Еве јас ке кажам дека по 11ипол месеца доење (инаку ќерка ми ја одбив преку ноќ,имам пишувано на форумот) , млекото почна самото да престанува полека полека , значи претходно кога имав млеко кога ја доев нормално ако не ја подоев на 2-3 часа ке осетев мала болка и тоа ми беше знак дека треба да се измолзувам. Значи зборам за тогаш кога имав многу млеко. Потоа кога не ја доев значи не се правеше млеко и не чуствував ништо , ете како и ти веке викаш дека не с едоите 10 дена а ако имаш малку млеко тогаш само ке престане млекото , и не ти препорачувам апчиња. Како што кажа Каллиас тие апчиња имаат многу нус појави, има право , јас кога ја прашав докторката моја за да земам да ми престане млекото , ми рече немој никако самото ке си престане и така е малку А за тебе Каллиас мој совет е давај му на малото колку имаш , малку малку не е важно , тоа секако си пеи и др млеко , па ке влече и од тебе , барем градите ке се празнат , а викаш и вие често не се доите , ке престане и кај тебе , кгоа ке мислиш да го одбиваш ке му кратиш на пр. зависи кога го доиш ,секој ден малку по малку но верувај нема да ти прави проблем бидејки си цица од цуцла , јас бев многу против цуцлите , но кога ја одбив преку нок ќерка ми си ја видов маката , потоа ни млеко сакаше , ни чај сакаше , цуцлата и беше нешто ново( и не ја ни фати на крај по многу обиди - јас и давав цуцла таа цицка сакаше ) па од 11 месец морав да ја учам од чаша да пие
ако ти се меки градите немој воопшто да пиеш лекови, јас моево го доев 8 месеци и сама почна да се одбива оти премногу време и одземаше цицањето , а оно љубопитно немој нешто да испушти и така престанавме да цицаме ...фала богу млекото постепено се изгуби без никакви проблеми ама имав после тоа речиси уште 2 месеци .Ако не ти се стврднуваат не се одмолзувај. А претходно имав доцен абортус и иако пиев бромергон 15 дена добив млеко и ми се стврднаа градите и ептен болеше, тоа ми дојде како капак после се,така да нема шанси да фатиш мастит а да не осетиш, градите стануваат тврди како камен и ненормално осетливи и болни нема врска , јас на моето само малку му давав со лажиче сокче а потоа цело време со шишенце и ниту еднаш не ми направи проблем, си знаат тие млекце си е млекце, а сокче е друго.Мене паралелно ми пиеше од шишенце и ми цицаше 3 месеци
незнам дали е точно ова млекце си е млекце , мојата никако не сакаше да го пие , дали беше научена на мајчиното млеко само ,дали вештачкото и мирисаше биедејки имам приметено дека мириса некако чудно, а и никогаш цуцла не и дадов , бидејки само на мајчино млеко беше имав премногу млеко што кога ке се насобереше само прскаше од градата
и јас бев иста , шприцаше на сите страни , ќе ја извадев да ја подојам и дури си ја стави во уста кутричкото веќе целото беше испрскано по лице , до 6 месеци бевме без никаква дохрана , цуцла ми бараше за спиење , ама сама си ја отфрли откако сфати дека шишенцето пушта сокче , а цуцето ништо . Јас барем немав никаков проблем
ако ти се меки градите немој воопшто да пиеш лекови, јас моево го доев 8 месеци и сама почна да се одбива оти премногу време и одземаше цицањето , а оно љубопитно немој нешто да испушти и така престанавме да цицаме ...фала богу млекото постепено се изгуби без никакви проблеми ама имав после тоа речиси уште 2 месеци .Ако не ти се стврднуваат не се одмолзувај. А претходно имав доцен абортус и иако пиев бромергон 15 дена добив млеко и ми се стврднаа градите и ептен болеше, тоа ми дојде како капак после се,така да нема шанси да фатиш мастит а да не осетиш, градите стануваат тврди како камен и ненормално осетливи и болни Значи да не пијам??? Ми е страв и во каналите да не остане нешто. Имаме семејна историја на рак на дојка, па затоа повеќе се плашам. А сега проверив, не сум молзена, денес 3 ден, па на 4то стискање со рака шприцна. Поради ова незнам што да направам и како да постапам
абе нели првото правило за доење е колку почесто цица толку повеќе млеко добиваш и сега како сакаш да престане ако се одмолзуваш, јас ти го кажав моето искуство , а ти сепак доколку си загрижена секогаш можеш да се консултираш со лекар
MeU не знам дали знаеш ама доењето многу помага за превенција против рак на дојка и рак на јајници. Ако имаш малку млекце давај и да го исцица, подобро и за тебе и за детето што колку толку добива мајчино млекце. Сепак крајната одлука е твоја, како мислиш така прави.
мајки да ве прашам нешто дали ако ја намалам количината и бројот на моите оброци ке се намали количината или квалитетот на млекото? Сакам да се ставам на некој режим оти вака веке не оди ништо не ме собира да ослабнам малку, е сега дали исклучувањето на лебот соковите и благото ке направи проблем со моето млеко, и дали ако јадам само 2 пати во денот ке биде доволно да се создаде доволно млеко за син ми, оти сеуште е само на цицање, многу е мал да воведам нешто плус во исхраната.
