1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.768
    Допаѓања:
    107.277
    Пол:
    Женски
    Женски кажете ми дали можам да се напијам Аугментин или Амоксиклав додека дојам??? Грлово ужасно ме боли а најдов во фиокава некои залутани апчиња а немам упаство , па ме интересира да не прави некој проблем на бебето? а грлово незнам дури кога дишам ме боли ;( позз
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.696
    Допаѓања:
    202.360
    Пол:
    Женски
    Мислам дека можеш да пиеш антибиотик додека доиш, ама овие се многу јаки... консултирај се со педијатар ако можеш, по телефон!
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.768
    Допаѓања:
    107.277
    Пол:
    Женски
    Еве ме пак мене , значи бев на лекар ми открија почетен стадиум на пневмонија па докторот ми препиша не пеницилински антибиотик , бидејки што е прејак го пијам еднаш дневно.Овие 5 дена имав температура 39 што не поминуваше лесно со 1-2 парацетамола па морав да пијам на секои 3 часа. Исто така пијам сирум и апче за желудникот. Но проблем се јави што докторот ми забрани 10 дена да дојам (+7 дена за да се исчистам од антибиотиков ) , па сега со керка ми си имам проблем. Ниту се смее , цело време кенка , бидејки не и давам да цица и ме влече по блузата ;( Навечер во 5ипол си легнува а сабајле цел ден спие. Јас сум си крива што ја научив навечер да спие со градата во уста.. ;( И дадов цуцла лажливка ја плука , денес отидов во аптека и земав млеко Новалак 2 , ниту од цуцла го пие , ниту од шише со клунче. И сега што да правам? Како тоа млеко да не пие? :envy:
    А инаку друго се си јаде супер поготово сега кога не и давам мајчино млеко. И кисело млеко и јогурт , ручек..
    Жал ми е вака што бидна ама па неможам без антибиотик недај Боже ако почекав уште некој ден можеше и во болница да одам.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.696
    Допаѓања:
    202.360
    Пол:
    Женски
    Штом нема да ја доиш толку долг период, најдобро ти е да ја одвикнеш сосема од цицање, мислам дека и' е веќе доволно за возраста. Ако јаде се друго не би требало да има проблем. Малку ќе биде тешко, со плачки додека да сфати дека нема веќе да цица, ама ќе се навикне. Инаку, не и е неа толку до млекото твое, колку до градата, јас гледам по син ми. Затоа и не ти пие ад млеко. И син ми не сака никакво млеко, само ова што го цица, ама и јас го одвикнувам, малку по малку... и со плачки сме по цела ноќ, кенкави, а дење си немаме проблем.
     
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.768
    Допаѓања:
    107.277
    Пол:
    Женски

    Па да и јас се мислам , и така веќе млеково не е како порано туку како по-бистро станува. Немаш појма како детево се смени ниту брбори , ниту сака да си игра , цело време лежи и ќути. И спие. :worried:
    Се надевам брзо ке и помине. А за јадењето сега кога не цица многу повеќе огладнува и потоа се ке изеде од јадењето ништо не останува..
     
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Мајки на колку време им давате/вте на бебињата да цицаат.Мојава е 2 месеци и се трудам да и давам на 3 саати ,ама кога има грчеви(а ги има многу) и давам и на 1,5-2 саати. Мислам дека е време да направиме некој ред ама не ми текнува ова со времево на колку,како :) Инаку да напоменам дека ако нема грчеви спие и по 3-3,5 саати (што би требало да е показател дека е сита) :^)
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.696
    Допаѓања:
    202.360
    Пол:
    Женски
    Па би требало да продолжиш да и даваш на три саати, а кога има грчеви не би требало да и даваш да цица, затоа што ја влошуваш состојбата. Млекото што претходно го цицала не е сварено, а се меша со ново млеко и тоа создава дополнителен проблем. Кога има грчеви стави и топла пелена на стомачето, или масирај ја во правец на стрелките на часовникот во ниво на папочето, евентуално давај и од капките против грчеви (Еспумисан, Коли Б, Саб Симплекс и сл.). На син ми му помагаше само масажата и топлата пелена, односно термофорче на стомачето.
     
