А дали има некоја мајка што давала исклучиво молзено млеко на бебе? јас нудам града ама не сака ичи мноогу малце ке цицне и толку. ме и тересира ако има таква мајка, како одите надвор како давате млеко надвор? Јас имам залиха само во фриждер и што се молзам нели во моментот па давам... а за надвор како би правела не знам стварно Од фриждер кога ќе го извадам млекото колку време може да стои и да се даде ?
4 часа на собна температура, 3 дена во фрижидер и 6 месеци во замрзнувач за длабоко замрзнување. Мојата ќерка цицаше, немам искуство со давање од шише, ама можеш да темпираш да дадеш шише точно пред излегување и после уште едно додека сте надвор, пример за два саати, не знам за колкав временски период станува збор.
Јас го одам тој пат 10 месеци и прво најтопол совет би бил, штом бар малку цица, да бидеш поупорна... молзи се редовно за стимулација, ама не му давај, ставај го само на града. Ќе плаче бебе, ќе биде тешко, ќе ти треба поддршка од партнерот или фамилијата, ама пробај неколку дена, ете 3 дена, ако не оди - дај му го молзеното млеко. Моето бебе од еднаш престана да сака да цица, го нудев, го ставав, не сакаше никако... ако колку толку цицнува бар кратко, мислам си во подобра ситуација и најтопло би ти препорачала да пробаш да вратиш бебе на града. Дека инаку пумпање на 3 часа е мачно, сè се врти околу пумпањето и пумпите. Ми се чини таман сум ги извадила, поминало времето, треба да ги ставам пак (користам wearable пумпи). Излегување од дома со торби-фрижидер, внатре со замрзнати патрони. Носам најчесто 2 торби, во едната ги чувам пумпите, во другата млеката, на страна моторите од пумпите. Па миење пумпи, миење шишиња кај што го чувам млекото, миење шишиња од кај што пие бебе. Многу пати ми било толку смачено, се чудам како истуркав до тука. Ама мене ми е прво дете, и велам ова го правам сега и мислам никогаш повеќе, пошто одзема премногу време и енергија... Тебе знам дека ти е второ дете и не да те плашам ама мислам ќе ти е уште потешко... Инаку по најновите препораки може и до 4 дена млекото во фрижидер, ама обавезно најназад во фрижидер чувај го, и на подолна полица. Не знам како правиш за пумпите, дека бебето ти е уште малечко (ако не грешам). Јас некаде после 3/4 месец почнав да го применувам fridge method (кога завршувам со молзење ги ставам пумпите во најлонска ќеса и ги ставам во фрижидер, за да не ги мијам на секое). Се мијат најдоцна на 24 часа. Ти држам среќа да биде успешно цицањето кај вас! Исто сега ми текна да додадам. Да пробаш со силиконска брадавица. И да пробаш малку да притиснеш млеко да имаш на градата за да осети млеко пред да почне да цица. Можеш и малку млеко на самата силиконска брадавица да ставиш и да го понудиш. И исто ако бебе одбива, пробај дај му малку млеко во шише (20-30мл) колку да не е многу нервозно, и понуди го да цица.
Она ке цицне две три секунди и се трга плаче вришти, и на двете така прави. Мислам дека не е ефективно цицањето затоа што она повеќе плаче отколку што цица... а инаку да дефинитвно е претешко молзењето значи баш додека сум се измолзела додека измијам пумпи и се ајде пак треба од почеток.. инаку она има проблем нешто со увцето пишував и во други групи, носето и е како затнато цеело време хрчи со него и во четврток сме на орл и пак на скринингот на слух во Систина па ќе видиме што е работата, може и смета тоа и затоа не сака да цица иако јас редовно и го чидтам носето ама како џабе да е. Ако излезе дека има стварно нешто со увото или носот тоа значи дека ќе третираме и кога ќе се среди де надевам ќе и биде полесно да цица. затоа што истото што го прави на цицката така знае некогаш и на шишето да прави па не знам што да помислам, на шишето секако повеќе испива, од градата мноогу повеќе се нервира. Ако го средиме тој проблем ќе се обидам да направам се за да цица. Имам уште доста млеко па не би требало да има проблем. На крајот на денот ако не бива цицање тогаш пумпање додека можам и адаптирано кога нема да сум во можност да пумпам (ако сме надвор подолго или слично)
Zdravo Nova sum na forumot pa sakam da ve prasam pijam heferol i vitamin c bidejki posle poragjajot sum mnogu anemicna doktorot za ranata bidejki imase crvenilo mi dade cefaleksin i probiotik dia stop pa sega prasanjeto mi e dali smeam da go dojam bebeto ?
Доев 20м до средина март. Имам постојана болка во десната града, бев на преглед кај др. Толевска. Ми даде извештај Биардс 2, фокална аденоза и мал проширен млечен канал 4мм (циста) . Дали има некој искуство со ова? Дали е од доењето? Мене уште ме боли, и ме јаде црвот да не ми е нешто друго.. она рече бенигна промена, ќе следиш на 6м/1г..
Дали некоја мајка имала ситуација каде што бебето првиот месец цица без проблем и напредува додека пак после првиот месец (моментално 40 дена) цица неколку минути и нервозно почнува да голта несинхронизирано, голта и воздух и се трга и плаче. Ова најчесто се случува денски. Имам доволно млеко проверено е и со пумпа и пробани се повеќе позиции за доење. Доколку сте имале ваков проблем како го надминавте?
Не знам дали е истата ситуација, кај нас тој во период ќе исцицаше од едната града 5мин отприлика и се тргаше плачеше па ке ја ставев на другата и таму си продолжуваше нормално (претпоставувам порсди тоа што и идело посилно млеко и веќе кога ќе намали ја фаќало нервоза зошто нема со ист интензитет) ова траеше неколку дена само
Ставај компреса од органско рицинисусово масло. Јас имав браидс2 пред 3 години пред да бидам бремена и ставав рицинусова компреса па ми помина осеќајот т.е. болката.
Јас пак мислам да не ти тече повеќе млеко после тие неколку минути и да не му е многу на бебето. Се дави од поголеми млазови можеби, затоа се трга.
Најверојатно имаш силен млаз. Пробај дој малку летната наназад и кога ќе осетиш дека ти надоаѓа млеко тргни го малку бебето да не му залетне. И мене ми беше вака, пробај издржи, како растат не им смета веќе толку млазот, баш напротив сакаат повеќе да им тече.
Членки здраво. Породена сум со царски рез пред 45 дена, на почетокот немав воопшто млеко, почна малку да надоаѓа кон 5тиот ден ама со еден тон препарати (таблети,чаеви ,масажи и топли облоги+ одмолзување со електрична пумпа). Давам ад млеко од самиот старт. Е сега малава цица пред да дадам адаптирано млеко некои 10'15 мин од двете дојки, ама количината на млеко никако не се зголемува , јас и да се одмолзам одвај 50-60 мл молзам. Совет некој да се нашол во иста ситуација ? Што правам погрешно?
Дали имаш млеко се следи по број на мокри пелени и дали бебето напредува во килажа, не по милилитри измолзено млеко. Ставај бебе почесто на града да стимулира.