Јас го имав и на моменти сеуште се соочувам со истиот проблем , брадавиците се во ред ама како да се гади од нив со силиконска сака ама додека да фати некогаш мислам се доведуваме до лудило. Педијатарот ми кажа прво да пробувам со доење по 20 мин а потоа дохрана измолзено млеко по 60 мл , до сега напредува со килажа одлично , вчера направивме месец
Хахахахахах 20 минути ако цица нема ни зошто да давам измолзено, ќе се нацица Она сирота 2 минути ако цица е одлично... повеќе време плаче вриска и што викаш исто како да се гади... купив и јас силиконски ама не сака ни со нив
Ако имаш желба за доење и нерви, не се откажувај. Моето на почеток не знаеше да фати брадавица, се нервираше, плачеше. Потоа научи и имавме 2-3 недели кога не се одлепуваше. Накај 6-7 недела одбиваше града скрос, со пиштење само што ќе ја наместам. Околу 12 недела магично почна пак да сака. Сега на скоро 7 месеци, јас плачам, затоа што гриза. Поголем дел од подоите ни се тепачки, ама уште тераме иако давам и ад. Поминуваат низ милион фази, ќе смени уште стопати. Пробувај да нудиш кога е сонливо бебе, пред/после дремка, или стоечки со нишкање. Ако имаш нерви измолзувај за да одржиш лактација и да дохрануваш, ако не, дохрани со ад, не е крај на свет. Мисли и на себе.
Здраво, имам прашање како се справувате со градите за ноќните подои? Имаме скоро месец и педијатарот ни рече дека навечер може да ја оставам 4-5 часа, но мене ми е страв за градите да ги оставам толку време неиспразнети…
А од шише мирно пие? Јас си имав проблем со второто така. Ама кај не сакаше да цица, па не сакаше ни од шише. Траума имав мислам од неа.. Секој подој/шише беше фати пушти плачи...
Од шише сака.. ама до кога ќе можам така да се молзам и да и давам.. нема вечно да имам така млеко А и мачно е цело време молзи се па сака одма млеко па дур се измолзам ако немам во моментот млеко во фриждер.. вака или доење или адаптирано бар на сигурно да сум Не знам што ќе се прави не знам зошто не сака да цица не ми е јасно
Фактички ако не и дадев шише тогаш кога и дадов прв пат, ќе требаше гладна да седи.. и затоа и дадов пошо не сакаше да цица Ми викаа да си се потрудела повеќе да и нудиш града ќе фатела, да си ја оставела гладна ќе фатела што ќе прави ама не е така бог да чува зашто да го мачам детето гладно да трпи кога има начин друг и секако не дека не се трудев и трудам уште за града Едноставно не сака
Значи исто бебе имав. Не прифаќаше града зашто од шише и е полесно, ја извирав млеко, се молзев ко крава за она да јаде. Пробував и не сакаше никако, па за да јаде се молзев константно. На крај на викнав Јасна и успеа да фати, па се доевме 15 месеци.