславно завршуваат тие приказни од ѓн учени доктори. Следи си го детето и имај верба во себе, едно имаш изгледано сега веќе имаш осет мн повеќе за се ти праќам мн трпение, колку месеци направивте?
2 месеци и 3 недели сме. Дали и даваше од шише после секој подој и колку мл пример пие? Мене ми е страв да не ми се одбие така, а и од шишето не ми пие количински многу, 60,70 мл пие повеќе не.
Не не, шише давав само кога правеше така инаку доев по спиење или пред расонување додека уште не е разбудена скроз. Лежев до неа на дремки и штом се размрдаше веднаш давав града. Навечер цицаше без проблем. Кај нас проблемот беше денски и најчесто попладне. Шише користев авент со проток 2 сигурно до 5-6месеци за да не и биде лесно влечењето.
Значи скроз истата ситуација и кај нас. Да се тешам дека скоро ќе помине и ќе си уживаме во доењето...
Ќе помине, до 5ти месец беше страшното, 6тиот ми текнува почна многу подобро и во 7миот веќе беше ново дете, прекина да прави така, почна да врзува циклуси по 40мин или еден час и се стана полесно
Девојки молам за совет Се породив и имав многу млеко,бебе напредуваше супер, по препорака на педијатар да не ја будам во 2м за нокни подои; и престанав .кога ке станеше сама цицаше, иначе не ја будев. Е сега мислам од тогаш како да ми се намали мелекото. Веке на следна контрола напредокот не беше како првиот месец. Со тоа темпо на напредување сме и сега . Иако веќе почнав на 3 4 h да ја будам за да има напредување. Но веке примаетувам дека кога цица, и на крај станува нервозна , мислам дека вееќе немам довллно млеко како претходно. Дали може да се воспостави подобра лактацоја веке по 3 м ( да напоменам имав супер период на доење многу брзо се воспостави ) односно дали може на некој начин да се зголеми млекото иако помина период
Дали ви се случило да сака да цица буквално насекое, немам мир воопшто, јадиме и на сред јадење се беси за града, и кога сме излезени, во јавен превоз, во ресторан, ама буквално иди ќе цицни малку и се трга, ова период е или да превземам нешто ? Вади горни заби да напоменам, ама скоро еден месец е вака, освен ако е заигран и да му е одвлечено вниманието, тогаш заборава. Му го одвлекувма вниманието аѓа џабе, се треска, плачи, инает голем е.
Јас би го одбила искрено. Ако сега се треска, како ќе расте само повеќе ќе се треска, вистински тантруми кога ќе почнат. Утеха му е цицето, навика.. цуцла му даваш? Мојот некогаш ако нема цуцла при рака, фаќа цуца прст или нешто што личи на цуцла, ги смирува тоа.
Од ко фативме коксаки цел беше со афти во уста од тогаш ни цуцла ни формула, преку ноќ ги исфрливме. Не би дала допрва цуцла. За брзо почнувам на работа и че го запишам во градинка па постепено ќе одвикнувам Од друга страна па преубо ми е, и полесно ми е за смирување и за заспивање ... Во големи дилеми