Се породив протече колострум ама еве 12 саати не ми го даваат да го дојам се чистело уште повраќало. Ок ли е така?
И јас исто не го доев повеќе саати, зошто и моето повраќаше многу. Се породив во еден и дури другиот ден, сабајлето фати да цица.
Ке ти го дадат денеска сигурно, може не ти го даваат за да не го повраќа најубавото прво млеко, колострумот уствари. Јас немав колострум ни капка 3 дена, после 3тиот ден одеднаш ми надојде млекото до тогаш они му даваа...
Феминки помагајте! Имам бебе 6 месеци на 5 месеци му никнаа 2 запчиња доле (иначе го дојам) ми ја сокина брадавицата на едната града цела крв сум ми тече кога ме цица на таа града многу ме боле си купив маст ама не знам како ке биде сега се спремаат катните да му излегуваат тогаш веќе ќе ме изеде скрос многу сакам да го дојам ама планирам да го одбијам на 7 8 месец не знам дали е добро тоа не сакам да бидам од оние лоши мајки што не сакате да дојат ама многу ме боле едвај издржувам ве молам кажете ми што мислите ? што да правам ? позз
За катниците е рано, тие некаде после година и пол излегуваат. Кога ќе те гризне бебето, стави прст во устата негова и раздвој ги вилиците, тргни му ја брадавицата и извади ја. После пак понуди и види како ќе реагира. Ако само викнеш без да ја извадиш, може да мисли дека е игра, и да си продолжи. За да го научиш дека не треба да гризе, при секој негов обид ќе ја вадиш како што ти пишав. Бебињата учат на тој начин. Поголемиот син така ми направи на 6-7 месеци со првите запчиња, ама брзо сфати дека не треба така да прави. Малово уште нема заби, ама некаде околу 4-5 месеци знаеше со виличките многу силно да ја стегне брадавицата и многу ме болеше, па го примнив тоа што ти пишав погоре. Пробај, може ќе има ефект, не мора толку рано да го одбиваш од града само поради тоа.
Тоа го прочитав така да му ја вадам градата ама ме апе кога му правам така и после не сака да цица пак ке пробувам ќе бидам упорна не сакам да го одбијам ама многу е нервозен и пргав и некои работи за инат ко праве. Инаку ми кажа педијатарот дека караниците ке му излезат уште малце зошто бил многу напреден и мене кога сум била бебе сите ми беа никнати до година така да ништо не ми е чудно. Фала ви на советите
Мами абе бебчево некако ми се бунтува сака да цица само од едната града,кога ке го ставам на другата плаче се трга. Инаку пробувам да стиснам и има млеко не дека не, само се плашам дека се намалиува зошто веке не ме цица на таа града и сега кога ми надоаѓа млекото таа града не ми е веќе тврда како другата.
Со првата ќерка истото ми се случи. Си имаше омилена страна и упорно бунтуваше кога ја ставав на другата. Со текот на време на жалост целосно снемав млеко на таа града па доев само од другата до крај. Дали не бев доволно упорна и без доволно искуство за уште повеќе да инсистирам или само од таа почнало да снемува млеко не знам ни јас...
Мене во момeнтов ми се случува истото ама јас најдов зошто. Од градата од која не сака да цица имам мал мастит, грутчиња, што значи се запушилоо млекото малку и на бебо потешко му оди млеко и се нервира. А мене па очајно ми треба да влече, да ме подоправи, ама нејќе. Па така јас се масирам, ставам облоги, за да пројде. Провери негде да не ти е подзгрутчено, скраја да е, ама just saying.
Немам грутки еве сега се фаќам дури млитава е се нервирам ке пробувам упорно да не е фаза и се надевам ке помине ако во меѓувреме не го изгубам млеково Па незнам што се случи кај нас овие два дена вака ми прави до сега немав проблем, пробав и успан кога е да го ставам на таа града ама ништо
Дење/ноќе, успана/разбудена, во тивко/во бучни, во темно/во светло... јас се пробав. Нејќеше и нејќеше. Упорност во секој случај па ќе видиш како ќе се одвиваат работите.
Ако го доиш во лежечка положба, легни го на страната на омилената града, ти легни до него, дај му ја другата. Малку акробации, ама види дали ќе фати така. Би требало да успее.
Земи го во положба како да го ставаш на градата која ја сака и дај ја другата. Мојата понекогаш ја одбива левата, па ја земам во положба за десна града, полека ја лизгам накај лева и цело време така ја држам.
Мајки, дали некоја користела countrpain маст додека дои? Грбот ненормално ме боли овие два дена, неможам убаво да се исправам од болка и детето да си го кревам..прашав за оваа маст конкретно зошто неа ја имам, но ако знаете и некоја друга безбедна за време на доење би било супер.. Во упатството на counterpainot пишува за време на доење да се консултира лекар..па мислев некоја веќе да не знае
Мамички на колку време цицаа вашите бебиња на два ипол месеци.Моето цицаа на три часа но само по пет минути.Дали е доволно?