1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.261
    Бебево втор месец 500гр, трет месец 350 грама. Значи стварно малку напредува, психички мн ми влијае ова. Има некоја мајка со слична ситуација или да поминала низ истово? Уште сме само на доење, пробав купив и АД да му дадам после цицање и не сакаше воопшто да го пие. Ств сум загрижена со килажава, голем се роди и првиот месец мн убаво напредна..
     
  2. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.622
    Допаѓања:
    19.815
    Пол:
    Женски
    Добро е ова, на минимумот сте, не се брка килажа, дневно треба минимум 15гр а вие горе доле сте во таа вредност:)
     
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.820
    Допаѓања:
    16.202
    Пол:
    Женски
    25треба дневно.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    12.403
    Пол:
    Женски
    Што вели педијатарот?
    Внеси ги бројките со датумите во апп Child Growth Tracker, бесплатна е. Ќе ти каже во која насока оди, според СЗО стандардите
     
  5. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    457
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми качуваше околу 400-500 гр првите месеци ама не секогаш исто, некогаш 300 некогаш 600, различно беше секој месец. После 7,8 месеци почна да лази и уште помалце качуваше, на ексклузивно доење. Не би се секирала јас доколку цица, полни пелени и генерално е ок бебето.
     
    На strelec231992 и Anie93 им се допаѓа ова.
  6. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.622
    Допаѓања:
    19.815
    Пол:
    Женски
    Мене во ремедика ми кажаа од 15-35гр дневно
     
    На strelec231992, Feniksgirl и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  7. pecpec

    pecpec Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2019
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    11
    Испишано е со 4110,после 7 дена беше 4050, потоа зголемуваше по малку. Инаку си има редовна столица и доста мокри пелени.
     
    На Joanna28 и Anie93 им се допаѓа ова.
  8. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.261
    Ако е минимумот 15 грама (мада на мене ми рекоа 20) треба 450 грама барем месечно.
     
  9. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.261
    Баш паднал на кривата. Докторката вели нема смисла да му давам АД чим имам млеко и не плаче за јадење, си спие и среќен е си гуга итн. Ама јас се секирам..
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_5179.jpeg
      IMG_5179.jpeg
      Големина на фајлот:
      115,8 KB
      Прегледи:
      21
  10. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.509
    Допаѓања:
    1.389
    Пол:
    Женски
    Не е лошо за 6 недели 700грама, при полни пелени. Исти сме, никогаш не качи повеќе од 500г на месец, а исто прво паднавме на килажа, па после качуваше, по 500, по 400, 350, на премин од 5ти кон 6ти качи цели 230г :) и покрај тоа, не почнав со цврста исхрана порано од 6 месеци. Секако и педијатарот ни потврди дека нема причина за грижа.
     
    На pecpec му/ѝ се допаѓа ова.
  11. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.261
    Грешка ми пресметало, еве ја кривата.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_5180.jpeg
      IMG_5180.jpeg
      Големина на фајлот:
      115 KB
      Прегледи:
      15
  12. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.358
    Допаѓања:
    5.775
    Ретко ќе најдеш доктор што ќе те поддржи во доењето и нема по дифолт да ти даде формула. Јас не би се секирала на твое место се додека напредува, сепак побитно е да не оди наназад со килажа.
     
    На Anastasia579, MeowMeow, Anie93 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    12.403
    Пол:
    Женски
    Колку месеци е бебето?
    Низ слично минувам и јас, а и со првото имав ваков период.
    Препишувам на доенечката криза и четвртиот скок. Кај нас како двете да се случуваат во исто време.
    Како цица, голта ли? Ноќеска цица ли?
    Кај нас матичната реагираше, рече да давам АД, пробав од паника, ама не ми прифана вкус бебето плус и не знае да пие од шише. Продолжив со нудење града почесто и пркна малку гледам има разлика, здравје ќе видиме на следно мерење.

    Нашата матична вака во целина е современа, ама заборава дека доено бебе не може да напредува како бебе на адаптирано. Јас и со двете деца кога имав недоумица Јасна ја прашував, таа ме советуваше во темна просторија, бебето поспано и така да му давам. Не дека ми кажа нешто што претходно не го знаев ама одвреме навреме ми треба ветер у грб со доењево оти стварно има многу сопки. Се' се дига свест за доењето и никако не е подигната, посебно кај најголем број од педијатрите.
    Еве јас ти кажувам, кога ќе видам стагнација или недоволен раст на вага, нудам почесто, ноќеска ставам аларми бар поспана кога е да фати да се нацица убаво. Не знам колку е правилно, ама така терам и го доев првото до 2 години.
    Ми се случило да ми ја потфати докторка на детско градата, да осети дека е мека и да рече па ти немаш млеко. Значи стварно ако сеуште мислат дека само тешка, воспалена града има млеко тогаш совет за доење од нив не ми треба.
     
