Ако не ти плаче после подој значи доволно му е. Исто правеше и мојава тој период. Ма да следува и скок во развој, така да се ги интересира освен цице. Си знае тоа колку му е доволно, ако не плачи - најадено е.
Фала ти на одговорот.Не плаче весело е ама јас се се плашам да Не му е малку оти Не цицаа повеке од пет минути,а не бара на помалку од три часа.
Моето така брзо цицаше, за 5мин нацицан, дури и прецицан... обавезно бњуцкаше, убаво напредуваше и немаше потреба за грижи поради краткото цицање, инаку исто на 2.5, 3 часа цицаше. Ако напредува значи доволно си цица
Сте се соочиле ли со кандида во доење, на града? Како се манифестира? Имам црвенило на едната града неколку дена и како ситни мали точкички црвени...не знам што е
Те чеша? Во моето брошурче за доење пишува дека за кандида треба да чеша и да се јавува силна болка внатрешно во града меѓу подои. Устата на бебо ја виде? Наслаги да не има? Треба да се мачкаш со нистатин ако е кандида. И него да го мачкаш. Мада и со сода можеш да ја измиваш градата за кандида. Мораш точно да прашаш за терапија за бебо оти префатлива е па да не си пренесувате цело време еден на друг. А тоа црвеното на града, меко е? Оти и кај мастит се јавува.
Па јас мислев од мастит е , уште мислам, ама дека малку ме чеша...тоа ми е мисла. Болки немам. Имам мали грутчиња шо ги масирам па проаѓаат , што пак оди на тоа дека е мастир. Устата на бебо не ми е нешто сменета, нормална е. Ќе одам денес на педијатар па ќе речам да го ѕирнат што ќе кажат. Јас ставам облоги зелка, ама сега ќе измијам и со сода и вода. Фала
Мајки дали користите дезодоранс, јас веќе девет и пол месеци како воопшто не користам стик или дезодоранс за под пазуви бидејќи кога се породив ми кажаа дека при користење може хемикалии да навлезат и во млекото, ве молам за ваши мислења и искуства бидејќи навистина чуствувам потреба за користење како што се затоплува
Цела зима не ставав од истата причина, сега како почна да се стоплува времето почнав да ставам кога излегувам од дома ама ептен по малку шприцнувам. Немам голем проблем со потењето, но за летово ќе побарам нешто на природна база.
Цело време ставам и не знам колку има врска тоа. Сега, нормално не ставам пред доење, ама па во текот на денот бар еднаш ставам уште од сам.старт, од болница кога се породив.
Купи си стик од кристален камен, во Зегин е некои 200-300 денари, нема хемикалии и спречува потта да мириса. Кај мене има ефект, и јас исфрлив дезодоранси за време на бременоста и доењето. Има и на Виши еден дезодоранс без хемикалии, ама бааги посолен, го немам пробано.
Јас ставам кристален стик на Балеа. Не мирисам, си потам нормално, ама мирис нема. Подобро тоа отколку класичен дезодоранс.
Да да ке го пробам кристалниот стик како што станува се потопло а и синко поактивен се повеќе потам и мирис почнувам да чуствувам мора да се бара чаре, фала ви
Mamicki ve molam za pomos od denes mi se stvrdna ednata grada me boli premnogu od pod pazuvi me stega nesaka da mi tece mlekoto I mi otezna mnogu.Ve molam za pomos imate li vakvo iskustvo
Мастит е. Ставај зелка. Туширај со топла вода,топли облоги да отпушти и молзи, масирај да ги отпушиш каналите. Давај на бебе да цица почесто на таа града, можда нема да сака зашто ќе му е тешко, ама настојувај. Масирај од под мишките надоле према брдавица, да го молзиш млекото.
Каналите ти се запушиле и си фатила мастит. Сега мораш бргу да делуваш за да не се инфицира па да завршиш со антибиотици како мене. Под туш и со топла вода масирај, колку можеш потопла да издржиш толку подобро. Исто можеш и над тенџере со вода што врие да масираш, едната рака од долу другата од горе и масирај во обратна насока, пареата најдобро ги отпушува каналите. Бебе почесто да цица на таа града, додека цица масирај со пластично шише наполнето со жешка вода. После подој ставај облоги од зелка, спиј со неа, до сабајле треба да е подобро.
Мамички кои физички активности се дозволени за време на доење? Мислам на вежбање и слично? Дали би имало некое влијание на млекото. Сакам нешто да вежбам, не можам да се поднесам вака, цел живот нешто сум вежбала, сега ми е некако шубе. за некој ден сме 5 месеци.
Доколку внесуваш доволно течности, не држиш и диети во текот на вежбањето може да си вежбаш без проблем, нема да има никакво влијание на млекото.. повеќе влијание би имала диета одколку вежбањето... мада доста доилки држат и диети, се зависи твоето здравје какво е, млекото си е исто Инаку јас доев и вежбав, почнав некаде исто на 5 месеци.. само на доење ми беше малото, немав проблем..