Јас да ти кажам право не верувам во тоа што кажуваат јади здраво храни се пиј повеќе течности, чаеви, млеко итн.за да има млеко, искрено јас на почеток правев така ама немав многу млеко,постепено секој ден ми се зголемуваше се повеќе и кога почнав да имам доволно за оброк, син ми заспиваше на града и не сакаше да цица па така морав да се измолзувам со пумпа за да му давам со шише и така го пие млекото. Е сега друго шо сакам да кажам е следново, пред некоја недела немав апетит да јадам ништо, едноставно не ми се јадеше,неможев да јадам, со зорт јадев едвај нешто, не пиев течности ни млеко ма ништо ни ајдев ни пиев, се нервирав тој период за се и сешто, ме беше фатила таа постпородилната депресија, не спиев воопшто што е и нормално нели ( а за млеко да имаш треба да си наспиена,одморена,без нервози,стресови итн) и си велам толку од млекото, ќе ми секне и се измолзував најнормално секој ден, си имав млеко како и претходно. Овие 3,4 дена кога ми се врати апетитот, почнав да си јадам, овошје, салати, вода по 3 литри дневно, чај са доилки на хумана, павлака, јогурт,боза, безалкохолно пиво, значи се што е во врска да се има повеќе млеко го конзумирам и верувале или не, мене млекото ми се намали на пола, едвај 2 пати се измолзам највеќе до 80 мл и толку, нема ни капка повеќе ма што и да правам толку е, го ставам и на града да влече белки ќе се разработат повеќе млечните жлезди ама јок, џабе е И сега кажете ми во што е проблемот? Кога не јадев има толку многу млеко, а кога јадам и пијам течности немам воопшто, па зар е можно ова?
Нека биде само на цицање подобро за него и поевтино за тебе , туку за диетава да ти кажам ако држиш некоја строга диета ќе влијае на млекото биди сигурна. Затоа ќе земеш да јадеш здрава исхрана, исфрли го благото и лебот и јади повеќе зеленчук и овошје. Но треба да внесуваш многу течности, вода, чаеви, јогурт, млеко, ако можеш и цедени сокови за да имаш млеко, без течности нема млеко. И треба да имаш на ум дека ти со доењето трошиш 500 калории дневно и затоа не треба да бидеш на строга диета, туку на здрава исхрана. Сега кога ќе се стопли ќе го вадиш повеќе надвор и ќе пешачиш повеќе и ќе си дојдеш на нормала. И мој совет јади повеќе палента и овесни снегулки, тие не се многу калорични, лесно се варат, здрави се, а од нив ќе имаш повеќе млеко.
Јас не држам диета, ама и не внимавам и внесувам до толку како за време на бременоста. Почнав да се хранам нормално како да не дојам, задолжително појадок со јогурт, ручек со свежа салата и цвекло, навечер овошје и нешто благичко-без тоа не се може, и до сега немам проблем со млекото. Во ручекот гледам во неделата да имам 2 пати телешко, еднаш риба, ориз,компир и така. Освен повеќе вода, не внесувам ништо специјално за повеќе млеко, така што мислам дека треба да се ориентираш според својот организам и неговите потреби, нема потреба од форсирање со храната во име на поквалитетно млеко,доволно е да гледаш оброците што ги внесуваш да бидат квалитетни.
немора секогаш храната да е пресудна за создавање млеко како и негово намалување...течностите да а исто и стресот. јас откако се породив првите 4 месеци ништо не јадев никаква здрава храна никакво месо и риба или ако ги јадев тоа го правев со сила па количината на млекото воопшто не ми се намали и бебушот си цицаше колку му душа сака
мамички ми треба помош од едната града не можам да го извадам млекото а полна ми е и ме боли многу мајка ми вика дека каналите ми биле запушени јас се мачам да се измолзам ама тешкп оди,да не знаете што да ставам дека се мрднав веќе многу боли
ставај си топли облоги.крпа натопена со врела вода.тоа ќе ти ги отпуши каналите. на сите мајки им го препорачувам да ја погледнат емисијата за доење.многу корисна и поучна.мене ми ја врати самодовербата и надежта.http://www.youtube.com/watch?v=Fzo9-H1vlvI
Одма да се снабдиш со пумпица по можност електрична значи одма е читај ХИТНО и д аја измолзеш обавезно да мериш температура вечерва и утре рано сабајле детето да виси на таа града и не се вади од памет не мислам на мастит туку на застој на млекото ,ако дигаш температура по 1 парацетамол на секои 6 часа можеш да се напиеш консултирај се со некој за зелка д аставиш знам ставаат некогаш ама не сум сигурна дали е з атвојот случај за се друго претхдно што ти напишав сум сигурна
Само зелка и ништо друго..Јас од пред да добијам млеко уште во болница ставав и ме спасија од тие работи..Значи ќе ги истапкаш листовите од зелка, да бидат помеки и ќе ги држиш на градите..Држи ги цела вечер..Па после обавезно измолзувај се...
Споредба помеѓу мајчино и вештачко млеко: http://tvoebebe.com/DOENJE/sporedba-pom ... acko-mleko http://www.idividi.com.mk/stil/ishrana/788468/ http://www.idividi.com.mk/stil/zdravje/ ... index.html
пак ке кажам дека секоја мајка сака нејзиното бебенце да го дои, занеме дека тоа е најдобро, и јас сум цицала до 1,5 година, но за жал немаме сите млеко, па фала богу дека мора и да му даваме ад млеко... е сега какво е такво кога се мора се мора