    На 1001Ana1001, naturally, MeowMeow и 5 други им се допаѓа ова.
  14. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.261
    Три месеци е бебуш, кризава со цицањето почна од 6та недела некаде и уште трае. Му давам да цица одма чим ќе стане од дремка додека е поспан и у затемнета спална, бидејќи тогаш најмногу цица. Кога мислиш почесто му даваш, колку е тоа почесто? Му давам јас после секоја дремка значи му доаѓа отприлика на два часа. Станува од дремка и цица, седи буден околу саат време па спие и пак цица. Е сега зависи и дремката колку време му е, периодов му се мн кратки, по 30-40 минути, за некој ден влегуваме во 4 скок. Вечерта го будам на 3 саати некаде за да цица, иначе има сила смука убаво, бар така мислам, на почеток му доаѓа баш повеќе млеко и убаво се слуша голтање, после тоа се намалува. Инаку ме провери докторкава и баш рече имаш млеко греота е да даваме АД, а имам значи он се трга од градава пробувам си шприца млеко. Пробувам и од друга да му понудам и нема шанси да фати пак. За какање си кака редовно ама пелениве реално не се полни со мочка да се тешки. Само таа сабајле кога ќе стане, други се мочани секако ама полесни. Пробав и јас прееска да му дадам АД, само 30 мл испи.
     
  15. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    12.403
    Пол:
    Женски
    На околу 2 часа давам, некогаш дури и на саатипол. Првото бебе не издржуваше повеќе од 1.5 час без цицање, а второво појма немам кога е гладно. Многу различен темперамент, сеуште го учам второво, многу е мирно и ненаметливо бебе.
    За какање еве исто, дневно од 2 до 5 пати ќе кака, а од мочаните пелени не сум задоволна. Ајде беше топло до скоро, се потат, ама веќе подзалади.
    Штом имаш млеко, тогаш види околу ефективноста на цицањето. Кога ќе престане да голта и плитко да влече, јас ја стиснам градата за да го 'потсетам'. Некогаш продолжува да цица, некогаш ако е успана не, па тогаш за пола саат-саат пак пробувам.

    Матичната кај нас си кажа отворено слабо ти е напредната, и' треба млеко и ми рече ако не ти прифаќа АД, од 4ти месец вкусови да почнам. Искрено, најверојатно нема да почнам. Од друга страна, на вакцинално ми рекоа супер е, не се замарај многу со килажа, од 4ти до 6ти месец треба да дуплираат родилна и по тоа да се водам.

    Ние сме веќе во 4ти скок, тешко оди цицањето, ама секоја мирна минута ја користам да и нудам да цица, макар и пред пола саат да сум и дала. Заспана, смирена, без тодлер у близина, без галама, спуштени ролетни..
    Јас мош дополнително те збунив мајка, ама бар ти доловив дека и кај мене е хаос посебно во скокови, така да не се водам по тоа 'на колку време' туку ја користам секоја прилика да понудам, барем додека помине скок, криза, и тн. :D
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.210
    Допаѓања:
    192.585
    Пол:
    Женски
    Бебето ти напредува, нема помалку и повеќе напредување кога секое бебе е посебна индивидуа со посебни потреби, а мајчиното млеко не е бустер како формулата. Битно е да е во плус. А дури може да се случи и да стагнира еден месец ми се случило и тоа, па дури и да намали малку и сеуште се да биде во ред. Тоа е само еден од параметрите и ако останатите се во ред, нема простор за грижа. Мајчиното млеко се адаптира соодветно на моменталната потреба на бебето и оди во правец да го задоволи потребното не е поентата само да додава на килажа, битно е да се искористува каде е потребно. А потребата на секое бебе е многу индивидуална, конструкција, генетика, пол се си има своја улога и се додека се полнат пелени бебето не е гладно и не му недостига млеко. Знам дека доењето знае да биде голем предизвик ама нема ништо по волшебно од цицката за бебето. Пушти срце, олабави ја психата, гушкање, мазење, нудење града, што помалку стрес, уживајте и двајцата, додека трепнеш ќе се спремаш за 1 роденден. :)
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.261
    @DaisyDoo иста ситуација и кај нас, секое можно мирно време се користи за да цица . И нашава матична рече за храна од 4 ипол месеци ама на мене тоа ми е многу рано. За мојов да ја дуплира родилната тежина до 6 месеци му требаат две кила, а реално нема шанси за три месеци да качи толку со ова темпо на цицање. Мене ме плаши дека ова не е некоја криза пошо трае веќе месец ипол, а тек влеговме у 4 скок којзнае шо ме чека...

    @Yowannty фала ти за утехата. Стварно се стресирам и доењево ме утепа психички. Од една страна ми викаат да не се секирам иако напредува малку и да си цица, ама од друга страна си викам дали вреди жртвата да е само на доење и да не ми напредува наспроти да се префрлам на АД и да напредува посалам. Имам деца на другарки исто родени годинава, напредуваат мн убаво по 7,8 кила се на 5, 6 месеци. Мојот ако се водиме по дуплирање на родилна треба да е 7600 за три месеци, а сега е 5 ипол :( Наместо да уживам во доењето мене секој подој ми е стрес, дали ќе цица колку ќе цица. Кога треба да се излезе некаде размислувам и праам математики за да се вратиме дома за да цица пошо надвор нема шанси. Уф се надевам ќе помине ова па ќе се опуштам малку...