    На crazylady и AIT им се допаѓа ова.
  8. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Знам дека некогаш со предвремено цицање ја влошувам работата,ама во тие моменти тоа ми е единствениот избор затоа што веќе ме фатило лудило од нејзиното плачење :x Лошо со доењево е што никогаш не сум сигурна колку она количински испила и нормално понекогаш си викам може стварно е гладна . Инаку знам дека имам доволно и квалитетно млеко зошто за 1 месец качува по 1100 гр.Единствено што не можам да им најдам крај на грчевите пробав се и чаеви и масажи и термофор и внимавам што јадам(скоро и ништо друго сем тестенини и млечни производи) и сега и давам Инфакол капки ,ама и тие бараат време. Ах што би било добро да имаме некој вграден мерач за тоа колку исцицало бебето :D
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.696
    Допаѓања:
    202.360
    Пол:
    Женски
    Е богами, навистина е тешко да знаеш колку исцицало кога реално не можеш да видиш. И те сфаќам, знам како ти е кога не можеш веќе ништо да направиш поради грчевите. Е јас тогаш го земав син ми на раце, свртен на стомак и му пеев... или му пуштав музика. Па некако ќе се смиреше. Трпение треба, ништо повеќе :)
     
    На captivating и AIT им се допаѓа ова.
  10. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Јас ќе ти кажам мое искуство ,моето бебче плачеше нон стоп јас го доев ама се роди 3 и 800 првиот месец ми качи околу 1 и 500 ,и плачеше нон стоп беше на градата,вториот месец 1,третиот месец 500,и нон стоп плачеше и сакаше да цица,воочивме со една педијатарка после шетање низ незнам колку педијатри и пиење на незнам уше какви капки за грчеви оти детето уствари е гладно,прво не верував но се уверив,не сакаше вештачки млека па од 4 мсеца почнав со крвјо млеко со кашички и детето почна да ми се подсмирува да си спие,така да мој совет проби вештачко млеко ако не кравјо млеко иако сите велат најдобро е мајчино млеко,ама јас тоа што го проживеав со син ми на никој не му го посакувам он гладен да плаче да не знааеш што му е мислејќи грчеви се и што ли не пробав не мачкање,не капки,сирупе,термофори и на крај гладно дете,не знам колкаво ти е детето но проби со вештачко,моето не ги прифана нито едно од нив,и со цуцлите имавме проблем не ги сакаше од ниедно шише и сега сме на нук само тоа го прифати што е како цице поздрав ако ти треба нешто совет пиши ке ти објаснам што и како сме биле
     
    На crazylady и AIT им се допаѓа ова.
  11. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Јас сум сигурна дека она е добро нацицана ,проблемот е во тоа што она грчевите ги добива на 2 саати од цицање и траат до 3-3,5 саати од цицањето ,а во исклучителни случаи и до 4. Затоа ми се јави недоумица на колку да и давам да цица,зошто многу е тешко да се издржат тие саат-два :( . Друго заради што сум сигурна дека не е глад е грчењето и претањето со нозе ,што апсолутно укажува на грчеви
     
  12. Nine25

    Nine25 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Со моето второ дете го имавме сличниов проблем т.е.значи проблемот од Елеонора Детево буквално само на града ми беше 3 месеци и само плачеше се виткаше абе да не знај што мака има :( и увидов дека не му е доволно моето млеко му се јади за жал не сакаше вештачко и моравме да почниме со дохрана и по извесен период се смири.
    И јас би те советувала ако бебето сака да пробаш со малку вештачо па да видиш како ќе биде На моите две деца грчевите им траеа до нивната 6 та недела Поголемото си го прифати вештачкото млеко и немавме никаква мака а помалово сеуште цица и + многу дохрана а ако ноќе не е добро вечеран имам проблем станува да цица на секој 5 минути :(

    И да мајката најдобро знае за најдоброто за своето дете :*
     
  13. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    AIT и јас те советувам да пробаш со вештачко млеко, колку и да си сигурна дека е најадено... можеш да погрешиш. Мојата братучедка имаше страшни проблеми со синчето, тоа не беше плачење тоа беше вриштење, детето не можеше да се смири, џабе го клукаа со разни капки два месеци, кога на крај испадна дека нејзиното млеко едноставно не му е доволно, т.е. воопшто не го храни. Е сега искрено не знам колку е нормално да напредува детето, но ова баш и не напредуваше нешто посебно многу, а и уште си е слабичко иако веќе има годинка ипол. Но сепак уште еднаш те советувам да пробаш. И обиди се со водичка со неколку зрнца ким, кои нормално ќе ги извадиш пред да му ги дадеш. Порано кога ние сме биле мали, самата храна која ја внесувале нашите мајки била различна, колку од бебињата имале сериозни грчеви?? Сега џабе е едноставно, самата мајка и да сака нема квалитетна храна која може да ја внесе за потоа и самото млеко да е доволно квалитетно, за жал!
     
    На crazylady и AIT им се допаѓа ова.
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.276
    Допаѓања:
    140.972
    И јас имав проблеми со доењето на ќерка ми.
    Имаше многу грчеви, и нон стоп цицаше, а тоа траеше два и пол месеци. А дека добро цицаше, напредуваше по 1100 месечно.
    И ја доев цело време, не успеав да се справам со тоа. На 2 и пол месеци почнав да и редуцирам, да ја дојам на 2, па постепено да стигнам до 3 саати, затоа што требаше да тргнам на работа.
    Се утепа од плачење тој период, и на 3 месеци грчевите и престанаа.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.696
    Допаѓања:
    202.360
    Пол:
    Женски
    AIT, ако убаво си напредува малата, ако си сигурна дека се грчеви, мислам дека нема потреба да пробуваш со вештачко млеко. Вистински гладно дете ќе се убива од плачење цело време, а не само во одредени периоди од денот, знам по син ми. Моето млеко не му беше доволно, уште првиот месец се покажа тоа, кога го меревме. Во првите пет дена дома качи 300г, а после стагнираше, плачеше тогаш цело време, и ноќе и дење и почнав со дохрана. Веднаш се смири и плачеше само кога имаше грчеви, а тоа беше само два-три часа дневно. Ноќе спиеше, одвај еднаш, до двапати ако се пробудеше за цицање.

    Инаку, квалитетот на млекото не зависи од тоа што јаде мајката - може и ништо да не јаде, па пак да има супер квалитетно и хранливо млеко. Јас се клукав со секаква храна, се што може да ми помогне да ми надојде млекото, освен она што може да предизвика грчеви, па пак немав доволно млеко, а само накачив на тежина.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    И моето бебче се грчеше ама не од грчеви од тоа што не му било доволно моето млеко и било гладно,така да грчевите ми рекоа дека не можат нон стоп да го мачат што и да јадеш,мојата другарка јадеше грав па детето немаше грчеви,ама нејзиното се роди помалечко и млекцето му стигаче,сега зависи твоето дете колкавко е дали сака повеќе да си цице,ако е така проби со вештачко млеко или евентуално ако е 4 мсеца и не сака вештачко со кравјо млеко тоа е мој совет јас така си го најдов спасот и моето бебче повеќе не плаче инаку бевме како некој хорор фил и јас и тој,тој имаше под очите подочњаци исто и јас од неспиење и нон стоп држење во раци ,така да само тоа ми беше спасот друго не знам што да те посоветувам
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека не би требало да и давам вештачко млеко затоа што сум сигурна дека се само грчеви.Тоа околу храната јас од пуста грижа на совест јадам само млечни производи и тестенини и повремено месо ,така јас се тешам дека со мојата храна не и правам дополнителен проблем. Инаку тераме сега на 3-3,5 саати со цицање односно ја оставам да исфрли се па и давам да цица па ќé видиме,морам да пробувам и измислувам нови начини за да и помогнам.
    Јас истиов проблем го имав и со син ми, него го држев на града 24/7(го врзував со марами за да ми бидат слободни рацете ) се до дента кога направи 4 месеци,кога утрото сам се одлепи :D и престана да плаче. Тогаш можев да си дозволам таков луксуз затоа што беше едно дете ,а сега е второ ...
    Во секој случај ви благодарам на сите и од срце ве поздравувам :*
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  18. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Дали некоја од вас има искуство со ваков тип на рачна пумпа за измолзување? [​IMG]

    Знаете ли да ми препорачате каде можам да купам ефтина рачна пумпа која ќе ми врши работа за повремени ситуации?
     
  19. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405

    грл1985 знам дека во Зебра во аптеката има рачна пумпа за 900 денари, мажот ми ја гледал не знам точно како изгледа.А електронските се од 3000 па нагоре.И јас мометално размислувам да земам некоја.Убаво би било некоја мамичка да сподели искуство со нас.
     
  20. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.212
    Допаѓања:
    259.985
    Пол:
    Женски
    Јас немам искуство но знам дека на предањето на клиника после породување докторката советуваше да не се купуваат електронски бидејќи биле многу агресивни, туку ако има портеба да се купи рачна пумпа.